Како се топат калории додека си „заглавен“ во канцеларија?

ОД Credissimo МК | 13.07.2022
Како се топат калории додека си „заглавен“ во канцеларија?

Човечкото тело троши калории без разлика дали трчаш, работиш од канцеларија, возиш велосипед или спиеш.

Бројот на калории што твоето тело ги троши е поврзан со метаболизмот, т.е. со тоа дали имаш забрзан метаболизам што троши повеќе калории или забавен метаболизам на кој му требаат повеќе активности за да согорува повеќе, зависи од организамот.

Покрај поинтензивните физички активности и правилната исхрана со внесување помал број калории, друг начин на забрзување на твојот метаболизам се навиките што ги имаш додека не си физички активен, како и тоа што правиш додека си на работа.

Credissimo те потсетува за неколку здрави навики, кои ќе го забрзаат твојот метаболизам и трошењето калории додека работиш од твоето канцелариско столче, а се препорачани и од многу експерти.

1. Пиј зелен чај


Ако секое утро се двоумиш какво кафе да си направиш, можеби е редно време да размислиш дали не е подобро да го замениш кафето со зелен чај, еден од најдобрите чаеви за метаболизмот. Богат е со андиоксиданти како полифеноли, антоцијанини и различни типови флавоноиди, меѓу кои најважен е катехинот. Благодарение на овој флавоноид што се состои во зелениот чај, драстично повеќе се зголемува брзината на метаболизмот, така што телото согорува многу повеќе калории дури и кога не правиш ништо.

Покрај оваа супермоќ на зелениот чај, тој содржи и теанин, аминокиселина што ја подобрува работата на нервниот систем, ја намалува анксиозноста и ја подобрува меморијата.

Зелен чај

2. Носи си храна од дома


Храната подготвена дома драстично ќе го намали бројот на калории што ќе ги внесеш во твоето тело. Нездравите навики за консумирање брза храна во текот на паузите на работа, замени ги со здрави оброци, подготвени со неопходните нутритиенти, кои покрај тоа што ќе го намалат внесот на калории, ќе го енергизираат твоето тело и ќе ти ја дадат потребната свежина за сите активности во текот на денот.

И уште нешто, џвакај подолго. Научно е докажано од група лекари на Институтот за технологија и истражување во Токио дека бавното јадење и џвакање согорува 10 калории повеќе на секои 300 внесени преку храна. Ваквиот пристап може да ти „заштеди“ 2.000 калории месечно.

Храна од дома

3. Истегнувај го телото и движи се повеќе


Вкочанетоста е твојот најдобар пријател во часовите додека си на работа? Седењето во една позиција го намалува крвотокот, ги атрофира мускулите и го забавува метаболизмот. Ваквиот начин на живот може да предизвика многу несакани заболувања поврзани со кардиоваскуларниот систем, дијабетеси зголемена телесна тежина.

Наместо постојано да седиш, движи се повеќе и прави почесто вежби за истегнување, во седечка или во исправена позиција. Замени го лифтот со качување по скалите, посети ги твоите колеги наместо да им пишуваш или да ги побараш на телефон, седи на топка за јога наместо на класично столче, практикувај јога во канцеларија или прави клекни-стани потпрен на ѕид.

Истегнување на телото

4. Замени ги грицките со плодови и зеленчуци


Имаш лоша навика да „грицкаш“ додека работиш? Замени ги калоричните чипсови, бисквити и чоколади со здрави замени како јаткасти плодови, ситно сечкани зеленчуци или други овошја. На овој начин, освен што ќе ги намалиш непотребните калории што само ја намалуваат твојата енергија, ќе ги внесеш неопходните минерали што се кријат во јаткастите плодови, потребните витамини и природните ензими во зеленчукот и овошјето.

Доколку честото јадење јатки не влегува во твојот буџет, нискокалоричните пуканки се секогаш опција по која може да се посегне.

Овошје и зеленчук

5. Смеј се повеќе


Смеењето го зголемува бројот на калории што ги троши твоето тело. Покрај тоа што пријатно влијае врз расположението, ти помага и во согорувањето на калориите. Според едно истражување во далечната 2007 година, насмеаните луѓе трошат до 20% повеќе калории. Сепак, внимавај пред твојот претпоставен со прекумерната шега и смеа.

Смеа

Назад

Mëso më shumë

Me shfrytëzimin e ueb-faqes për kredi të shpejta credissimo.mk, ju i pranoni kushtet për 'cookies' nga ana jonë. Me ato ne e përmirësojmë cilësinë e shërbimeve tona.