Најбараните и најдобро платените професии во иднина

Најбараните и најдобро платените професии во иднина

Светот драстично се менува, а со тоа се менуваат и сите случувања, процеси и начини на функционирање во него. Со цел да се одржи развојот во општеството се забележуваат и секојдневни промени во работните позиции и начинот на функционирање на работниот процес. Дел од професиите стагнираат, а има и такви кои што се во изумирање т.е. за нив нема скоро никакво побарување на пазарот на човечкиот труд.

Сепак, постојат професии во кои постои дефицит и за кои се смета дека во иднина ќе се повеќе барани и платени.
Кои работни позиции мислиш дека се тренди и воедно професии на иднината, нешто во кое што треба и вреди да се инвестира? Ова е листата со најбарани работни позиции кои што ќе бидат најбарани во наредите неколку години.

Лекар

Медицински работници

Пандемијата само не потсети колку голема е важноста на здравствените работници во општеството. Побарувачката за лекари, медицински сестри, психолози и други здравствени работници е се поголема на пазарот на трудот, а ќе се зголемува и во иднина.

Овој тип на кадри не можат да се заменат како што се заменуваат други традиционални работни места кои што често наоѓаат замена со најразлични автоматизации на работните процеси. Емпатијата и вештините на здравствените работници се незаменливи.

Индустриски инженери

Индустриските инженери се занимаваат со оптимизација и ефикасност. Тие користат математика, статистика, наука и инженерски принципи за да ги проценат потребите на луѓето, системите и процесите во рамките на бизнисот.

Нивната важност за бизнисите е oд особена важност, бидејќи тие имат за цел да ги одржуваат трошоците ниски, продуктивноста висока и да ги постигнат организациските цели. Исто така ваквиот тип на кадри на ефективен начин интегрираат системи и процеси потребни за создавање на производ или услуга. Во оваа индустрија постојат разни под-индустрии во кои можеш да се пронајдеш, но според многу истражувања една од најдефицитарните позиции ќе биде онаа во агри-културата поради недостигот од храна во блиска иднина.

Блокчејн инжинери

Блокчејн инжинери

Блокчејн технологијата е начин на трансакции на пари, во која преку сајбер-безбедни софтвери ќе се гарантира сигурноста на плаќање преку паметни телефони и компјутери. Овој тренд има потенцијал да ги загрози досегашниот начин на плаќање преку кредитни и дебитни картички, а искористеноста на оваа „поле“ е се уште многу ниска.

Инжинерите кои ќе бидат потребни во оваа индустрија ќе треба да имаат многу знаење, имагинација, флексибилност и иновација во интегрирање на новиот начин на плаќање во деловните практики.

Научници за податоци

Дали знаеш дека во светот во моментов постојат 2,5 квинтилиони бајти (милијарда милијарди е 1 квинтилион) кои доаѓаат од паметни телефони, компјутери, трансакции, сензори, софтвери и тн... секој ден?Научниците за податоци (data) требаат да ги анализираат овие податоци, да ги пронајдат навиките, практиките и информациите кои на бизнисите ќе им обезбедат информации како да ги намалат трошоците, да ги зголемат приходите и да ја максимизираат секоја дневна операција.

Звучи интересно? Да, донесувањето одлуки врз основа на верификувани, собрани и добро обработени податоци ќе биде вистинскиот начин на функционирање на бизнисот.

Вештачка интелигенција

Вештачка интелигенција (Artificial intelligence)

Дали забележуваш колку светот околу тебе се автоматизира и роботизира? Доколку на времето некои работни позиции беа исклучиво менаџирани од страна на човечки фактор, веќе голем дел од дневните задачи кои ги правиме се целосно автоматизирани и заменети со вештачка интелегенција.

Имплементирањето на вештачка интелегенција во бизнисите и во секојдневието ќе отвори милиони работни позиции насекаде низ светот. Физичката работа на човекот ќе се замени со роботиката, но менаџирањето на овие процеси нема да биде возможно без човечкиот фактор. AI (Artificial intelligence) индустријата ќе биде една од најбрзо растечките и онаа со највисоки примања. Можеш да размислиш за реализација со некоја професија и во таа индустрија.Инвестирај разумно во себе! Образованието е најдобрата и најисплатливата инвестиција. Ако треба да одлучиш што да учиш се надеваме дека ти помогнавме во изборот.

Ако треба да му помогнеш во изборот на професија на твоето дете се надеваме исто дека успеавме да ти дадеме некаква претстава за тоа како ќе се одвиваат работните процеси во блиска иднина

Доколку веќе го имаш пронајдено твоето идно занимање или веќе имаш професија и работиш, но имаш потреба од дополнителна обука или квалификација, нашите кредити можат да ти помогнат да внесеш новитет во твојата иднина.


Работи го она што го сакаш со љубов и голема посветеност, бидејќи само така ќе бидеш поразличен и ќе имаш можност да се истакнеш од останатите на пазарот на трудот.



Врати се назад

Прочитај повеќе