Транспортни загадувачи и нивните алтернативни средства

Транспортни загадувачи и нивните алтернативни средства

Сѐ уште на повидок не можеме да ги видиме летачките автомобили кои воопшто нема да го загадуваат воздухот и средината во која што живееме. Но, дотогаш, ајде сите да вложиме мал напор во менување на дневните навики и да успееме да направиме завртување од 180 степени кога е во прашање транспортот кој го користиме и неговото учество во емисијата на штетни гасови. 

Дали знаеш колку загадува твоето транспортно средство кое го употребуваш секојдневно за извршување на дневните обврски? Сите ние придонесуваме за зголемување на загадувањето на воздухот кој го дишеме, а недостасува толку малку за истото да го промениме.

Како да не го загадуваш воздухот?

АВТОМОБИЛ

Автомобилот и понатаму е најчестото превозно средство кое се користи кај нас и насекаде низ светот, а според истражувањата на Американската агенција за животна средина, дури 29 % од штетните емисии на гасови во светот доаѓаат од автомобилите, правејќи го најштетниот сегмент од превозните средства. Со овој текст не сакаме да те насочиме кон целосно отфрлање на автомобилот за твоите транспортни потреби, туку да се намали неговата употреба во оние денови кога може истиот да се замени.

АЛТЕРНАТИВА: ЈАВЕН ТРАНСПОРТ / ПЕШАЧЕЊЕ / ВЕЛОСИПЕД / СПОДЕЛЕН ТРАНСПОРТ

Користењето на јавен транспорт еден ден, пешачењето друг ден, возењето велосипед или споделувањето на транспортот со твоите колеги или пријатели значително може да го намали користењето на твојот автомобил. Не само што ќе заштедиш на гориво, туку и ќе создадеш нова рутина која е многу позабавна од завртување на клучот и градскиот метеж.

Avtobus

АВТОБУС

Според Херв Мацони, експерт за јавен транспорт со искуство повеќе од 40 години, автобусите загадуваат 40 % помалку од автомобилите. Па така, доколку еден просечен автомобил испушта 218 микрограми на 1 m3 за еден час, автобусот испушта 140 микрограми. Доколку еден автомобил испушта 3,4 микрограми на 1 m3 за еден час, автобусот на фосилни горива испушта 0,5 микрограми за истиот временски интервал.


Дефинитивно, автобусите во загадувањето на воздухот учествуваат со помал процент којшто го дишеме, но тие и понатаму загадуваат. Насекаде во светот, па и кај нас, тренд е овие автобуси да се заменат со автобуси кои користат ТНГ или хибридни решенија кои загадуваат десет пати помалку, но во меѓувреме додека не е возможно тоа, алтернатива за автобусите има.

Velosiped

АЛТЕРНАТИВА: ВЕЛОСИПЕД

Велосипедот е најзеленото превозно средство кое човекот до сега го измислил. Не загадува, не е потребно никакво погонско гориво, лесно и евтино е за одржување и е здраво за користење.

Сѐ поголемата инфраструктура на патиштата за велосипеди го прави ова превозно средство најатрактивно за користење и сѐ подостапно, а доколку имате поголем проблем, лесно и брзо може да се замени.

Користењето на велосипед е лесно приспособливо на секакви временски услови, а влијае позитивно на физичкото и психичкото здравје. Ја засилува кондицијата, кардиоваскуларното здравје, влијае позитивно на коските и лигаментите и мозокот добива повеќе кислород правејќи те уште покреативен и со повеќе енергија.

СКУТЕР/МОТОР

Можеби се забавен начин за транспорт и можеби мислиш дека се „позелен“ начин на транспорт од автомобилите, бидејќи трошат помалку гориво, но последните истражувања докажуваат дека моторите се поголеми загадувач од автомобилите. Во просек, моторите трошат за 28 % помалку гориво отколку автомобилите, но испуштаат 30 % повеќе карбон диоксид.

Trotinet

АЛТЕРНАТИВА: ЕЛЕКТРИЧЕН ТРОТИНЕТ

Електричните тротинети испуштаат 0% штетни издувни гасови во животната средина и не предизвикуваат ефект на стаклена градина. Сѐ подостапни се како низ светот, така и кај нас и се многу „потренд“ отколку стандардните мотори и скутери кои секојдневно ги гледаме на улиците. И несомнено, електричната енергија која е нивно погонско гориво и понатаму е со пониска цена отколку фосилните горива.

Доколку немаш електричен тротинет, но имаш огромна желба да имаш, би можел лесно да добиеш ако аплицираш за кредит до 120.000 денари. Со секој одобрен кредит стануваш учесник во нашата зелена наградна игра, во која доделуваме четири тротинети во извлекувања на секои две недели, како и неделни награди од 5.000 денари.

Биди „ИН“, користи зелен транспорт и вклучи се директно во заедничката битка против загадениот воздух кој го дишеме.



Врати се назад

Прочитај повеќе