Заработете повеќе отколку што трошите

Заработете повеќе отколку што трошите

Зголемувањето на приходите е најдиректниот метод на обезбедување балансиран буџет. Вистината за тоа како се заработуваат пари не е ниту комплицирана ниту тајна. Сепак, за многумина тоа претставува мистерија што не можат да ја решат целиот живот. Tрудот секогаш се исплати, но доколку го насочиш во вистинска насока, тој е многу поисплатлив.
Многумина се талентирани и сакаат да работат за да си ја подобрат материјалната состојба, но не знаат што да работат. Многумина одлучиле да започнат сопствен бизнис и сакаат да преземат иницијатива, само не знаат од каде да почнат.
Да се разбереме, парите не растат на дрво, затоа мора да најдеме начин или да заработиме повеќе или да научиме да штедиме. И едното и другото се во наша корист.

Бидете вредни и упорни

Ако имате потреба од повеќе пари, а знаеме дека имате (кој нема), најдете уште една работа или, пак, хоби, но нормално - да биде платено. Одвојте од времето што сте го планирале за кафиња и за гледање филмови и вложете во нешто корисно, нешто што ќе ви донесе плус пари. Разгледајте и започнете со еден од многуте начини на заработка преку интернет. Креирајте блог, предметите и работите што веќе не ви се потребни, а сè уште се функционални, продадете ги онлајн, станете хонорарен работник на интернет со тоа што, на пример, ќе направите фејсбук-страница на одредена фирма или, пак, веб-страница. Ако имате желба да работите за поголема финансиска моќ, ќе најдете многу начини. Имате ли некаков талент? На пример - убаво да цртате, да изработувате скулптури од разновидни материјали, имате убав глас или знаете да свирите на инструмент. Не дозволувајте вашиот талент да биде залудно потрошен. Бидете храбри и најдете начин да го искористите, без срам и без страв, тоа е најбитно, останатото само ќе си дојде.
Сепак, има и такви на кои им е доволна една работа, друга не сакаат затоа што им изгледа премногу или, пак, немаат време. Тогаш, организирајте го вашиот буџет.

Направете план

Запишувајте си во тетратка или почнете да водите дневник за тоа колку заработувате, а колку трошите.
Поентата е да заработите повеќе отколку што трошите. Ако немате голема плата, треба да се откажете од некои работи, барем во одреден период.
Намалете ги секојдневните дружби на кафе. Поканете ги вашите пријатели дома и испијте го кафето со мубает и смеење исто како да сте во кафе-бар.

Не јадете надвор

Не трошете ги парите залудно на храна од надвар ако немате потреба. Пред да излезете, јадете дома, гответе си дома и однесете си од зготвеното на своето работно место. Кога е времето убаво, немате потреба да влегувате во вашиот автомобил и да трошите гориво. За вас е поубаво да пешачите, да бидете малку на чист воздух или да се повозите со вашиот велосипед и воедно да го избегнете градскиот метеж.
Битно е да ги разгледате и најситните детали за кои никогаш не би помислиле дека можат да ви помогнат да дојдете до повеќе пари.
Од друга страна, за да не размислувате колку пари ќе потрошите, имате опција за брз кредит од Credissimo, кој ви дозволува да бидете опуштени во трошењето и да не барате втора работа, само да уживате.
Како што гледате, има многу начини за повеќе пари, ваше е да одлучите што најмногу ви одговара.



Врати се назад

Прочитај повеќе