10 најитнересни причини за аплицирање за брз кредит.

10 најитнересни причини за аплицирање за брз кредит.

Како би потрошиле случајно најдени 100 евра? Ќе ги сметате како подарок, кој ќе го искористите да си ги остварите желбите за кои немате средства? Или ќе ги распределите разумно на некои од Вашите долгови, без да летате во облаците? А можеби ќе ги заштедите?


Тоа е тешко прашање кога детето во вас сака едно, а разумот Ви вели друго. Ти си некаде во средината и треба да го избереш најдоброто решение, коешто понекогаш изглеа и скоро невозможно.
Еден од основачите на САД, Бенџамин Франклин, кажал дека предноста на имање пари е тоа што може да ги трошиш. Можеби имал во предвид разумно трошење, затоа што еден од неговите совети е: Не троши на празно! А можеби го мислел точно спротивното на тоа, според овој цитат: „Богатството не е на тој којшто има пари, а на оној кој му се насладува“.
Толкувањето го оставаме на Вас, а начините на трошење на парите се во ист број со луѓето на Земјата. За некој е важно да ги угодува, друг не би потрошил ни денарче за забава и задоволство. Додуша вторите се вистинска реткост.
Навикнати сме дека, ако човек побара кредит, тој сигурно имал сериозна причина за тоа. Ви подготвивме расказ со најинтересните причини за кои луѓе аплицирале за кредит. Некои од причините се трогателни, некои смешни, а трети… е третите најискрено звучат глупаво, но сигурни сме дека имале добра причина, за која неможе да претпоставиме. Сите од причините се вистински.

 

1. Драга, дојди кај мене!

Тој случај е од Македонија. Се почесто се случува еден од членовите на семејството да замине во странство – дали затоа што сака да си отиде засекогаш или да заработи пари и да се врати. Многу луѓе аплицираат за кредит, за да можат да си го финансираат заминувањето во странство и тоа воопшто не е реткост. Интересен пример е кога мажот аплицира за кредит, со молба да му го одобрат за да го плати патот за сопругата во Шведска кај него. Патувањето веќе е планирано и организирано, трошокот е покриен со странската плата. Но работодавачот непредвидливо закаснува со исплата и заминувањето на сопругата е блиску до пропаст. Затоа понекогаш за модерна романтика ни е потребен кредит.

 

2. Љубов со пари не се купува.

Кој го тврди тоа? Кредит за скап подарок, вечера во скап ресторан, задоволување на женски каприци. Единствен проблем е ако девојката на крајот не е благодарна за трудот на мажот, и на крајот тој да си остане само со ратите за плаќање. Има и малку поубави причини за земање кредит, како финансирање на свадба или (тоа е вистински цитат): “За првата бременост со жена ми“ Колку мило, мажот се соживува со бременоста!

 

3. Неверството води до банкрот.

Да, тоа е факт. Некои луѓе земаат кредит за еден друг начин на љубов. Истражување на телевизискиот канал CNBC покажа дека некои луѓе сакаат да ги финансираат своите љубовници, да им плаќаат сметки, да им купуваат скапи подароци и да им букираат скапи хотелски соби. Средно статистички изневерата чини 444$ (25 000 денари) на месец во Америка.

 

4. Дај ми развод...

Ако сакајте верувајте , но во Канада има фирма која што е специјализирана во одобрување на брзи кредити за развод. Со него двете страни можат да си ги покријат судските трошоци после разводот. Фирмата нуди и кредити за посредништво за дветете срани да можат да се разведат побрзо и полесно.
До тука веќе имаме еден цел животен пат на кредитот – од првата средба, преку свадбата и бременост, изневерување па се до развод по заедничка соогласност. Но некои луѓе не би биле среќни со толку мирен изход;

 

5. Кредит за убиство.

За среќа не постојат такви специјални понуди, се надеваме никаде низ светот. Но сепак и никој не ве прашува што правите со парите нели?
Во мај оваа година Луиџи Дали од Манчестер, беше осуден на доживотен затвор. Тој беше осуден за убиство на партнерот на неговата поранешна девојка. Луиџи неможел да го поднесе разделувањето со Џоана Блијч, која го оставила после домашно насилство. А откако си нашла нов партнер, најверојатно му дошло преку глава. Тој најмил двајцата поранешни затвореници кои го извршиле убиството. За да им плати земал брз кредит от 1000 фунти.
Доста беше со ужасни приказни, време е да си позбориме за:

слатки заспани кучиња

6. Мали слатки кучиња, мачиња, хрчаци, риби...

Во САД постои процедура за поднесување на банкрот за физичко лице, кадешто лицето ќе биде ослободено од дел од долговите. Адвокатската канцеларија од Розуел, Џорија, раскажува за случај, во којшто требало да обработат банкрот за маж кој влегол во кредитен слободен пад поради… своите домашни миленици. Човекот чувал 43 животни, меѓу кои кучиња, мачиња, птици, змии, кози, коњ и глувчиња. Тоа навистина се многу грижи и храна.
Многу компании во САД и Велика Британија нудат брзи заеми за собствениците на домашни миленици, коишто најчесто аплицираат поради ветеринарни трошоци, во случај да немаат здраствено осигурување на мачето, кучето или игуаната, бидејќи таму има и таква услуга.

 

7. Малите сладки дечиња.

Нивните “жртви“ најчесто се самохраните мајките, според статистиката. Нема да бараме психолошка причина зошто тоа е така, бидејќи фактите објаснуваат. Една мајка земала кредит и ги потрошила парите за да однесе своето дете за 7миот роденден во Дизниленд. Друга мајка го направила истото, но таа го однела детето на викенд во луксузен хотел, за да си го прослават крајот на учебната година.
Пред три години медиумите во Англија објавија случај на Кејти Макгил – невработена самохрана мајка од мал град од општината Вилшир. Кејти земала брзи кредити во вредност од 1700 фунти, од вкупно осум компании. Со парите таа си купила многу божиќни подарици, за нејзините две деца, како и нов телевизор и DVD плејер. Откако се “освестила“ од божиќниот делириум. Кејти изјавила дека нема да ги исплати кредитите и дури ги обвинила фирмите коишто и дале кредит со аргумент дека ја одобриле без да и ја проверат финансиката состојба.
Ако мислите дека мајките се заслепени од фактот дека треба да им пружат се на децата, прочитајте го следното:

 

8. Мајка ми е зависна.

Во радио емисија на американскиот финансов консултант Дејвид Рамзи, се јавуаат секакви луѓе со парични проблеми и бараат совет. Еден ден се јавил Рони од Лос Анџелес и прашал: Што да правам со мајка ми, која е 74 години, има добра пензија, но без разлика на тоа постојано зема брзи кредити. Жената се оправдува пред нејзините деца дека тие пари и требаат за многу важни работа, на пример операција на очите. Но всушност средствата одат во скроз друга насока – за многу непотребни работи. Одговорот на Рамзи е дека, однесувањето на старицата е како на човек кој е на наркотици – таа просто е зависна од брзите кредити и не и треба финански специалист, него лекар. Во интерес на вистината, Американското биро за заштита на потрошувачите наскоро предупреди дека многу од корисницте на оваа финански услуга се однесуваат како зависници. Тие се просто несреќни, ако немаат барем еден брз кредит.

 

9. Погрешна инвестиција

Многу луѓе земаат брзи кредити за да си ги подмогнат своите бизнис. Сигурно така мислат и тие коишто земаат кредити за да ги прокоцкаат парите во казино. За нас зборот “коцкање“, во нивниот ум сигурно преставува форма на инвестирање, преку која ќе го добијат големиот џекпот.
“Син ми е зависен, зема кредити и не ги враќа. Што да правам?“; “Имам пријателка која што е страстен коцкар. Започна да зема кредити и тие пари ги троши на онлјан коцања. Ве молам кажете ми како да и помогна?“; “Мене ми се плаче додека го пишувам ова, кажете ми како да му помогнам на човекот којшто го сакам?“ Ова се дел од исповеди на македонски форуми, каде што луѓе бараат помош за своите најблиски. За среќа има експерти и специјалисти кон кои може да се обратите, ако и вие познавате човек со таков проблем.

 

10. Доста е со глупости, ајде малку повесело!

Се разбира дека има и забавни начини да ги потрошите Вашите пари без да се сметате дека било бескористно. Еве ви пример:
Вашиот омилен бенд или пејач доаѓа во Македонија, а Вие немате пари да си купите карта за концертот (или кога имате, тие веќе се купени). Тоа е правилниот момент кога може да си аплицирате за кредит Кредисимо до плата. Сигурно не сакате да Ви е криво, секој пат кога ќе си ја слушнете омилената песна? Секако дека постојат и реални ситуации кога луѓе аплицирале за кредит со цел да си купат карта за концерт.
слика со телефон од концерт
“Сакам да си купам мотор – крос, кој чини 30 000 денари, но ми недостигаат пари.“ На прв поглед звучи како лудост, но всушност не е толку лоша идеја. Возењето со мотор е многу побрзо и секако удобно. Конкретно офроуд со крос е одлично хоби, спорт и причина за спријателување со интересни луѓе. Така да, зашто да не?

И на крај: Живејте си го животот како сакате и трошете разумно! Можеби веќе имате идеја што да направите со 100-те евра од почетокот на статијата. Размислете пак.



Врати се назад

Прочитај повеќе