Искуси го „La Dolce Vita“ од прва рака!

Искуси го „La Dolce Vita“ од прва рака!

Дали знаеш што значи „La Dolce Vita“? Според Италијанците, животот е премногу краток за да не се ужива бавно во него, имајќи ги најслатките нешта достапни во секое време. Во буквален превод, „Слаткиот живот“, според нив е достапен дење и ноќе во Италија.

Земјата на кафето, на пастата, на највкусните кашкавали, на виното, на сладоледот, на уметноста, на модата, на историјата, на синото море и на бавниот живот. Италијанските пензионери велат дека животот во Италија е побавен благодарение на долгите ручеци, вечери, аперитиви. Тие, како што многумина се фалат, немаат будилници кои ги будат рано наутро, бидејќи обврските самите прават да се чувствуваш непријатно во животот.

Во продолжение на овој текст ќе ги опфатиме сите аспекти на „Слаткиот живот“ и што всушност го прави специфичен и автентичен животот само на „чизмата“.

1. Италијанската уметност и историја

За сите вљубеници во уметноста и историјата, Италија е „Мека и Медина“. Италија е епицентарот на светската уметност, а доколку и тебе те привлекуваат истите работи, имаш мнооогу што да видиш и да се воодушевиш. Од римската праисторија, до ренесансата во Фиренца, барокот, Ватикан и неповторливите дела на Микеланџело, Леондардо да Винчи и Рафаел. Во кој и дел од Италија да престојуваш, сѐ што треба е да ги пребараш безбројните галерии во твојата близина и да се восхитуваш уште повеќе на уметноста и всушност пред колку многу години тоа дело било направено.

 

Италијанска пица

2. Паста, пица и највкусната локална гастрономија

Пробај да замислиш патување во Италија, а да не вкусиш свежо направена паста или штотуку испечена наполитанска маргарита пица? Не оди, нели? Гастрономијата е светост во Италија, бидејќи таму секој ден започнува со „што ќе јадеме за ручек“, или „што ќе има за вечера“? Ручекот и вечерата се светол чин за Италијанците, каде што се собира семејството, а „ноните“ или по „нашки“ најстарите дами подготвуваат едно големо тенџере со вкусна паста или локален традиционален рецепт од кој сите се послужуваат.

Она што насекаде се продава како италијански луксуз, таму е секојдневие. „Кучина повере“ или „кујната за сиромашни“ е нивната гордост, каде што се ужива во пицата, со доматен сос и кашкавал. Толку. Без никакви додавки, мегаломански состојки и скапи додатоци. Нивен „ореол“ е едноставноста во рецептите.

 

3. Најживописниот брег на светот

Упатувајќи се кон југот на Италија, ќе стигнеш до брегот на Амалфи и синото тиркизно Тиренско Море. Таму како бисер на бреговите се наоѓаат Амалфи, Поситано, Салерно, Портофино, Капри, Неапол. Ексклузивни предели кои се гордоста на италијанската ривиера со фасади кои имаат безброј бои и кои го прават ова крајбрежје уникатно како никое на друго место.

 

Италијанска мода

4. Каде е модата, таму се и Италијанците

Милано е престолнина на модата, засенувајќи ги големите градови како што се: Лондон, Њујорк и Париз. Според многу модни креатори, доколку новото дело не го промовираш на модната недела во Милано, немаш ремек-дело кое ќе го воодушеви светот. Најпознати се: Домот на Версаче, Вог, Армани, Долче и Габана, Прада и многу други. Миланските улици на модата кријат парчиња со повеќе од шест нули на нивната цена.

 

5. Кафе и аперити во културата во Италија

Исто како и кај нас, во Италија се претпочита вкусно кафе со пријателите, аперол со најблиските или чаша вино со некого со кого одамна не си се видел. Според статистиките, еден просечен Италијанец не пропушта ниту еден ден во годината да направи пауза со пријател, роднина, познаник во некој кафе-бар. Тоа е нивната гордост, нешто за што веруваат дека никој не може да им го одземе. Можеби и затоа Starbucks имаат само еден кафе-бар во градовите и може да се најдат само на аеродромите каде што претежно се наоѓаат туристите.

Ние наведовме само 5 аспекти на „La Dolce Vita“ во Италија, а сигурни сме дека има уште безброј други. Доколку сакаш твоето следно патување да биде токму во земјата на азурите, сѐ што треба да направиш е да аплицираш за кредит на следниот линк и да се вклучиш во нашата наградна игра, во која покрај патување во Италија доделуваме и џепарлак и многу други неделни и месечни награди.

 



Врати се назад

Прочитај повеќе