Највредни валути во светот за 2017-та

Највредни валути во светот за 2017-та

Во овој нестабилен свет малку се стабилните материјални вредности. Никогаш не се знае каква ќе биде природата на следната глобална економска криза и како можеме да го заштитиме она што го поседуваме, а да не се намали неговата вредност. Сепак инвестициите во валути се една од достапните и релативно сигурни опции.

Ви претставуваме највредните валути во светот до 2017 година. Под вредни не значи скапи, а значи дека се доволно стабилни и со низок ризик од широки флуктуации во курсот. Тоа, се разбира, зависи во најголема мера од силата на економијата на соодветната земја. Често и политичките процеси можат да бидат причина за девалвација или обратно - поскапување на одредена валута. Може да се изненадите, но Американскиот долар не фигурира во првите десет.

10. Брунејски долар

брунејски долар

Брунејскиот долар е воведен во оптек во 1967 година. Се користи како во Брунеј, така и во Сингапур. Иако мала држава, Султанство Брунеј има доста силна економија. Поголемиот дел од бруто домашниот производ на земјата е формирана од екстракција на нафта и природен гас. Тоа е четврти по големина производител на нафта во Југоисточна Азија. Земјата го зајакна и туризмот со основањето на Кралските брунејски авиокомпани во 70-тите години на минатиот век. Неслучајно целосното име е Негара Брунеј Дарусалам, што значи Куќа на мир и спокојство. Кон моментов валутниот курс за еден брунејски долар е околу 42 денари.

 

9. Сингапурски долар

сингапурски долар

По прогласувањето на независност на Сингапур од Велика Британија во 1965 година сингапурскиот долар е врзан прво за фунти, а потоа за американскиот долар. Дури 20 години подоцна валута станува самостојна, а нејзината вредност нагло се зголемува, бидејќи Сингапур е глобален бизнис центар. Сингапурскиот долар вреди околу 40 денари.

 

8. Австралискиот долар

австралискиот долар

Австралиската економија е меѓу најпросперитетните и го има највисокиот кредитен рејтинг ААА. Владата дури најави дека во наредните 3 - 4 години има намера да го изведе буџетот на вишок - за првпат по кризата од 2008 година Иако доживеа потешки времиња, сепак, Австралија не паднала во рецесија од 1991 година и економијата трајно расте. Австралискиот долар освен стабилен, е и интересен со фактот дека со децении банкнотите се направени од полимер - практика која допрва влегува во други држави. Во моментов се тргува за околу 41 денар.

7. Канадски долар

канадски долар

Канада е следна на листата, и патем земјата исто воведе полимерни банкноти во 2011 година. Канадскиот долар е шестата најмногу тргувана валута во светот и неговата вредност е околу 40 денари. Економијата во последните години расте трајно, невработеноста е ниска, а неодамна и трговијата се врати во суфицит.

 

6. Швајцарскиот франк

Каде без него. Курсот на швајцарскиот франк спрема македонскиот денар е околу 56 денари, а тешко некој би поставил под прашање моќта на оваа валута. Швајцарија е индустриски центар за гиганти од различни сфери - технолошка, прехрамбена, банкарската. Земјата редовно е во првите места на голем број листи - за најконкурентна економија, за воведување на иновации, број 1 е во квалитет на инфраструктурата и др.

 

5. Евро

евро

Се разбира дека единствената европска валута е една од најстабилните во светот, иако не е во првата тројка. Едно евро изнесува околу 61.5 денари.

 

4. Британска фунта

британска фунта

Британската фунта во моментов се наоѓа на петтото место по стабилност, но валута веќе почнува да страда од можноста Велика Британија да излезе од Европската унија - т.н. Брекзит. Очекувањата се, ако ова сценарио се случи, британската фунта ќе се сруши. Никој не може да каже со колку, но милијардерот Џорџ Сорос даде прогноза дека ефектот ќе биде потежок од "Црната среда" од 1992 година. Загубите од падот на паундот тогаш биле пресметани на 3,4 милијарди фунти ...

 

3. Оманскиот риал

оманскиот риал

Цената на Оманскиот риал е околу 143 денари! Иако мала како нето вредност економијата на Оман е силна заради нафтената индустрија, производството на природен гас, благородни метали и туризмот.

 

2. Бахреински динар

бахреински динар

Еден Бахреински динар може да се купи за околу 146 денари. Економијата е една од најбрзо растечките во арапскиот свет, повторно поради нафтениот бизнис и односите со Саудиска Арабија. Земјата има и многу силно развиен банкарски и финансиски сектор. Бахреин е доста напред во рангирањето за економска слобода, а пред неколку години потпиша и договор за слободна трговија со САД. Во Бахреин работодавците не должат данок на доход, што е атракција фактор за инвеститори.

1. Кувајтски динар

кувајтски динар

Кувајтски динар е уште една валута, чија сила се базира на нафтената индустрија. Во 2015 година стана најскапата валута во светот. Сега можете да си купите еден кувајтски динар за околу 181 денар. До 2007 година валута беше обврзана за американскиот долар. Минатата година се зборуваше за потешки времиња за кувајтската економија поради намалените цени на нафтата. Сепак, властите реагираа со планови за реформи, кои ќе ја стабилизираат економијата и да спречат Кувајт да излезе од клубот на најбогатите држави. Таква опасност не е заканувачка, бидејќи резервите на земјата изнесуваат 220 милијарди евра.

 

Инвестирањето во валута е доста добра идеја, ако имате познавања како одат курсевите, какви се економските процеси и односи во светот, како и ако имате добро претчуство кога мора да продавате. Ако сакате да започнете сега, но немате средства за кои да ги замените во странска валута, може да ги искористите предностите од понудите за кредити од Credissimo.



Врати се назад

Прочитај повеќе