Подготви си го семејството за зимата

Подготви си го семејството за зимата

Што мислите оваа зима ќе е постудена? Или можеби зимата ќе трае подолго оваа година? Дали ќе е снежна снежна бајка или можеби поише ќе личи на поларна зима?
Претпоставките на страна, зимата е голем предизвик за возрасните, колку што е радост за децата. И како да не се радосни, кога главите не им се полни со мисли за вируси и настинки, колку чини една зимска јакна, од каде да се најдат свежи и здрави овошја и зеленчуци, или каква ќе е сметката за греење на крајот на месецот? Да за среќа, тие не мислат на тоа и затоа секоја снегулка за нив е волшебна.
А пак, што ни пречи на нас возрасните да се опуштиме за време на ова годишно доба, кое е секако присутно секоја година, без разлика ние колку сме незадоволни. Ако на пример, сте страстен скијач, кога не сте на снежните патеки Ви е досадно нели? Вистината е – ништо не нѐ спречува да уживаме во зимата. Земете си пример од дечињата и не ги земајте работите премногу сериозно. Понекогаш е студено, понекогаш има болести, некогаш имаме повеќе проблеми, но сѐ тоа минува.
Единственото кое треба да го направите како возрасен е добро да ги испланирате работите. После тоа и семејството ќе Ви е здраво и домот топол и сите ќе сте среќни и задоволни.


Здравјето на прво место

Знаете ли дека бактериите и вирусите нема да Ви се закачат ако имате добар имунитет. Се разбира дека знаете. А за да имате Вие, и вашите најблиски добар имунитет, најважно е да имате правилна исхрана. И воопшто не е точно дека во зимата нема соодветни продукти.

Прво правило: Купувајте сезонски зеленчуци и плодови: - различните видови на зелка, компир, спанаќ (исклучитено полезен), цитруси и останати потрајни плодови од есента, како јаболки. Цитрусите (лимон, портокал, мандарина, грејпфрут) се полни со најважниот витамин Ц, а плодовите од земјата се полни со минерали!

Второ правило: Пробиотици. Да, може да ги купите и од аптека, но е многу подобро да ги барате во зимницата на баба (или во краен случај, во маркет). Знаете ли дека ферментираните храни се природен пробиотик? Така да ако сметате дека киселата зелка и туршија Ви е премногу кисела, пробајте ја пак. Со децата можеби ќе е малку потешко, но сигурно ќе може да се справите со помош на некој психолошки трик. Се разбира добро е и да се надополните со имуностимулирачки продукти, но избирајте продукти од органско и природно потекло, како алое вера или пчелен мед. И последниот елемент за здрав организам, но еднакво важен, е хигиената. Ако сакате да ги спречите вирусите и бактериите, потсетете се себеси како и вашите деца на едноставните нешта, како миење раце и покривање на устата и носот при кивање или кашлање.
 

Децата, алиштата и мајките

Сте го слушнале ли вицот:
Облекувам џемпер кога на мајка ми и е студено.

Децата се многу понежни од возрасните. Тие се и доста подвижни од нас, а тоа резултира со отпуштање на поголема енергија. Пробајте и Вие да се облечете како нив, да Ви е покриено лицето и да сте еднакво активни како нив. За тоа е најдобро да ги облекувате во слоеви, кога детенцето е растрчано полесно да го соблечете, кога мирува да го облечете повторно. Тоа не важи само за најмалите, тие до околу 2 години – тие треба да се добро облечени, но не загушени.
Убаво е да потрошите пари на соодветни зимски алишта, особено јакните и чизмите. Ќе кажете дека поквалитетните алишта се поскапи, но дали е така? Пресметајте колку трошоци ќе Ви излезат дополнително за лекарства, витамини и имуностимуланси. Колку две детски јакни. Подобро земете си мал заем и инвестирајте во здравјето на Вашите дечиња, со квалитет.

смеејќи атмосфера пред каминот

Домот, колата и заслужен одмор

Кога веќе сте здрави и облечени, време е малку да се погрижите и за домашниот комфорт. Мали промени дома ќе Ви бидат од голема корист: ќе Ви биде потопло, ќе Ви е поудобно,месечните сметки ќе Ви се намалат. Ако имате автомобил, бидете сигурни дека и тој е подготвен за зимската сезона, за да не си создадете повеќе проблеми, токму кога не Ви се потребни.

На крајот Ве натоваривме со цел список грижи, наместо да се опуштите. Но тоа е се со цел да бидете здрави, среќни и да бидете на топло.Сеуште не ја пронајдовте среќата? Ех, за тоа има многу рецепти – ниту една иста и еднаква, но е докажано дека активноста и патувањето се едни од основните компоненти. Дозволете си викенд скијање или одмор во Спа центар. Отидете некаде со семејството на зимување, каде ќе ги избегнете секојдневните проблеми. Или пак ако сметате дека тоа е можеби некој луксуз кој неможе да си го дозволите – препуштете на Кредисимо да Ви ги реши финансиските проблеми. Целиот процес од аплицирање до одобрување е едноставен и лесен



Врати се назад

Прочитај повеќе