Како до свет во кој жените и мажите ќе бидат рамноправни во сите области на општеството?
- Така што ќе ги истакнеш и ќе ги возвишиш неверојатните достигнувања на жените во светот.
Посветеноста, мудроста и пасијата се двигателите кои можат да го остварат секој сон, без разлика дали си маж или жена. Жените докажале дека можат да бидат инспирација за секого, во сите времиња и насекаде низ светот.
Во оваа прилика, на неколку дена пред Денот на жената, ние од Credissimo издвојуваме 5 жени кои во животот почнале од нула и се стекнале со огромна слава, исто така целосно се залагале за уште поголема еманципација на жената и кршење на добропознатите стереотипи.
Кои се најбогатите и независни жени?
Џоан Ролинг
Сигурно ги знаеш книгите за Хари Потер. За нивното „излегување“ на светлина виновна е Џоан Ролинг. Како што самата раскажува, живеела живот на работ на егзистенцијата од социјална помош, со што можела да има само кров над глава и да ги прехрани своите деца. Ништо повеќе.
Додека нејзините деца оделе на училиште, таа ги пишувала романите за Хари Потер. Истите биле одбиени 12 пати од различни издавачки куќи, но 13-тиот пат поминале благодарение на 7-годишната ќерка на директорот на издавачката куќа која ги прочитала и премногу и се допаднале.
Таа е првата милијардерка која богатството го стекнала од пишување книги, а во моментов истото изнесува 1 милијарда долари и е 182-та најбогата личност во Велика Британија.
Oпра Винфри
Тешко е да не добиеш инспирација од приказната на славната Опра Винфри.
На 9-годишна возраст за првпат била сексуално злоупотребувана од својот братучед, а подоцна и од нејзиниот чичко и пријател на семејството. Овие случки таа не ги пријавила и ги чувала длабоко во себе, што се одразило на нејзиното неодење на училиште и извршување ситни кражби, по што нејзината мајка ја вратила кај нејзиниот татко во Нешвил. На 14 години за првпат раѓа, но 2 недели подоцна нејзиното новороденче умира.
Со својата голема упорност и надеж, се посветила на образованието, станува почесен студент и првата црномуреста ТВ презентерка на локаланта телевизија во Нешвил. Оттаму, целосно се посветува на телевизијата и ја создава својата емисија која до ден-денес е синоним за борбата за синдикални права и обесправеност во животот.
Во моментов, нејзиното богатство изнесува 2,6 милијарди долари.
Урсула Брнс
Запознај ја првата афроамериканска жена која водела една од 500-те најуспешни компании во светот според Форбс и жената која го трансформираше Xerox од компанија за печатачи до една од најпрофитабилните приказни на денешницата.
Исто како и Опра и таа не наследила богатство, не била добро ситуирана и немала родители на високи функции. Како што и самата вели, нејзиниот успех е благодарение на посветеноста на нејзината мајка и образованието. Нејзините храбри одлуки и одлучниот менаџмент кој инспирирал го вивнува Xerox на листата од топ 500 според Форбс, а по заминувањето од извршната позиција формира движење кое им помага на жените од неразвиените краеви и онаму каде што се малцинства да се етаблираат и да бидат лидери во општеството.
Нејзиното богатство се проценува на 1,2 милијарди долари.
Џулијана Бенетон
Дали знаеш дека италијанскиот моден гигант започнал со една машина за плетење од гаражата на Џулијана и нејзиниот брат Лучијано Бенетон?
Упорноста и пасијата на Џулијана во моментов е пресликано во повеќе од 5 000 продавници низ целиот свет, во 120 земји и продажби поголеми од 2 милијарди долари годишно.
Во моментов оваа женска икона тежи повеќе од 2,7 милијарди долари и понатаму е глава на Бенетон - групацијата!
Дорис Фишер
Во далечните 60-ти години, сопругот на Дорис не можел да најде добар џинс во Америка и оттаму се раѓа идејата на оваа инспиративна женска приказна.
Дорис решава да создаде погон за џинс и во 1969 година ја отвора својата прва продавница – GAP. Идејата за името доаѓа од генерацискиот јаз кој е создаден во тоа време во Сан Франциско.
Со текот на времето, нивниот бизнис се проширува преку аквизиции на Banana Republic и други бизниси, а во доцните 90-ти години на минатиот век го создаваат и Old Navy. Компанијата и понатаму е гигант на светскиот пазар и покрај смртта на Доналд (сопругот на Дорис) и поседува повеќе од 3 700 продавници во кои работат 150 000 луѓе, генерирајќи речиси 16 милијарди долари во приходи.
Дорис повеќе не е на чело од управувачкиот тим, се занимава со уметнички колекции и ужива во благодетите на животот со богатство од 3,2 милијарди долари.