Време е за зимување со семејството

Време е за зимување со семејството

Имаше напорна година и мислиш дека конечно е време да одмориш од работа. Искористи ги слободните денови за нови искуства и возбудливо зимување. Во твојата близина се наоѓаат многу убави, снежни, идилични предели кои вреди да ги посетиш со твоето семејство.

Доколку ова е твоето прво зимување кое со нетрпение го чекаш, сигурно ти треба помош околу сите неопходни подготовки околу патувањето. Иако сета таа припрема може да изгледа комплицирано, ние сме тука да ти дадеме неколку важни совети кои не смееш да ги изумиш.

Предвиди ги сите ризици!

Пред да одлучиш мораш прво да направиш истражување за самото место кое ќе го посетиш и временската прогноза која следува. На тој начин ќе знаеш како да се опремите за зимувањето, а исто така ќе знаеш дали е безбедно да отпатувате до таа точка.

Ако патувате со автомобил, неопходно е да спакуваш безбедносен комплет за автомобилот како стругалка за лед, јаже за влечење, старт кабли, ќебиња, направа за светење, комплет за прва помош и полнач за мобилен телефон. Доколку останете заглавени на патот задолжително провери дали ауспухот е попречен од снег. Исто така, важно е да се прават чести паузи за одмор за да ги истегнеш нозете бидејќи возењето на ладно на лизгави патишта може да биде опасно.

Подгответе се ти и твојата фамилија за зимувањето така што ќе внимавате на вашето здравје пред да заминете и за време на зимувањето, со здрава исхрана и снабдување со залихи на витамински суплементи и лекови. Не заборавај дека дестинацијата можеби ќе ги нема потребните лекови во случај на повреда или болест, затоа не си го дозволувај тој ризик. Секогаш носи антибактериски марамици и лосион со антисептично дејство попатно во торбата.

Додека си на зимување...

Ако немаш никакво претходно искуство со скијање, задолжително е да имаш инструктор до тебе. Скијањето може да биде опасен спорт ако не се изведува правилно. Затоа, на самиот почеток, секогаш носи кацига на себе. Иако е ладно, многу лесно можеш да добиеш изгореници на кожата, бидејќи воздухот е сув, а рефлексијата од сонцето е многу голема. Затоа крем со висока UV заштита и очила за сонце се неизоставен дел од опремата. Секогаш имај го на ум локалниот број за итни случаи (во Европа е 112).

Зимувањето и зимските спортови се прилично скапи, но тоа не значи дека не можеш да си го дозволиш ова задоволство. Тука е за тебе „Credissimo до плата“ до 20.000 денари со 0% камата и без дополнителни административни трошоци, ако го вратиш во грејс-периодот, а исто така може да го продолжиш периодот на враќање неограничен број пати. Доколку планираш да отпатуваш и малку подалеку, постои „Credissimo плус" до 80.000 денари кој ќе ти го овозможи ова преубаво искуство.

Патувај сигурно!



Врати се назад

Прочитај повеќе