ОПШТИ УСЛОВИ НА ПРОМОЦИЈАТА „КРЕДИТ CREDISSIMO ПЛУС СО ПОДАРОК РАТА“

 

 

І. ОРГАНИЗАТОР НА ПРОМОЦИЈАТА

Организатор на промоцијата „Кредит CREDISSIMO Плус со подарок рата“. (во понатамошниот текст именувана само како „ Промоцијата“) е Финансиско друштво КРЕДИСИМО ДООЕЛ Скопје (во понатамошниот текст „Организатор“) со регистрирано седиште на ул. „Максим Горки“ бр.11-1/4, 1000 Скопје-Центар, Р. Северна Македонија, со електронска пошта: support@credissimo.mk

II. ОПИС И ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОМОЦИЈАТА

Промоцијата се однесува само за кредитниот производ Credissimo плус и важи во периодот од 18.01.2024 година до 10.03.2024 година, а може да ја користат идни и постоечки клиенти кои во моментот немаат активен кредит во ФД КРЕДИСИМО ДООЕЛ Скопје. Попустот во Промоцијата е во висина на една рата согласно амортизациониот план за одобрениот кредит.

ІІІ. ПРАВО НА КОРИСТЕЊЕ НА ПРОМОЦИЈАТА

Попустот ќе може да се користи при следните услови на кредитот:

  • Доколку кредитот е одобрен за период од 6 месеци до 10 месеци - 1 бесплатна рата после 5-тиот месец;
  • Доколку кредитот е одобрен за период од 11 месеци до 36 месеци - 1 бесплатна рата после 6-тиот месец;

ІV. ОГРАНИЧУВАЊА

Попустот за промоција во износ од една рата не е валиден и нема да важи доколку:

  • Кредитокорисникот не го плаќа кредитот редовно и доцни повеќе од 30 дена пред користење на промоцијата за целиот рок на кредитот.
  • Кредитокорисникот не го плаќа кредитот редовно и доцни повеќе од 90 дена, по користењето на промоцијата, односно кредитот стане нефункционален.
  • Кредитокорисникот користи други попусти и промоции (0% камата, попуст од промокод, попуст од Лојална програма итн.).

Не може да биде Учесник во Промоцијата, лице кое е партнер или акционер или е во работен однос или врз основа на друг договор работи за Организаторот или работи со реализацијата, обезбедувањето и администрирањето на Промоцијата, како и членови на нивните потесни семејства.

V. ОСТАНАТИ ОДРЕДБИ

Организаторот не е одговорен за технички проблеми поврзани со неможноста за пристап до информации во врска со Промоцијата, вклучително и за технички проблеми што се јавуваат при одржувањето на страницата, доколку тие не се вина на Организаторот. Замена на попустот согласно оваа Промоција со други пожолности нема да биде извршена од страна на Организаторот и Учесниците немаат право да бараат каква било замена. Организаторот еднострано ги определува правилата и условите под кои се одржува Промоцијата и има право да ги измени и дополнува по своја дискреција и во секое време, а за таа цел е должен да ја објави промената во сегашните Општи услови најмалку 2 ( два) дена пред да влезат во сила на веб страната на Организаторот. Организаторот има право во секое време да го прекине спроведувањето на Промоцијата, како и привремено или трајно да го прекине учеството на Кредитокорисникот во неа, доколку Кредитокорисникот не ги почитува овие Општи услови, Договорот за кредит склучен со Оранизаторот или други важечки правила или законски прописи.