Дочекај ги претстојните Новогодишни празници и добиј викенд за двајца во Банско

Дочекај ги претстојните Новогодишни празници и добиј викенд за двајца во Банско

Што се празниците без пари и подароци...

Но, со Credissimo за време на Новогодишните празници се случуваат чуда! Оваа година, доаѓаат порано заедно со Credissimo, за да имаш повеќе време за забава и уживање!

Направи ги празниците специјални за тебе и твоите најблиски и не пропуштај ги нашите награди!

Како да учествувам?

Во нашата празнична Наградна игра која ќе трае во периодот 27.11.2017- 07.01.2018 година, можеш да учествуваш ако аплицираш за кредит, ги исполнуваш условите за одобрување и земеш кредит до 80 000 ден.*

Аплицираш во три лесни чекори! Ако ги исполнуваш условите, ќе добиеш одобрување во рок од 7 минути и износот што го бараш во вистинско време!

Имаш можност да учествуватш во 6-те неделни извлекувања и да освоиш една од нашите новогодишни награди!

Секој кој земал кредит во тековната седмица ќе учествува во извлекувањето кое ќе биде на крајот од неа.

Каква е наградата?

Во шестте неделни извлекувања, доделуваме по еден

  • СПА викенд за двајца во Банско, Бугарија!

Види ги Правилата за учество во нашата Наградна игра и не пропуштај ја шансата да си подариш на тебе и твоето семејство СПА викенд за време на новогодишните празници!

* Нема ограничување за учество во однос на бараната и одобрената сума. Клиентите на кои им е одобрен кредит во периодот на секое неделно извлекување, се согласуваат и ги прифаќаат Правилата на Наградната игра, а доколку не сакаат да учествуваат имаат право да го откажат своето учество со праќање на Изјава за откажување на учество во Наградна игра на е-маил адресата contacts@credissimo.mk.

Извлекување

Добитник од првото извлекување: Маре Силjаноска - m**e.s*******a@h*****.com 

Добитник од второто извлекување: Ивица Боjковски - i************i@y***o.com

Добитник од третото извлекување: Борис Солевски - b*****.s*****i@g***l.com

Добитник од четвртото извлекување: Васил Џиковски - v***********i@y***o.com

Добитник од петото извлекување: Васил Тушев - k*********68@h*****l.com

Добитник од шестото извлекување: Наташа Миленкова - nm*******a@r*******ail.com

ПРАВИЛА НА НАГРАДНА ИГРА - „Добиј викенд за двајца во Банско“

Согласно Законот за игрите на среќа и за забавните игри („Сл. Весник на РМ“, број 24/11, 51/11, 148/11, 74/12, 171/12, 27/14, 139/14, 61/15 и 154/15 и 23/16), а во врска со член 125 и 126 од Законот, се утврдуваат следните правила на наградната игра:

ОРГАНИЗАТОР

Член 1

Организатор на Наградната игра „Добиј викенд за двајца во Банско“ (во понатамошниот текст именувана само како „Наградна игра“) е Финансиско друштво КРЕДИСМО ДООЕЛ Скопје (во понатамошниот текст „Организатор“) со регистрирано седиште на Бул. „Илинден“ бр.47/1-2, 1000 Скопје-Центар, Р. Македонија, со електронска пошта: contacts@credissimo.mk

ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ

Член 2

Наградната игра има за цел рекламирање на кредитните производи на ФД КРЕДИСИМО ДООЕЛ Скопје и тоа:

- кредит до 80 000 денари на рати „credissimo Плус“,

- кредит до 12 000 денари „credissimo До плата“.

ОФИЦИЈАЛНО ИМЕ, ОПИС И ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА

Член 3

Официјалното име на Наградната игра е „Добиј викенд за двајца во Банско“. Право на учество во Наградната игра имаат сите полнолетни физички лица – државјани на Р. Македонија, лица со и над 18 - годишна возраст кои поднеле Барање за одобрување на кредит и кои ги исполнуваат условите за одобрување и истиот да им биде одобрен. Наградната игра ќе започне од 27.11.2017 година од 08:00 часот и ќе трае до 07.01.2018 година до 23:59 часот.

ТЕРИТОРИЈА

Член 4

Наградната игра се организира на територијата на Р. Македонија и важи за сите полнолетни физички лица – државјани на Р. Македонија, лица со и над 18 годишна возраст кои поднеле Барање за одобрување на кредит, односно кои ги исполнуваат условите за одобрување на истиот и истиот им бил одобрен.

ПОДАТОЦИ ЗА НАГРАДИ

Член 5

Во Наградната игра ќе бидат доделени следните награди:

- 6 викенд ноќевања за двајца на база полн пансион во хотел „Regnum Bansko Apart Hotel & SPA“ во Банско, Р.Бугарија, во кои е вклучено појадок и вечера, лоби бар, ноќен бар, Витамин бар, СПА Центар, АКВА Парк, салон за убавина, ски гардеробер, детска соба и анимација, детски кат, внатрешен базен со детски сектор, масажи и козметички процедури, внатрешен базен со детски сектор, надворешно џакузи со минерална вода, фитнес сала Technogym, паркинг и безжичен интернет.

Едно викенд ноќевање за двајца на база полн пансион чини 13186 денари, а вкупната во вредност од 79.116 денари за сите шест викенд ноќевања. Добитниците на наградите од Наградната игра можат да ја искористат во периодот помеѓу 04.12.2017 година до 30.03.2018 година, исклучувајќи ги деновите од 23.12.2017 година до 02.01.2018 година. Потврдувањето на резервацијата ќе биде во зависност од слободните места на хотелот.

ВРЕДНОСТ НА СЕКОЈА НАГРАДА ОД ФОНДОТ НА НАГРАДИ И ВКУПНА ВРЕДНОСТ НА ФОНДОТ НА НАГРАДИ ( ВО ДЕНАРИ)

Член 6

Вкупниот награден фонд изнесува 79.116 денари.

ПРАВО НА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА

Член 7

Право на учество во Наградната игра имаат сите полнолетни физички лица – државјани на Р. Македонија со и над 18 годишна возраст кои ги исполнуваат условите за одобрување на кредит, односно кои ќе поднесат Барање за одобрување на кредит и истиот им биде одобрен.

Еден учесник во Наградната игра има право да биде извлечен само за една од наградите предвидени во член 5.

Учесниците кои не ги прифаќаат овие Правила на наградната игра имаат право да го откажат своето учество во Наградната игра со праќање на Изјава за откажување на учество во Наградна игра на е-маил адресата contacts@credissimo.mk, во спротивно сите учесници ќе се смета дека ги прифаќаат Правилата на наградна игра и ќе учествуваат во неа.

Наградата ќе биде доделена само ако учесниците се квалификувани, имаат право на учество и ако целосно ги почитуваат Правилата на наградната игра.

ИЗВЛЕКУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ

Член 8

Извлекувањето на наградите ќе се изврши на следниов начин:

- 6 (шест) награди кои ќе бидат доделувани по 1 (една) на неделно ниво, во шест извлекувања и тоа:

Прво извлекување: 04.12.2017 година за периодот од 27.11.2017 година заклучно до 03.12.2017 година

Второ извлекување: 11.12.2017 година за периодот од 04.12.2017 година заклучно до 10.12.2017 година

Трето извлекување: 18.12.2017 година за периодот од 11.12.2017 година заклучно до 17.12.2017 година

Четврто извлекување: 28.12.2017 година за периодот од 18.12.2017 година заклучно до 24.12.2017 година

Петто извлекување: 02.01.2018 година за периодот од 25.12.2017 година заклучно до 31.12.2017 година

Шесто извлекување: 08.01.2018 година за периодот од 01.01.2018 година заклучно до 07.01.2018 година

- Добитниците на наградите ќе бидат извлечени електронски, по принципот на случаен избор, а ќе учествуваат сите кредитни апликации на начин и услови наведени погоре. За текот на извлекувањето ќе се води записник, кој ќе биде потпишан од членовите на Комисијата која ќе биде составена од:

- Двајца претставници од ФД КРЕДИСИМО ДООЕЛ Скопје

- Еден Правник

При извлекувањето, ќе бидат извлечени вкупно 6 (шест) добитници, по 1(еден) за секое од шестте извлекувања.

Извлекувањата ќе бидат во седиштето на Организаторот на Бул. „Илинден“ бр.47/1-2, 1000 Скопје-Центар, Република Македонија во 18 часот, во кои извлекувања ќе учествуваат сите клиенти на кои им е одобрен кредит во периодот од 27.11.2017 година заклучно до 07.01.2018 година

ИЗВЕСТУВАЊЕ И ПОДИГНУВАЊЕ НА НАГРАДАТА

Член 9

Правилата за Наградната игра ќе бидат објавени на:

- веб страните на Организаторот, www.credissimo.mk, www.credissimoplus.mk,

- Facebook страната на организаторот www.facebook.com/credissimo.mk,

Добитниците на наградата ќе бидат објавени во рок од 3 работни дена од денот на извлекувањето на наградата на:

- веб страните на Организаторот, www.credissimo.mk, www.credissimoplus.mk,

- Facebook страната на организаторот www.facebook.com/credissimo.mk,

Организаторот ќе ги извести добитниците за добиената награда по електронска пошта на оние електронски адреси кои се наведени во Барањата за одобрување на кредит. Доколку Добитникот нема наведено дополнителна електронска адреса, за адреса за контакт ќе се смета адресата која ја навел во Барањето за одобрување кредит.

Организаторот не одговара за неточно пополнети податоци во Барањето за кредит или неуспешен електронски пренос на податоците, прекин во комуникациската врска без разлика од причината од која потекнува, недостапност или немање на интернет, други причини како резултат на виша сила и сл.

Во случај да не може да се оствари контакт преку електронска адреса, добитниците ќе бидат дополнително известени телефонски. Со конечната реализација на наградите престануваат сите обврски на Организаторот на Наградната игра спрема добитниците. Со самото учество во наградната игра, Учесниците ги прифаќаат овие Правила за наградна игра. Доделувањето на наградите може да биде јавен настан. За лицата кои ќе учествуваат во Наградната игра, односно Учесниците кои ќе ги добијат наградите Организаторот има право да ги слика/снима со што нивните имиња и презимиња да станат јавни и да бидат користени во аудио, фотографија или видео материјал, без право на дополнителен надомест.

ПРАВО НА ПРИГОВОР

Член 10

Незадоволниот учесник во Наградната игра има право во рок од 5 (пет) дена од денот на објавување на списокот на добитници да поднесе приговор во писмена форма до ОРГАНИЗАТОРОТ на Наградната игра кој е должен во рок од 5 (пет) дена писмено да одговори на добиениот приговор.

ОГРАНИЧУВАЊЕ ЗА УЧЕСТВО

Член 11

Ако Организаторот утврди злонамерни дејствија од страна на Учесник во Наградната игра, со цел манипулација на истата, Организаторот има право да го дисквалификува и отстрани тој учесник. Организаторот има право да дисквалификува без предупредување секој Учесник, за кој се посомнева или утврди манипулативни дејствија, со цел освојување на Наградите.

Не може да биде Учесник во Наградната игра, лице кое е партнер или акционер или е во работен однос или врз основа на друг договор работи за Организаторот или работи со реализацијата, обезбедувањето и администрирањето на Наградната игра, како и членови на нивните потесни семејства.

Организаторот има за право да исклучи од учество во Наградната игра и да не дозволи добивање Награда на Учесник, за кој има податоци дека извршил злоупотреба со технички, програмски или други средства и уреди со цел неовластен пристап до системи на Организаторот и/или учество во Наградната игра и добивање на Наградата, или други дејства, спротивни на правилата на Наградната игра или на влезените во употреба нормативни акти.

ПРЕНОС И ЗАМЕНА НА НАГРАДАТА

Член 12

Наградата не може да се пренесе на друго лице. Наградата не може да биде заменета за готовина.

КОРИСТЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Член 13

Организаторот во целост ќе ги почитува одредбите од Законот за заштита на личните податоци и во пракса ќе цели кон одржување високо ниво на добра практика при обработка на личните податоци.

При механизмот на случано компјутерско извлекување на добитници, ќе се користат само ID броевите од Договорот за кредит, а нема да бидат користени нивните останати податоци.

Со самото Аплицирање, односно со одобрување на кредитот, Кредитокорисниците учествуваат во наградната игра. Доколку некој не сака неговите податоци да се обработуваат за таа намена, можат да го откажат своето учество во Наградната игра со Изјава за откажување пратена на е-маил адресата contacts@credissimo.mk,

За лицата кои ќе учествуваат во Наградната игра, односно Учесниците кои ќе ги добијат наградите Организаторот има право нивните лични податоци да ги користи во своите идни маркетинг активности,

ОТКАЖУВАЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА

Член 14

Организаторот има право по добивањето на одобрението од Министерството за финансии да ја откаже Наградната игра во било која фаза, со известување до јавноста преку дневниот печат, и на веб страните наведени во член 9 доколку настапи штетна последица предизвикана со кривично дело или поради дејство на виша сила.

ОТСТРАНУВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ ЗА НАГРАДНАТА ИГРА КОИ ШТО БИ МОЖЕЛЕ ДА НАСТАНАТ

Член 15

Евентуално настанатите спорови меѓу Организаторот и учесниците во Наградната игра ќе ги решава надлежниот суд во Скопје.

ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 16

Со исполнување на Правилата за учество во Наградната игра корисниците ги прифаќаат одредбите од овие правила. Овие правила ќе се применуваат по добивање на согласност од Министерот за финансии на Република Македонија и по нивното јавно објавување пред започнување на наградната игра, а ќе важат до завршување на Наградната игра, односно до завршувањето на рокот за подигнување на наградите.

Со конечната реализација на наградите престануваат сите обврски на Организаторот на Наградната игра спрема добитниците.



Врати се назад

Прочитај повеќе