Ова лето 7 е твојот среќен број!

Ова лето 7 е твојот среќен број!

Довери се на твојата среќа! Добиј 7000 денари или iPhone 7!

 

Спечели iPhone 7 в томболата на Credissimo

Аплицирај за кредит од Credissimo и земи пари до 7 минути! Од 7-ми јули до 31-ви август, 7 од клиентите на Credissimo ќе земат по 7 000 денари, а еден - чисто нов iPhone 7! Учествувај уште сега!

Наградна игра заврши, но наскоро ќе има нови!

Погледнете ги добитниците овде »

Биди секогаш во текот на новостите околу нас - разгледувај ја редовно нашата веб страница, или следи нè во социјалните мрежи: Facebook, Twitter, Google+

Знаеме дека твоето време е драгоцено, па затоа од Credissimo земаш кредит само за 7 минути! Кога итно ти требаат пари, решението е во твоите раце - со првата мобилна апликација за доделување на брзи кредити во Македонија или на credissimo.mk. Без купишта непотребни документи, без одење до експозитури, без чекање во редици!

А ова лето 7 е твојот среќен број! Земаш пари до 7 минути и на секои 7 дена еден среќен добитник ќе добие 7000 денари, а кон крајот на летото - може да добиеш сосема нов iPhone 7!

Со Credissimo може да ја добиеш наградата само за 7 минути!

Биди во текот со времето, аплицирај за кредит и земи пари преку мобилната апликација за Android или iOS, или преку вообичаениот начин на веб страницата credissimo.mk! Секој петок еден од одобрените кредити во претходните 7 дена ќе добива 7000 денари. А на 1-ви септември еден од сите клиенти кои зеле кредит од Credissimo за периодот од 07.07 - 31.08.2017 година, ќе добие чисто нов iPhone 7!

 

Погледнете ги добитниците овде »

За да учествуваш во Наградната игра на 14 јули, треба да си зел кредит во периодот од 07.07. заклучно со 13.07. За извлекувањето на 21 јули одобрениот кредит треба да е во периодот од 14.07 - 20.07.2017 година. На 28 јули ќе добие награда еден од клиентите за периодот 21.07 заклучно со 27.07.2017 година; на 04 август ќе добие еден од учесниците во периодот 28.07 заклучно со 03.08.2017 година; на 11 август извлекувањето ќе биде помеѓу клиентите кои зеле кредит меѓу 04.08 заклучно со 10.08.2017 година; на 18 август - од 11.08 заклучно со 17.08.2017 година; на 25 август - од 18.08 заклучно со 24.08.2017 година.
Нема ограничување во изборот на кредитниот производ, период на кредитот или одобрената сума. Сите корисници на кои им е одобрен кредит во периодот за времетраење на наградната игра, учествуваат во извлекувањата и се согласуваат со Општите услови на Наградната игра со испраќањето на барање за кредит.
Добитниците ќе бидат објавени овде, на Facebook страницата на Credissimo и ќе бидат известени лично од наш вработен.

 

Како да учествуваш?

 

 
 

Ја пополнуваш кратката онлајн форма на веб сајтот  credissimo.mk или преку нашата мобилна апликација

Ја пополнуваш кратката онлајн форма на нашето Барање

Само 7 минути за одобрување на кредит од Credissimo

Чекаш 7 минути за одобрување.

Држете го телефон во рака на наведените дати и проверувајте дали сте меѓу добитниците

Учествуваш за 7000 денари или iPhone 7.

 
 

 

Кредит за 7 минути и преку нашата мобилна апликација

 

 

 

Преземи ја мобилната апликација на Credissimo уште сега:

 
 

 

Добитници, на кои бројот 7 донесе среќа

 

Прво извлекување (14.07.2017 г.)

● Свето Анѓелески (al******@yahoo.com)

Второ извлекување (21.07.2017)

● Диjана Диманоска (di******@gmail.com)

Трето извлекување (28.07.2017)

● Војче Костески (ko******@gmail.com)

Последно извлекување (01.09.2017 година)

Големата награда - смартфон iPhone 7, 128GB ја доби:
Љавдиме Муртезовска (dr******@hotmail.com)

Четврто извлекување (04.08.2017)

● Нина Арсовска (ni******@hotmail.com)

Пето извлекување (11.08.2017)

●Наташа Томоска (an******@gmail.com)

Шесто извлекување (18.08.2017)

● Борка Пановска (pa******@gmail.com)

Седмо извлекување (25.08.2017)

● Мариjа Зикова (zi******@gmail.com)

 

ПРАВИЛА

НА НАГРАДНА ИГРА “7 е твојот среќен број”

 

Согласно Законот за игрите на среќа и за забавните игри („Сл. Весник на РМ“, број 24/11, 51/11, 148/11, 74/12, 171/12, 27/14, 139/14, 61/15 и 154/15 и 23/16), а во врска со член 125 и 126 од Законот, се утврдуваат следните правила на наградната игра:

ОРГАНИЗАТОР

Член 1

Организатор на Наградната игра „7 е твојот среќен број“ (во понатамошниот текст именувана само како „Наградна игра“) е Финансиско друштво КРЕДИСМО ДООЕЛ Скопје (во понатамошниот текст „Организатор“) со регистрирано седиште на Бул. „Илинден“ бр.47/1-2, 1000 Скопје-Центар, Р. Македонија, со електронска пошта: contacts@credissimo.mk.

ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ

Член 2

Наградната игра има за цел рекламирање на кредитните производи на ФД КРЕДИСИМО ДООЕЛ Скопје и тоа:

  • кредит до 40 000 денари на рати 'Credissimo плус',
  • кредит до 12 000 денари 'Credissimo до плата'.

ОФИЦИЈАЛНО ИМЕ, ОПИС И ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА

Член 3

Официјалното име на Наградната игра е „7 е твојот среќен број“ .

Право на учество во Наградната игра имаат сите полнолетни физички лица – државјани на Р. Македонија, лица со и над 18 - годишна возраст кои поднеле Барање за одобрување на кредит и кои ги исполнуваат условите за одобрување и истиот да им биде одобрен.

Наградната игра ќе започне од 07.07.2017 година од 00:00 часот и ќе трае до 31.08.2017 година до 23:59 часот.

ТЕРИТОРИЈА

Член 4

Наградната игра се организира на територијата на Р. Македонија и важи за сите полнолетни физички лица – државјани на Р. Македонија, лица со и над 18 годишна возраст кои поднеле Барање за одобрување на кредит, односно кои ги исполнуваат условите за одобрување на истиот и истиот им бил одобрен.

ПОДАТОЦИ ЗА НАГРАДИ

Член 5

Во Наградната игра ќе бидат доделени следните награди:

7 пати по 7.000,00 денари кои ќе се доделат на следниов начин:

  • секој петок, сметано од 14.07.2017 година до 25.08.2017 година, ќе се доделуваат паричните награди за клиентите на кои ќе им биде одобрен кредит во деновите за кои важи извлекувањето;
  • 1 (еден) Смартфон Apple iPhone 7, 128GB како главна награда, во вредност од 51.950,00 денари ќе се додели на 01.09.2017 година во кое извлекување ќе учествуваат сите клиенти на кои им е одобрен кредит во периодот од 07.07.2017 година до 31.08.2017 година.

Одговорноста за исправноста на уредот (Смартфон Apple iPhone 7, 128GB), како и гаранцијата паѓа на товар на добавувачот на уредот, согласно гарантното писмо кое доаѓа со него.

ВРЕДНОСТ НА СЕКОЈА НАГРАДА ОД ФОНДОТ НА НАГРАДИ И ВКУПНА ВРЕДНОСТ НА ФОНДОТ НА НАГРАДИ (ВО ДЕНАРИ)

Член 6

Вкупниот награден фонд со вклучен ДДВ изнесува 100.950,00 денари.

ПРАВО НА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА

Член 7

Право на учество во Наградната игра имаат сите полнолетни физички лица – државјани на Р. Македонија со и над 18 годишна возраст кои ги исполнуваат условите за одобрување на кредит, односно кои ќе поднесат Барање за одобрување на кредит и истиот им биде одобрен.

Еден учесник во Наградната игра има право да биде извлечен само за една од паричните награди предвидени во член 5, додека за Смартфонот Apple iPhone 7, 128GB учествуваат сите клиенти кои ги исполнуваат условите на Наградната игра за периодот од 07.07.2017 година до 31.08.2017 година.

Учесниците кои не ги прифаќаат овие Правила на наградната игра имаат право да го откажат своето учество во Наградната игра со праќање на Изјава за откажување на учество во Наградна игра на е-маил адресата contacts@credissimo.mk., во спротивно сите учесници ќе се смета дека ги прифаќаат Правилата на наградна игра и ќе учествуваат во неа.

Наградата ќе биде доделена само ако учесниците се квалификувани, имаат право на учество и ако целосно ги почитуваат Правилата на наградната игра.

ИЗВЛЕКУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ

Член 8

Извлекувањето на наградите ќе се изврши на следниов начин:

  • 7 (седум) парични награди во износ од по 7.000,00 денари кои ќе бидат доделувани на неделно ниво, во седум извлекувања и тоа:
    • Прво извлекување: 14.07.2017 година за периодот од 07.07.2017 година заклучно до 13.07.2017 година
    • Второ извлекување: 21.07.2017 година за периодот од 14.07.2017 година заклучно до 20.07.2017 година
    • Трето извлекување: 28.07. 2017 година за периодот од 21.07.2017 година заклучно до 27.07.2017 година
    • Четврто извлекување: 04.08. 2017 година за периодот од 28.07.2017 година заклучно до 03.08.2017 година
    • Пето извлекување: 11.08. 2017 година за периодот од 04.08. 2017 година заклучно до 10.08.2017 година
    • Шесто извлекување: 18.08. 2017 година за периодот од 11.08.2017 година заклучно до 17.08.2017 година
    • Седмо извлекување: 25.08. 2017 година за периодот од 18.08.2017 година заклучно до 24.08.2017 година и
  • 1 (еден) Смартфон Apple iPhone 7, 128GB - главна награда, кој ќе биде доделен на 01.09.2017 година.
  • Добитниците на наградите ќе бидат извлечени електронски, по принципот на случаен избор, а ќе учествуваат сите кредитни апликации на начин и услови наведени погоре. За текот на извлекувањето ќе се води записник, кој ќе биде потпишан од членовите на Комисијата која ќе биде составена од
    • Двајца претставници од ФД КРЕДИСИМО ДООЕЛ Скопје
    • Еден Правник

При извлекувањето, ќе бидат извлечени вкупно 7 (седум) добитници, по 1(еден) за секое од седумте извлекувања и 1 (еден) за главната награда и 1 (еден) резервен добитник за главната награда.

Извлекувањата ќе бидат во седиштето на Организаторот на Бул. „Илинден“ бр.47/1-2, 1000 Скопје-Центар, Република Македонија во 18 часот, во кои извлекувања ќе учествуваат сите клиенти на кои им е одобрен кредит во периодот од 07.07.2017 година заклучно до 31.08.2017 година.

ИЗВЕСТУВАЊЕ И ПОДИГНУВАЊЕ НА НАГРАДАТА

Член 9

Правилата за Наградната игра ќе бидат објавени на:

  • веб страните на Организаторот, www.credissimo.mk, www.credissimoplus.mk,
  • Facebook страната на организаторот www.facebook.com/credissimo.mk,
  • - мобилната апликација за Android: https://play.google.com/store/apps/details?id=com.appstrand.credissimo и
  • - мобилната апликација за iOS: https://itunes.apple.com/mk/app/credissimo-mk-%D0%BF%D0%B0%D1%80%D0%B8-%D0%BD%D0%B0%D0%B2%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B5/id1239299443?mt=8

Добитниците на наградата ќе бидат објавени во рок од 3 работни дена од денот на извлекувањето на наградата на:

  • веб страните на Организаторот, www.credissimo.mk, www.credissimoplus.mk,
  • Facebook страната на организаторот www.facebook.com/credissimo.mk,
  • - мобилната апликација за Android: https://play.google.com/store/apps/details?id=com.appstrand.credissimo и
  • - мобилната апликација за iOS: https://itunes.apple.com/mk/app/credissimo-mk-%D0%BF%D0%B0%D1%80%D0%B8-%D0%BD%D0%B0%D0%B2%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B5/id1239299443?mt=8

Организаторот ќе ги извести добитниците за добиената награда по електронска пошта на оние електронски адреси кои се наведени во Барањата за одобрување на кредит.

Доколку Добитникот нема наведено дополнителна електронска адреса, за адреса за контакт ќе се смета адресата која ја навел во Барањето за одобрување кредит.

Организаторот не одговара за неточно пополнети податоци во Барањето за кредит или неуспешен електронски пренос на податоците, прекин во комуникациската врска без разлика од причината од која потекнува, недостапност или немање на интернет, други причини како резултат на виша сила и сл.

Во случај да не може да се оствари контакт преку електронска адреса, добитниците ќе бидат дополнително известени телефонски.

Подигнувањето на главната награда ќе биде на датум, час и место договорени со Организаторот и добитникот, додека паричните награди ќе бидат префрлени на трансакциската сметка на добитниците преку кој ги добиле паричните средства на име кредит.

Добитникот на главната награда е должен во рок од 60 дена од денот на објавување на горенаведените веб страници да ја подигне наградата, доколку не дојде во договореното време и место со Организаторот.

Доколку Добитникот не ја подигне наградата во горенаведениот рок, го губи тоа право, во таков случај Организаторот има право, истата да не ја додели или да ја додели на резервниот добитник.

Со конечната реализација на наградите престануваат сите обврски на Организаторот на Наградната игра спрема добитниците.

Со самото учество во наградната игра, Учесниците ги прифаќаат овие Правила за наградна игра.

Доделувањето на наградите може да биде јавен настан. За лицата кои ќе учествуваат во Наградната игра, односно Учесниците кои ќе ги добијат наградите Организаторот има право да ги слика/снима со што нивните имиња и презимиња да станат јавни и да бидат користени во аудио, фотографија или видео материјал, без право на дополнителен надомест.

ПРАВО НА ПРИГОВОР

Член 10

Незадоволниот учесник во Наградната игра има право во рок од 5 (пет) дена од денот на објавување на списокот на добитници да поднесе приговор во писмена форма до ОРГАНИЗАТОРОТ на Наградната игра кој е должен во рок од 5 (пет) дена писмено да одговори на добиениот приговор.

ОГРАНИЧУВАЊЕ ЗА УЧЕСТВО

Член 11

Ако Организаторот утврди злонамерни дејствија од страна на Учесник во Наградната игра, со цел манипулација на истата, Организаторот има право да го дисквалификува и отстрани тој учесник. Организаторот има право да дисквалификува без предупредување секој Учесник, за кој се посомнева или утврди манипулативни дејствија, со цел освојување на Наградите.

Не може да биде Учесник во Наградната игра, лице кое е партнер или акционер или е во работен однос или врз основа на друг договор работи за Организаторот или работи со реализацијата, обезбедувањето и администрирањето на Наградната игра, како и членови на нивните потесни семејства.

Организаторот има за право да исклучи од учество во Наградната игра и да не дозволи добивање Награда на Учесник, за кој има податоци дека извршил злоупотреба со технички, програмски или други средства и уреди со цел неовластен пристап до системи на Организаторот и/или учество во Наградната игра и добивање на Наградата, или други дејства, спротивни на правилата на Наградната игра или на влезените во употреба нормативни акти.

ПРЕНОС И ЗАМЕНА НА НАГРАДАТА

Член 12

Наградата не може да се пренесе на друго лице. Наградата не може да биде заменета за готовина.

КОРИСТЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Член 13

Организаторот во целост ќе ги почитува одредбите од Законот за заштита на личните податоци и во пракса ќе цели кон одржување високо ниво на добра практика при обработка на личните податоци.

При механизмот на случано компјутерско извлекување на добитници, ќе се користат само ID броевите од Договорот за кредит, а нема да бидат користени нивните останати податоци.

Со самото Аплицирање, односно со одобрување на кредитот, Кредитокорисниците учествуваат во наградната игра. Доколку некој не сака неговите податоци да се обработуваат за таа намена, можат да го откажат своето учество во Наградната игра со Изјава за откажување пратена на е-маил адресата contacts@credissimo.mk.

За лицата кои ќе учествуваат во Наградната игра, односно Учесниците кои ќе ги добијат наградите Организаторот има право нивните лични податоци да ги користи во своите идни маркетинг активности.

ОТКАЖУВАЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА

Член 14

Организаторот има право по добивањето на одобрението од Министерството за финансии да ја откаже Наградната игра во било која фаза, со известување до јавноста преку дневниот печат, и на веб страните наведени во член 9 доколку настапи штетна последица предизвикана со кривично дело или поради дејство на виша сила.

ОТСТРАНУВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ ЗА НАГРАДНАТА ИГРА КОИ ШТО БИ МОЖЕЛЕ ДА НАСТАНАТ

Член 15

Евентуално настанатите спорови меѓу Организаторот и учесниците во Наградната игра ќе ги решава надлежниот суд во Скопје.

ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 16

Со исполнување на Правилата за учество во Наградната игра корисниците ги прифаќаат одредбите од овие правила. Овие правила ќе се применуваат по добивање на согласност од Министерот за финансии на Република Македонија и по нивното јавно објавување пред започнување на наградната игра, а ќе важат до завршување на Наградната игра, односно до завршувањето на рокот за подигнување на наградите.

Со конечната реализација на наградите престануваат сите обврски на Организаторот на Наградната игра спрема добитниците.

 

ФД Кредисимо ДООЕЛ Скопје:
06.07.2017 г.

 



Врати се назад

Прочитај повеќе