Израдуваме повеќе од 550 првачиња ширум Македонија

ОД Credissimo МК | 02.09.2021
Израдуваме повеќе од 550 првачиња ширум Македонија

По повод петтиот роденден на компанијата, одлучивме да израдуваме над 550 првачиња низ цела Македонија. Дел од нашите вработени кои што директно беа вклучени во организираната општествена кампања под името ,,Секогаш биди број 1”, заедно со училишниот караван посетија 18 основни училишта во:

  • Скопје;
  • Валандово;
  • Јосифово;
  • Берово;
  • Маврово;
  • Ростуше.

На првиот училишен ден, првачињата добија подароци со комплект тетратки, моливи, боици и друг училишен прибор кој што ќе им помогне да се подготват за почетокот на учебната година и да ќе ги мотивира полесно и без потешкотии да ги исполнуваат новните нови секојдневни активности и задачи.

Детската радост и ентузијазам, искрените насмевки, убавите зборови и благодарности на директорите на училиштата ги стоплија нашите срца.

Продолжуваме да се трудиме и да пружаме поддршка таму каде што е најпотребно, ќе даваме поддршка на секој кој кон патот на успехот сметаме дека има потреба од тоа. Секој труд и вложен напор, секоја желба и замисла подпомогнати и поддржани од некого полесно се исполнуваат.

Сметаме дека одговорноста и придонесот кон образованието на младите е одговорност на сите во општество. Токму поради тоа сакаме патот кон напредокот на првачињата да биде поддржан и од нас. Со овие подароци сакаме да ги мотивираме и да ги поттикнеме уште од првиот училишен ден да го дадат својот максимум, да го искористат својот потенцијал и секогаш да се борат да бидат број 1 во она што го прават. Ова е трета општествена кампања што ја правиме оваа година, а со посилно темпо продолжуваме и во следниот период - изјави Георги Руков, директор на ФД Кредисимо.

Како општествено одговорна компанија ќе продолжиме да потпомагаме кампании насочени кон развојот на образованието и едукацијата на младите. Подготвуваме уште многу нови општествени акции кои што исто така ќе бидат во полза на сите граѓани на општеството.

Назад

Прочитај повеќе

Со користењето на сајтот за брзи кредити credissimo.mk, ги прифаќаш условите за 'cookies' од наша страна. Со нив ние го подобруваме квалитетот на нашите услуги.