Одговорно кредитирање

Посветеност, доверба, лојалност
Аплицираj

Нашата посветеност за одговорно кредитирање

Нашите услуги се создадени така што секој да има целосна контрола врз парите кои ги зема, секој пат, кога се соочува со непредвидени трошоци. Високиот квалитет на работа и опслужување на клиентите ја прави credissimo поразлична од останатите компании. Ние го почитуваме Етичкиот Кодекс на трговска политика и нудиме јасни и транспарентни правила за кредитирање. Посветени сме на најдобрите практики за работа со клиенти, како кај краткорочните, така и кај долгорочните брзи кредити.

  • Флексибилни кредити

    За разлика од повеќето кредитори, кај нас го одбираш точниот износ кој сакаш да го добиеш, како и точно го одредуваш рокот, за кој ќе го вратиш. Не те обврзуваме за земање на одредени износи од кои немаш потреба и не наплаќаме камати и такси за подолг од наведениот од тебе период. Каматата на кредитот се менува во зависност од износот за кој аплицираш и периодот за кој ќе го користиш. При пополнување на барањето за кредит, можеш да правиш промени, се додека резултатот не те задоволи целосно.

  • Краткорочни кредити

    За разлика од кредитните картички, кога корисниците си дозволуваат да доцнат со роковите, кредитите од Credissimo треба да се враќаат секогаш коректно и навремено. Само тогаш можеш да ги користиш нашите услуги секогаш кога имаш потреба од пари. Наша основна предност и правило е да не ги зголемуваме каматите месец по месец неограничено. Во случај на невраќање на кредитот на договорениот датум, одредуваме максимален рок на отплата, по кој кредитот престанува да поскапува.

  • Транспарентни и јасни услови

    Ние го пресметуваме вкупниот износ кој треба да го вратиш за земање на секој кредит и те известуваме за истиот пред да го искористиш. Во него ја вклучуваме целата камата, за да сме сигурни дека сè е кристално јасно. Покрај тоа ние никогаш не ја менуваме договорената каматна стапка за периодот на кредитот. Единствениот начин да се зголемат трошоците за даден кредит е, ако не ги почитуваш условите на договорот и не го отплаќаш кредитот навреме.

  • Целосно онлајн

    Credissimo не е типичен кредитор, бидејќи нема потреба да праќаш никакви документи преку пошта или факс, дури не е потребно да стоиш долго време на телефон. Поднесувањето на барање за кредит и потпишувањето на договорот се вршат целосно онлајн. Ние имаме софтверски систем, со кој можеме да процесираме голем број апликации за кредити за многу кратко време и во исто време одобрување добиваат само оние клиенти, за кои сме убедени, дека ќе бидат коректни и прецизни при враќањето на износот.

  • Уверение

    Финансиско Друштво Кредисимо ДООЕЛ Скопје работи врз основа на Решение издадено од Министерот за финансии на Република Македонија бр.13-5945/7 од 30.06.2016 и е регистриран администратор на лични податоци од Дирекцијата за заштита на лични податоци.

  • Совети

    Нашиот сајт нуди финансиски услуги со јасни инструкции како да ги користиш одговорно. Апелираме секој да размисли добро пред да користи брз кредит, бидејќи ние очекуваме тој да биде вратен во одредениот рок. Ги имаме опишано сите најчесто поставувани прашања во врска со нашите кредити и нудиме поединечни решенија за секој клиент.

  • Доверба

    Се стремиме да изградиме одговорни и сигурни односи со секој клиент. За разлика од други компании, ние не нудиме гласни и нереални кредити со единствена цел да го добиеме вниманието на корисниците. Одобруваме кредити во износ до 40 000 денари. Ако за првпат испраќаш барање за кредит credissimo и ја наведеш максималната дозволена сума, ние често одобруваме кредит со помала вредност. Факторите кои ги земаме во предвид при проценка на износот на дадениот кредит се многу и различни. Во секој случај, ако го вратиш коректно првиот кредит, твојот кредитен рејтинг кај нас се зголемува. Тоа ќе ти овозможи да го добиеш максималниот износ што го нудиме за нареден кредит, а во некои случаи и повеќе од тоа. Последното важи особено за долгорочни и лојални клиенти со одлична кредитна историја.

  • Дали имаш одговорност, кога земаш брз кредит?

    Земањето на брз кредит не е одлука, која се донесува брзо и невнимателно. Не треба да забораваш, дека по добивање на парите, се обврзуваш да ги почитуваш условите од договорот. Ние инсистираме на добри и јасни односи со одговорни клиенти и ги презентираме фактите и условите на можно најјасен начин. Само ти ја донесуваш одлуката дали да аплицираш за кредит или не, затоа те молиме да го правиш тоа, само ако си убеден, дека ќе можеш да го вратиш износот на време.

Преземи ги принципите за одговорно кредитирање!