Периодот на свадби пристигна!

Периодот на свадби пристигна!

Сигурно веќе сте поканети на неколку свадби, а не знаете што да им подарите на младенците. Ние ви нудиме неколку предлози кои се надеваме ќе ви помогнат при изборот на совршен подарок за свадба.

Најмногу би сакале да најдеме подарок кој е и убав и корисен. Таа група ја сочинуваат подароци што го опремуваат домот. Ако ви е поважно да е убав, тогаш можете да одберете слика, ламба, рамки за слики, вазна, саксија цвеќе (палма, дрвото на животот и слично), украс од кристали, свеќник, музичка кутија, сад за овошје, мини-фонтана... Од друга страна, подароци за кои сметаме дека се повеќе корисни - брачна постелнина, апарати за во кујна, техника, завеси, ѕиден часовник, сервис, пешкири, бањарки...

Оригиналните подароци ги правиме или сами или наоѓаме идеја од негде, така сме сигурни дека нема уште некој да го има истиот подарок, но затоа сме помалку сигурни дека оригиналниот подарок ќе им се допадне на младите. Очекуваниот подарок, пак, е сигурна работа, дека на младите ќе им биде од корист, но проблемот тука е дека може да дојде до удвојување на подарокот – две правосмукалки, три пегли итн. Можеби решението е негде измеѓу, да подарите релативно очекуван подарок, но на истиот да бидат изгравирани или испечатени имињата на младите. Тоа може да бидат патни торби, ѕиден часовник со нивна фотографија, фотоалбум со нивна слика на корицата, кожени предмети со изгравирани имиња, везена постелнина, пешкири, сложувалки со нивните ликови, подлошки за чаши со нивните иницијали, приврзок за клуч со интересна порака, плоча со нивните имиња за влезната врата...

А што да се подари? 

Младенците започнуваат нов заеднички живот, па најдобра идеја е да им подарите нешто што ќе им користи за полесно да се адаптираат на новиот начин на живот. Подароците за дом се секогаш добар избор, сепак трудете се да бидат покреативни и интересни.

Апаратите за кафе се секогаш одличен избор. Деновите ќе им започнуваат со чаша од нивното омилено кафе: макијато, еспресо, капучино итн.

Здравиот начин на живот е нешто што се повеќе луѓе се трудат да го постигнат. Затоа во моментов соковниците се „во мода“, па сигурно нема да згрешите ако ги изберете за подарок.

Секако, со подарокот не заборавајте да одберете некој убав цветен аранжман.

Некои подароци се преубави затоа што траат кратко, но засекогаш се чуваат во срцата, како што се вкусна бомбониера од белгиски чоколади, масажа со етерично масло, целодневно уживање во спа-центар, летање со падобран/параглајдер, рафтинг-авантура, меден месец во егзотична земја.. а некои подароци се наменети да се чуваат целиот живот, да се прелистуваат, преслушуваат, облекуваат, носат, сакаат, да се поседуваат..

Со овие подароци ќе им посакате среќен и хармоничен заеднички живот на младенците. А истовремено ќе им помогнете полесно да се навикнат на новиот почеток.

Убаво размислете и одлучете се за вашиот посебен свадбен подарок. Искористете ги советите и одлучете што би било најпригодно за свадбената двојка. Бидете слободни во одлуката и имајте одврзани раце бидејќи Credissimo ви го дозволува тоа. Секој финансиски недостиг го покрива Credissimo. Aплицирајте за брз кредит до 80.000 денари и добијте одобрување за само 7 минути или за Credissimo до плата, каде секој 1-ви и 5-ти во износ до 12.000 ден. е со 0% камата.

Единственото правило е да се запамети дека свадбениот подарок треба да биде подарок од срце. Одовде, само добрите нешта може да се развиваат и да цута



Врати се назад

Прочитај повеќе