Втора година дониравме за Светскиот ден на Лицата со Даунов синдром

Втора година дониравме за Светскиот ден на Лицата со Даунов синдром

Како општествено одговорна компанија уште еднаш ја покажавме нашата посветеност и грижливост и по втор пат дониравме финансиски средства во вредност од 60.000 денари на здружението за помош и поддршка на лицата со Даунов синдром “Вера” од Струмица.

По повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром ги  вклучивме нашите следбеници од Facebook и Instagram и заедно со нивната помош и хуманост собравме средства во висина од 60.000 денари. На нашитепрофили на социјалните мрежи беше објавен пост со кој што ги повикавме своите наши следбеници да се приклучат во хуманитарната акција, пишувајќи уникатен коментар со срциња во различни бои, а за секој коментар ние дониравме по 50 денари. Оваа донација е од големо значење за здружението за помош и поддршка на лицата со Даунов синдром “Вера” од Струмица и ќе помогне за уште подобра грижа за лицата со Даунов синдром.

Постојат забавни и интерактивни начини со кои може да се направи хуманитарно дело кое ќе предизвика насмевка и ќе разбуди безброј емоции, а нашата компанија уште еднаш покажа дека овие начини функционираат и имаат успешен епилог. Преземањето на чекор напред во грижата и прифаќањето на различностите е темелот за подобра иднина за целото општество.

Поврзани статии

 Уште една хуманитарна акција на Credissimo

Уште една хуманитарна акција на Credissimo

По повод месецот на розoвата панделка, Credissimo донираше 60.000 ден. на невладиното Здружение ,,Езра”, за развој во здравството

Петка за „Сeкогаш биди број 1“ - кампања за поддржка на првачињата

Петка за „Сeкогаш биди број 1“ - кампања за поддржка на првачињата

Ја спроведуваме веќе петта година по ред. Ќе продолжиме и во иднина да ги поддржуваме првачињата со подароци за првиот училишен ден.

Реновиравме библиотека во Кочани

Реновиравме библиотека во Кочани

Целосно ја реновирановиравме библиотеката во ОУ “Раде Кратовче” во Кочани со што ги подобривме значително условите во училиштето

Подаривме 500 бесплатни влезници за поддржка на ЗОО во Скопје

Подаривме 500 бесплатни влезници за поддржка на ЗОО во Скопје

Оваа поддршка доаѓа во вистински момент, со оглед на тоа што трошоците за одржување на Зоолошката градина во зимските месеци се повисоки

Credissimo со донација за матурантите од ДСУРЦ „Св. Наум Охридски“

Credissimo со донација за матурантите од ДСУРЦ „Св. Наум Охридски“

Завршувањето на средното образование е првиот чекор во светот на возрасните и еден од најважните моменти во животот на секој млад човек.