Октомври - месецот на женското здравје

Октомври - месецот на женското здравје

Секоја година,  месец октомври е симбол за подигање на свеста за карциномот на дојката, а воедно и потсетник за правење редовни мамографски и ехо-прегледи. Овој тип на карцином, најчесто, се појавува кај жените и според многу истражувања на светско ниво, околу 20 % од болните ја губат битката со коварната болест.

Во Македонија, минатата година се пријавени 1.200 случаи на карцином на дојка, што е двојно повеќе од претходните неколку години. Поголем дел од пациентите се жени на возраст од 20 до 45 години. Според последните информации, на секои 100 жени, се појавуваат само 2 случаи карцином на дојка кај мажи.

Рани знаци и симптоми

Доколку постојат сомнежи за заболување од карцином на дојка, телото само ќе ти испрати знаци дека треба да реагираш. Најчесто првата реакција кај жените е откривање на грутка во градите, но има и други знаци на кои треба да се внимава и веднаш да се реагира, а тие знаци меѓу другите се и овие:

  • Вовлекување и нерамнини на кожата на дојката и околу неа;
  • Задебелување на ткивото на дојката;
  • Појава на осип и црвенило на брадавицата и околу неа;
  • Вовлекување, промена на формата и на позицијата на брадавицата;
  • Видливи вени на дојката;
  • Оток под пазувите;
  • Лачење на невообичаен исцедок од дојката.

Сите овие симптоми се доволна причина веднаш да се посети лекар за да се направи преглед и да се спречат потешки последици.

Причини

Големиот напредок на технологијата и медицината засега не успеале да откријат што го предизвикува карциномот на дојката, но има причини за зголемен ризик од заболување:

  • Семејна предиспозиција за карцином на дојка;
  • Жени со долга менструална историја;
  • Долготрајна употреба на хормонска контрацепција;
  • Консумирање на алкохол и пушење цигари.

Превенција

Запомни, дека кога е во прашање здравјето, никогаш не е доцна за воведување на промени и создавање на нови навики. Не е важно колку години имаш. Важна е желбата да имаш подобро здравје и да преземеш мерки кои, навистина, ќе доведат до тоа.

Секоја жена, барем еднаш годишно треба редовно да прави мамографски и ехо-прегледи. Доколку е потребно, по препорака на лекар овие прегледи може да бидат правени и на 3 или 6 месеци, со цел подобра превенција. Лекарите препорачуваат и самопреглед, а најдобро време за тоа е 3 до 5 дена по завршувањето на менструалниот циклус.  

Се препорачува содавање на следните навики во секојдневниот живот, со цел да се намали ризикот од заболувањето:

  • Редовно вежбај и одржувај ја твојата телесна тежина. Физичката активност го зајакнува имунитетот. Биди активен барем пет дена во неделата со 30-минутно умерено вежбање. Доколку си во можност да вежбаш, започни да пешачиш секој ден со одредено темпо.
  • Секојдневното консумирање на алкохол замени го само со консумирање во специјални пригоди. Секојдневната консумација на алкохолни пијалаци го зголемува ризикот од заболување со карцином на дојка до 21 %.
  • Внеси промени во начинот на исхрана. Избегнувај брза храна и печива, нив замени ги со овошје и зеленчук. Наместо црвено месо јади пилешко и морска храна.
  • Внесувај повеќе витамин Д. Според истражувањата тој ја намалува веројатноста од појавување на карцином на дојка. Освен тоа, витаминот Д е добар за имунитетот и коските.
  • Одржувај ја твојата телесна тежина. Прекумерната тежина го зголемува ризикот од појава на карцином на дојка до 40 %, независно од тоа колку години имаш.

Создавањето на целосно нови и заменувањето на лошите со здрави навики, секогаш е голем предизвик, па затоа не заборавај дека доколку ти е потребна поддршка,  можеш да ја побараш од семејството или пријателите, за полесно да ги постигнеш сопствените цели.

Искрено се надеваме дека овие препораки од Credissimo ќе бидат добар совет за тебе и ќе започнеш повеќе да се грижиш за своето здравје.



Врати се назад

Прочитај повеќе