Студеното време влијае сурово на убавината на кожата и косата. Ниската температура и ниското ниво на влажност резултираат со сув воздух што ја отстранува влагата од кожата. Суровите есенски ветрови и сувата топлина во просториите може да го влошат проблемот и да доведат до видно испукана кожа, особено на рацете.
Иако дополнителната хидратација помага, треба да направиш повеќе за заштита на кожата во овој период. Еве неколку совети како да го намалиш црвенилото и да ја одржиш кожата здрава и еластична додека не се стопли времето.
Хигиена и нега
Хигиената е половина здравје и редовното миење на рацете придонесува за заштита од вирусите кои се честа појава во овој период. Меѓутоа, честата употреба на силни сапуни може да ја уништи вашата кожа. За заштита на рацете, додека истовремено го заштитуваш твоето здравје со често миење на рацете, избери благ сапун, користи млака вода и веднаш нанеси крем.
Ако имаш премногу суви раце или ги миеш рацете десетина или повеќе пати на ден, или пак твојата професија го налага тоа, замени ги сапунот и водата со антибактериски гел или пак со марамчиња. Иако можат да содржат алкохол и ја сушат кожата, тие се помалку абразивни од сапунот и водата.
Избегнувај жешки тушеви
Долгите жешки тушеви се навистина едно од најубавите нешта во студените периоди од годината. Сепак, иако прават да се чувствуваш одлично, жешките тушеви можат прекумерно да ги отстранат маслата од кожата, кои всушност се многу здрави. Наместо тоа, користи умерено топла или млака вода која нема дополнително да ја изгори твојата кожа.
Избери крем со посилна хидратација
Добриот крем за раце може да ти помогне во заштита на чувствителната кожа кога надвор е студено. Но, препорачливо е да се избере оној крем кој е базиран на масло, а не на вода. Кога избираш крем, разгледај ја неговата содржина и избери некој кој содржи состојки како што се течен парафин, ланолин или минерално масло, кои ја хидрираат кожата со тоа што создаваат слој од масло на површината на кожата и спречуваат испарување на водата. Добрите креми за раце често содржат глицерин, бидејќи оваа состојка помага да се задржи водата во надворешниот слој на кожата, правејќи ги рацете хидрирани и меки.
Убавината произлегува од здравјето, па затоа не изоставувај ја грижата што ја заслужуваш и посвети си време да се третираш како што треба. Подари си третмани за кожа и квалитетни производи кои ќе ти ја овозможат потребната нега. Сето тоа сега можеш да си го дозволиш, благодарение на Credissimo до плата до 20.000 денари, со 0% камата и без дополнителни административни трошоци, или Credissimo плус до 80.000 денари.