Изненади ја омилената дама за 8-ми Март!

Аплицираj
Изненади ја омилената дама за 8-ми Март!

Сподели ни како би сакал да ја изненадиш омилената дама за 8-ми Март, преку анкетата во нашата нова Facebook игра! 

Избери го твоето изненадување и може да си еден од добитниците!

И не заборавај, жената треба да се сака и почитува преку целата година!

Како?

Учествувај во играта, преку избирање на еден од можните 3 одговори на прашањето "Со кое од следните изненадувања би ја израдувал омилената дама за 8-ми Март?" во анкетата која ќе биде објавена на нашата Facebook страница на 22.02.2019

Кои се изненадувањата?

Секој учесник кој одговорил на анкетата е потенцијален добитник. Наградите се следни:

  • Вечера за двајца во ексклузивен ресторант
  • Ваучер за Релакс Масажа
  • Огромен букет од рози и чоколадни бонбони

Кога?

Играта започнува на 22.02.2019 и ќе трае до 07.03.2019 до 12:00 часот. Играта ќе се спроведе соогласно ОУ на играта кои ќе бидат објавени на официјалната страница на Credissimo во Facebook

Добитниците на наградите се:

  • Викторија Панова, ваучер за Релакс Масажа
  • Маја Атанасовска Спасеска, вечера за двајца во ексклузивен ресторант
  • Томислав Крстевски, букет од рози и чоколадни бонбони

ПРАВИЛА НА НАГРАДНА ИГРА - „ИЗНЕНАДИ ЈА ОМИЛЕНАТА ДАМА ЗА 8-МИ МАРТ!“

Согласно Законот за игрите на среќа и за забавните игри („Сл. Весник на РМ“, број 24/11, 51/11, 148/11, 74/12, 171/12, 27/14, 139/14, 61/15 и 154/15 и 23/16), а во врска со член 125 и 126 од Законот, се утврдуваат следните правила на наградната игра:

ОРГАНИЗАТОР

Член 1

Организатор на Наградната игра „ИЗНЕНАДИ ЈА ОМИЛЕНАТА ДАМА ЗА 8-МИ МАРТ!“ (во понатамошниот текст именувана само како „Наградна игра“) е Финансиско друштво КРЕДИСМО ДООЕЛ Скопје (во понатамошниот текст „Организатор“) со регистрирано седиште на Бул. „Илинден“ бр.47/1-2, 1000 Скопје-Центар, Р. Македонија, со електронска пошта: contacts@credissimo.mk

ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ

Член 2

Наградната игра има за цел да се изврши анкета со прашања и понудени неколку одговори, од кои може да се селектира само 1, поврзани со празникот 8-ми март.

ОФИЦИЈАЛНО ИМЕ, ОПИС И ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА

Член 3

Официјалното име на Наградната игра е „ИЗНЕНАДИ ЈА ОМИЛЕНАТА ДАМА ЗА 8-МИ МАРТ!“

Право на учество во Наградната игра имаат сите полнолетни физички лица – државјани на Р. Македонија, лица со и над 18 - годишна возраст кои одговориле на прашањата од анкетата објавена на официјалната страница на Facebook на ФД КРЕДИСИМО ДООЕЛ Скопје.

- Наградната игра ќе започне од 22.02.2019 година од 08:00 часот и ќе трае до 07.03.2019 година до 12:00 часот.

ТЕРИТОРИЈА

Член 4

Наградната игра се организира на територијата на Р. Македонија и важи за сите полнолетни физички лица – државјани на Р. Македонија, лица со и над 18 годишна возраст кои одговориле на прашањата од анкетата објавена на официјалната страница на Facebook на ФД КРЕДИСИМО ДООЕЛ Скопје.

ПОДАТОЦИ ЗА НАГРАДИ

Член 5

Во Наградната игра ќе бидат доделени следните награди:

- Вечера за двајца во ексклузивен ресторант во вредност од 3000 денари;

- Ваучер за Релакс Масажа во вредност 1500 денари;

- Огромен букет од рози и чоколадни бонбони во вредност од 3000 денари;

Добитниците на наградите ќе ги добијат на 07.03.2019 година на начин претходно договорен со Организаторот на Наградната игра.

ВРЕДНОСТ НА СЕКОЈА НАГРАДА ОД ФОНДОТ НА НАГРАДИ И ВКУПНА ВРЕДНОСТ НА ФОНДОТ НА НАГРАДИ ( ВО ДЕНАРИ)

Член 6

Вкупниот награден фонд изнесува 7500 денари.

ПРАВО НА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА

Член 7

Право на учество во Наградната игра имаат сите полнолетни физички лица – државјани на Р. Македонија, лица со и над 18 - годишна возраст кои одговориле на прашањата од анкетата објавена на официјалната страница на Facebook на ФД КРЕДИСИМО ДООЕЛ Скопје.

Еден учесник во Наградната игра има право да биде извлечен само за една од наградите предвидени во член 5.

Пополнетата анкента во која се оставаат, име и презиме, имеил адреса, телефон за контакт од својот facebook профил и согласност за обработка на лични податоци претставува потврда за учество во наградната игра.

Учесниците кои не ги прифаќаат овие Правила на наградната игра не треба да ја пополнуваат анкетата во спротивно сите учесници ќе се сметаат дека ги прифаќаат Правилата на наградна игра и ќе учествуваат во неа.

Наградата ќе биде доделена само ако учесниците се квалификувани, имаат право на учество и ако целосно ги почитуваат Правилата на наградната игра.

ИЗВЛЕКУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ

Член 8

Добитниците на наградите ќе бидат извлечени електронски, по принципот на случаен избор, а ќе учествуваат сите пополнети анкети на начин и услови наведени погоре. За текот на извлекувањето ќе се води записник, кој ќе биде потпишан од членовите на Комисијата која ќе биде составена од:

- Двајца претставници од ФД КРЕДИСИМО ДООЕЛ Скопје

- Еден Правник

При извлекувањето, ќе бидат извлечени вкупно 3 (три) добитници, по 1(еден) за секоја од наградите.

Извлекувањата ќе бидат во седиштето на Организаторот на Бул. „Илинден“ бр.47/1-2, 1000 Скопје-Центар, Република Македонија во на 07.03.2019 година, во 14 часот, во кои извлекувања ќе учествуваат сите оние кои правилно ја пополниле анкетата.

ИЗВЕСТУВАЊЕ И ПОДИГНУВАЊЕ НА НАГРАДАТА

Член 9

Правилата за Наградната игра ќе бидат објавени на:

-официјалната Facebook страна на Организаторот, https:www.facebook.com/credissimo.mk, по добивање на согласност од Министерството за финансии на Република Македонијa, пред започнувањето на наградната игра.

Добитниците на наградата ќе бидат објавени во рок од 2 часа по крајот на наградната игра на:

- Facebook страната на организаторот www.facebook.com/credissimo.mk,

Организаторот ќе ги извести добитниците за добиената награда по електронска пошта на оние електронски адреси кои се наведени во пополнетата анкета.

Организаторот не одговара за неточно пополнети податоци во Анкетата или неуспешен електронски пренос на податоците, прекин во комуникациската врска без разлика од причината од која потекнува, недостапност или немање на интернет, други причини како резултат на виша сила и сл.

Во случај да не може да се оствари контакт преку електронска адреса, добитниците ќе бидат дополнително известени телефонски.

Добитниците на наградите ќе можат да ги подигнат на датум, час и место договорени со Организаторот и добитникот, но не подоцна од 1 ден од денот на објавување на добитникот.

Доколку Добитникот не ја подигне наградата во горенаведениот рок, го губи тоа право, во таков случај Организаторот има право, истата да не ја додели или да ја додели на резервниот добитник.

Со конечната реализација на наградите престануваат сите обврски на Организаторот на Наградната игра спрема добитниците.

Со самото учество во наградната игра, Учесниците ги прифаќаат овие Правила за наградна игра.

Доделувањето на наградите може да биде јавен настан. За лицата кои ќе учествуваат во Наградната игра, односно Учесниците кои ќе ги добијат наградите Организаторот има право да ги слика/снима, со претходна писмена согласност од добитниците, со што нивните имиња и презимиња да станат јавни и да бидат користени во аудио, фотографија или видео материјал, без право на дополнителен надомест.

ПРАВО НА ПРИГОВОР

Член 10

Незадоволниот учесник во Наградната игра има право во рок од 5 (пет) дена од денот на објавување на списокот на добитници да поднесе приговор во писмена форма до ОРГАНИЗАТОРОТ на Наградната игра е должен во рок од 5 (пет) дена од денот на приемот на приговорот, писмено да одговори на добиениот приговор.

ОГРАНИЧУВАЊЕ ЗА УЧЕСТВО

Член 11

Ако Организаторот утврди злонамерни дејствија од страна на Учесник во Наградната игра, со цел манипулација на истата, Организаторот има право да го дисквалификува и отстрани тој учесник. Организаторот има право да дисквалификува без предупредување секој Учесник, за кој се посомнева или утврди манипулативни дејствија, со цел освојување на Наградите.

Не може да биде Учесник во Наградната игра, лице кое е партнер или акционер или е во работен однос или врз основа на друг договор работи за Организаторот или работи со реализацијата, обезбедувањето и администрирањето на Наградната игра, како и членови на нивните потесни семејства.

Организаторот има за право да исклучи од учество во Наградната игра и да не дозволи добивање Награда на Учесник, за кој има податоци дека извршил злоупотреба со технички, програмски или други средства и уреди со цел неовластен пристап до системи на Организаторот и/или учество во Наградната игра и добивање на Наградата, или други дејства, спротивни на правилата на Наградната игра или на влезените во употреба нормативни акти.

ПРЕНОС И ЗАМЕНА НА НАГРАДАТА

Член 12

Наградата не може да биде заменета за готовина.

КОРИСТЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Член 13

Организаторот во целост ќе ги почитува одредбите од Законот за заштита на личните податоци и во пракса ќе цели кон одржување високо ниво на добра практика при обработка на личните податоци.

При механизмот на случано компјутерско извлекување на добитници, ќе се користат личните податоци од facebook профилот наведени во анкетата.

Со самото пополнување и праќање на анкетата, лицата учествуваат во наградната игра. Доколку некој не сака неговите податоци да се обработуваат за таа намена, можат да го откажат своето учество во Наградната игра со Изјава за откажување пратена на е-маил адресата contacts@credissimo.mk,

За лицата кои ќе учествуваат во Наградната игра, односно Учесниците кои ќе ги добијат наградите Организаторот има право нивните лични податоци да ги користи во своите идни маркетинг активности.

ОТКАЖУВАЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА

Член 14

Организаторот има право по добивањето на одобрението од Министерството за финансии да ја откаже Наградната игра во било која фаза, со известување до јавноста преку дневниот печат, и на веб страниата наведени во член 9 доколку настапи штетна последица предизвикана со кривично дело или поради дејство на виша сила.

ОТСТРАНУВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ ЗА НАГРАДНАТА ИГРА КОИ ШТО БИ МОЖЕЛЕ ДА НАСТАНАТ

Член 15

Евентуално настанатите спорови меѓу Организаторот и учесниците во Наградната игра ќе ги решава надлежниот суд во Скопје.

ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 16

Со исполнување на Правилата за учество во Наградната игра лицата ги прифаќаат одредбите од овие правила. Овие правила ќе се применуваат по добивање на согласност од Министерот за финансии на Република Македонија и по нивното јавно објавување пред започнување на наградната игра, а ќе важат до завршување на Наградната игра, односно до завршувањето на рокот за подигнување на наградите.

Со конечната реализација на наградите престануваат сите обврски на Организаторот на Наградната игра спрема добитниците.