14 совети како да заштедите пари од струја (дел 2)

14 совети како да заштедите пари од струја (дел 2)

Совети и малку познати трикови за намалување на трошоците за струја


Дали ви се случило да останете без струја? Не, не поради технички проблеми или заради некој дефект. А на пример затоа што не сте ги платиле сметките. Не сте имале пари или сте заборавиле и рокот поминал. Доколку имате позитивен пристап, може тоа што ќе немате струја од една страна може и да е романтично. Вечера на свеќи, макар и ладна. Приказни за духови. Тишина без телевизор, во која можат да се водат пријатни разговори или да се чита убава книга.

Но само доколку сте позитивни, во спротивен случај Вашиот умот започнува да црта други слики: како фрижидерот на следниот ден ќе се растече и половината јадење ќе оди во бестрага. Како утре ќе треба да одвоите време од напорниот ден за да се прошетате да си ја платите сметката и да пополните барање за да Ви ја пуштат струјата. Како ќе снема батерија на телефоните и лаптопот. Осен тоа ќе го пропуштите филмот или емисијата која ја следите. Ужасно.

Од внесувањето на струјата во секојдневието во крајот на 19ти век сме станати тотално зависни од неа, исто како и од ресурсите од прва потреба како што се вода, храна, сон, а за некои и љубов. Соодветно и нивното недостасување може да не изнервира и сериозно да ни го поремети секојдневието.

Овој прекрасен изум на цивилизацијата има само два недостатоци. Прво, струјата чини пари. Второ, неговото производство не е толку поволно за Мајката Земја колку што е за нас луѓето кои ја населуваме..

Со други зборови, доколку сакате да направите нешто корисно за себе (респективно за својот буџет) и за природата (личен придонес за забавување на климатските промени), помислете за ограничување на неговата употреба

Следуваат и кратките совети со кои што ќе можете да го постигнете тоа. Некои од нив се исплатлива инвестиција, а други се прашање на навика.

 

11 Совети како да заштедите пари од сметки за струја и природата да Ви биде благодарна за тоа

 

Неколку уреди кои ќе ви помогнат да заштедите:

6. Уред за далечинско управување на домаќинството.

Со него дури и кога не сте дома може да контролирате што да работи, а што не. На пример нема да ја држите климата цел ден вклучена на висока температура, за да може кога ќе се приберете температурата да е како традиционалната за Ескимско иглу. Може само да го појачите час пред да се приберете.

7. Исклучувате ги уредите си дистанционно

Доколку го памтите советот од т.4, а имено да ги исклучувате уредите и тоа ви изгледа досадно – побарајте паметни штекери. Тие се вклучуваат во основниот штекер и понатаму сè поврзано кон нив може да се управува со далинско. Едноставно и лесно.

8. Апарати за заштеда на струја.

Тука веќе купувањето е на Ваша одговорност, бидејќи мислењата во врска со ефикасноста им се сериозно поделени. 
Но за да не излезе дека т. 7 не е совет, еве нешто корисно: Апарати кои ја пресметуваат потрошувачката. Не знаете колку трошат уредите по дома? Со вакви апарати ќе видете јасна слика и ќе го контролирате користењето на струја многу подобро. Во суштина личат на мини бројачи и се поставуваат на различни места во инсталацијата. Покрај количината струја, може да се пресмета и цената, да бидат поставени различни тарифи итн.

Постојат голем број мали трикчиња кои може да се внесете во секојдневниот живот, за да заштедите на струја. И тоа без да влијае на квалитетот на живот и без непотребно малтретирање:

9. Најмногу апарати и потрошувачка има во кујната,

што значи дека таму е местото каде што може и да заштедите најмногу. Тенџерињата и тавите е добро да одговараат на големината на плотната. А неа, како и рерната, гаснете ги 5-10 минути пред крајот на готвењето. Освен доколку не печете колачи! Во никој случај не штедете од подготовката на колачи! Сепак за секакви други јадења ова е добар совет. Едноставно не го отстранувајте садот од огнот и преостанатата топлина би требало да си ја заврши работата.


10. Машината за миење садови штеди не само струја, но и вода.

Не ја преполнувајте машината и пробајте да ја пуштите на пониска температура. Всушност истото важи и за машината за перење.

11. Штедливите светилки

трошат повеќе, доколку се гасат и пуштаат често, отколку ако се остават да работат (бидејќи при секое светнување треба допрва да загреваат). Па ако веќе сте со такви, не правете дискотека при секое влегување и излегување од собата, а гаснете ги само доколку навистина трајно нема да ја користите просторијата. Кај обичните светилки сепак ситуацијата е токму спротивна! Гаснете ги при секој удобен случај.

12. Не го прекинувајте целосно греењето кога сте надвор од дома.

Оставете да одржува минимална топлина, но да не биде исклучено. Потоа ќе успее да постигне пријатна температура побрзо и поевтино.

13. Редовно чистете ги филтрите на климатизерите,

бидејќи нивното загадување им ја намалува ефикасноста, а тоа ве тера да ги појачувате и со тоа ја зголемувате и сметката за струја.

14. Не заборавајте ја изолацијата на таванот.

Дали од тоа што го имате учено во училиште памтите дека топлиот воздух се крева нагоре и ја носи топлината каде? Кон подот на соседот над вас. Освен доколку не Ви е многу добар и драг пријател, овој гест кон него е непотребен, затоа држете си ја топлината за Вас.

 

А сега присетете се дека со овие едноставни работи и инвестиции помагате не само на себе, но и на општеството и светот. Не е доволно да ги гасиме светлата 60 минути на Денот на Земјата, нели така. А дали знаете колку се заштедува од изгаснување на светлата за само еден час само во Македонија? Количина еднаква на потрошувачката на над 100 домаќинства за цела година! И тоа имајќи во предвид дека не сите навистина ги гаснат светилките. Замислете само колку може да се постигне, доколку секој од нас примени дури мал дел од наведените погоре совети!

Навистина, за еден дел од нив е потребно да одвоите средства. Но олеснувањето во месечните сметки ќе Ве убеди дека го имате земено правилното решение. Доколку сте решени да преземете таков чекор, од Кредисимо сме на располагање да Ви дадеме финансиска поткрепа!

Прочитај го првиот дел од статијата тука



Врати се назад

Прочитај повеќе