30 факти за парите кои никој не знае

30 факти за парите кои никој не знае

Сигурно знаете што значат парите и како да ги користите. Но и тие, како и сè околу нас, се менувало значително низ вековите. И продолжува да се менува, па - кој знае, некој ден идните поколенија сигурно ќе зборуваат за платните средства кои ги користиме денес, како за нешто забавно и архаично. Љубопитните факти за парите се стотици, но тука избравме триесетина од најинтересните.

  1. Најстарата форма на платежни средства биле говедата. Секоја глава добиток се нарекувала "caput" - на латински тоа е зборот за "глава". Од таму потекнува и capital или капитал, кој и до денес ги користиме.
  2. Римјните се првите кои излеале монета со ликот на жив човек. Во 44 година п.н.е. Хр. Јулиј Цезар наредил неговото лице да биде исечено на монетите.
  3. А пак најмногу штанцуван човек врз пари е кралицата Елизабета Втора. Бидејќи многу држави се под јурисдикција на Обединетото Кралство ликот и се појавувал на парите од Австралија до Тринидад и Тобаго.
  4. В средните векови витези не носеле пари во себе, поради многутте насилници и крадци. Наместо тоа имале специјални прстени со печатење. Кога требало да плаќаат нешто сметката ја потпечатувале со прстенот и после нејзиниот сопственик требало да отиде во палатата, за да си ги добие парите за неа.
  5. Американската служба Сикрет сервис, која во моментов се занимава со обезбедувањето на претседателот на САД, била основана во 1865 година Тогашната нејзината улога била да се бори со фалсификатите на пари. А по Граѓанската војна фалсификуваните пари биле околу половина од сите пари во промет.
  6. Машините за броење на пари можат да пребројат до 2500 монети во минута или 100 банкноти за 4 секунди. Притоа ја разликуваат деноминацијата и ги препознаваат фалсификатите.
  7. По светот има 1 милион и 600 илјади банкомати. Има дури во Антарктикот. А најмногу пари од банкомат се повлекуваат во петок.
  8. Првите банкноти се создадени во Кина пред 1400 година. Таму секој кој си дозволи да фалсификува пари, бил осудуван на смрт со вадење на срцето.
  9. Изразот "да ти излезе низ носот" доаѓа од Ирска. Некогаш таму им ги сечеле носевите на луѓето кои не ги плаќале сметките и даноците.
  10. Секоја година во светот се печатат повеќе пари за играта Монопол, отколку вистински банкноти.
  11. Во 2002 година е направено истражување кое покажува дека 94% од парите имаат по себе штетни микроби. Освен тоа вируси на грип можат да преживеат на банкнота во текот на две недели. Чести "жители" се и предизвикувачите на салмонела и ешерихија коли. Парите се навистина валкани ...
  12.  Ако човек поседува 1 милијард во банкноти од по 10 денари и трошите една од нив секоја секунда, ќе му требаат 317 години за да ги потроши сите.
  13.  А ако Бил Гејтс почне да троши 1 милион долари на ден, ќе му одземе 218 години да потроши сите пари.
  14.  Ако сопругата или долгогодишната партнерка има поголема плата од мажот, се зголемува веројатноста тој да развие еректилна дисфункција или невротичност.
  15.  Друго истражување покажува дека милионерите чувствувале поголемо задоволство при секс. Жените пак чувствувале поголемо задоволство кога партнерот им е богат.
  16.  Најчеста причина за развод се токму парите и попрецизно споровите за нив.
  17.  Најраната форма на банки биле верските храмови. Таму луѓето го чувале житото или благородните метали, кои ги користеле за плаќање.
  18.  Валтер Кавани, кој живее во Калифорнија, е познат како "Мистер пластик фантастик". Причината е дека поседува над 13 000 кредитни картички - најголемата колекција во светот.
  19.  Зборот "кеш" доаѓа од кинески. Еднo ќесе со сто монети на кинески се нарекува "кеш".
  20.  Најскапиот објект кој некогаш бил заговор, е Меѓународната вселенска станица. Создавањето ја чини 150 милијарди долари.
  21.  Последните зборови на Боб Марли биле: "Парите не можат да купат живот".
  22.  Нарко шефот Пабло Ескобар држи толку многу кеш во својот дом, така што секоја година банкноти во вредност од 1 милијарда долари се оштетуваат од стаорци.
  23.  Според истражувањето, да потрошиш пари за другите те прави посреќен отколку ако трошиш за себе.
  24.  Една банкнота може да претрпи до 8000 преклопувања, пред да се скине. Различните деноминации сепак имаат и различен рок на живот.
  25.  Сега искинатите банкноти ги лепиме со селотејп, а во принцип треба да се враќаат во банката. Пред 200 години немале селотејп и ги шиеле со игла и конец.
  26.  Само 8% од парите во светот се физички и во оптек. Останатите се "компјутерски" Поинаку кажано дигитални и не постојат физички.
  27.  Фалсификувањето на пари е честа тактика при војна, за да се поткопа економијата на противникот. Во Првата светска војна Германија фалсификувала британска валута, а подоцна САД фалсификувале јапонска. Во моментов, пак најголемиот фалсификатори на американски долари е Северна Кореја.
  28.  Дали некогаш сте размислувале каде доаѓа зборот "банкнота"? Од bank note - банкарска белешка.
  29.  На глобално ниво коцкарскиот сектор формира поголема добивка од филмскиот и музичкиот сектор, хотелската бранша, крстарење, спортот и забавни паркови.
  30.  Најголемата и скапа монета во светот е издлабена во Австралија. Дијаметарот и е 80 см., а дебелината и е 12 см. и е направена од чисто злато. Официјалната вредност, издлабена на неа, е 1 милион долари. Но, само вредноста на златото, од кое е направена, е 50 милиони долари

А знаете ли дека одамна е докажано дека трошењето на парите за авантури, нè прави неколку пати посреќни отколку трошење пари за предмети. Значи искористете го преостанатото лето и организирајте си една среќна екскурзија. Ако имате финансиски тешкотии и тоа ве запира - во пресрет ви се "Credissimo плус" и "Credissimo до плата", најудобните брзи кредити, кога имате потреба од пари.



Врати се назад

Прочитај повеќе