Како го постигнале успехот големите инвеститори? - дел 1

ОД Credissimo МК | 19.07.2017
Како го постигнале успехот големите инвеститори? - дел 1

Имате ли идеја кој е најбогатиот човек на планетата за сите времиња? Во првиот момент во умот сигурно ви доаѓаат имиња како Бил Гејтс и Ворен Бафет, или некој римски император? Хм, блиску сте, но не сосема.

До денес најбогатиот човек во историјата е (беше) Џон Рокфелер. Показателот е големината на неговото богатство, претставен како процент кон националната економија. Во овој ВИП ТОП 10 влегуваат личности од различни епохи и држави (и империи), но пред да преминеме кон него, прво некои факти.

Зголемување на бројот на милијардери

Во 2017 година, според податоците на Forbes во светот има 2043 милијардери! Нивното вкупно богатство изнесува 7,7 трилиони долари. Само пред 10 години нивниот број бил под илјада. А во првите години откако изданието води статистика - (по 1987 година) - бројот на милијардери во светот бил под 200 со вкупно богатство од 300 - 500 милијарди.

Во топ пет на оваа година се: Бил Гејтс, Ворен Бафет, шефот на Amazon Џеф Безос, претприемач и сопственик на модната марка Zara Амансио Ортега, и основачот на Facebook Марк Закерберг. Кон овогодишниот список на милијардери се приклучија 195 нови лица. И има млади, иако не преовладуваат - 56 лица од милијардерите се на возраст под 40 години.

Има разлика помеѓу оние кои започнале со наследство и оние кои успеале сами

Пред извесно време студија на Forbes утврди дека има некои суштински разлики во однесувањето меѓу богатите кои наследиле или кои ги добиле парите по роднинска линија и оние кои успеале сами да ги стекнат.На прв поглед разликите се изразуваат главно во подготвеноста за ризик. На пример импровизирани богаташи го зголемуваат своето богатство преку инвестиции во компании и на берзата, додека оние богатите од наследство преферираат да се обложуваат на не толку динамични пазари како недвижностите. Оние кои ги наследиле се плашат дека може да го изгубат своето богатство, додека оние кои сами го стекнале се плашат од евентуален неуспех при неговото зголемување.

А знаете ли каква е добрата вест: повеќето богати луѓе во светот го имаат постигнато тоа сами. Оние кои се збогатиле преку наследство се помалку.

Успешните имаат слично поведение и однесување

Сосема природно најбогатите луѓе во светот се предмет на љубопитноста на психолози, антрополози, невробиолози, финансиски гуруа и воопшто секаков вид научни и ненаучни обиди да се разбере како овие луѓе го постигнале своето богатство. Утврдено е дека успешните богаташи имаат слични навики кои им дозволуваат да мислат и да реагираат соодветно, да задржуваат продуктивност, да земаат правилни одлуки и др. Еве некои:

  • Не се плашат да преземат ризици. Не, не е затоа што се богати, не е многу пријатно да се изгубат десетици и стотици милиони, дури и кога си милијардер. Просто знаат дека тоа е начинот за да се движат напред со поголема брзина.
  • Инвестирање во себе. Сигурно сте слушнале дека богатите и успешни луѓе сакаат да читаат. Најмногу сакаат да читаат како да станат уште побогати, но не само тоа. Сакаат да учат, да земаат пример од мудри луѓе и доста често се грижат за своето здравје, спортуваат, медитираат, имаат свој специфичен утрински ритуал и се научиле кога и како да работат и соодветно да одмораат. Сето ова се учи.
  • Имаат флексибилни стратегии. Без разлика дали станува збор за бизнис или за секојдневие, секогаш имаат тенденција да ги менуваат плановите и целите или едноставно да бараат алтернативни правци кон нив. За разлика од повеќето луѓе кои при пречка наместо да го променат планот или се инатат како магаре, или едноставно се откажуваат.

Се разбира заедничките одлики не се само овие, но ако сакате да ја истражувате подетално психологијата, однесувањето и размислувањето на богатите, ќе треба сами да инвестирате во голем број на книги на оваа тема.

А еве ги и десеттмината најбогати луѓе на сите времиња:

  1. Џон Рокфелер. Во младоста тој изјавил дека има две соништа во животот - да успее да направи 100 000 долари и да доживее до сто години. Умира месец и половина пред да ја наполни 100 година, но со првата задача се справил доста добро. Роден во семејство на мрзлив татко - измамник и домаќинка, не може да се каже ниту дека бил богат, ниту дека имал добар пример. И сепак успева. Започнал како помошник сметководител со минимална плата. Потоа со еден пријател основаат фирма за достава на прехранбени производи. А потоа Standard Oil - нафтена компанија достигнала димензиите на монопол. Во тоа време нафтата и особено бензинот не биле особено популарни суровини, па Рокфелер едноставно осеќа добра возможност. Од младите години до смртта донира 10% од неговиот приход за добротворни цели т.е. донирал повеќе од половина богатство.
  2. Ендрју Карнеги. Од 16 годишен почнува да работи - како чирак во текстилна фабрика, како оператор на телеграф, како железничар. На 20 години ја продава семејната куќа и инвестира: во компанија за испорака на пратки, во производство на спални вагони, во производство на челични производи, шини и во нафта. Вистинските пари доаѓаат од челикот. А 90% од богатството го дарил во добротворни цели.
  3. Николај II. Последниот император на Русија, богат по наследство и историја полна со мистерии и трагедии. Царското семејство поседува 70% од земјиштето во Русија, меѓу што палати, накит и уметнички дела. И патем по одржувањето на сопственоста од болшевиците до ден денешен се носат легенди, каде може да е скриено царското богатство.
  4. Вилијам-Хенри Вандербилт. Се раѓа со две предности: Наследство од 100 милиони долари и ужасен татко, кој во обидот да го претвори во бизнисмен постојано го навредува и понижува, со што конечно го исфрла од дома. Вилијам-Хенри почнува бизнис како помошник сметководител и живее прилично очајно, додека неговиот татко - Корнелиус Вандербилт, се разболува и подоцна умира. Јавно неговите најчудни методи на воспитување даваат резултат, бидејќи најголемиот син добро управува и развива бизнис и станува најбогат човек на своето време.
  5. Асаф Јах VII (од раѓање со име Осман Али Кан) е последниот владетел на Хидерабаба и Берар пред територијата да се приклучи кон Индија. Освен со своето богатство е познат со реформскиот дух - инвестира исклучиво во развој на образованието - прави основното образование задолжително и бесплатно, во науката, во изградба на инфраструктура и железнички линии, во поставување на електрична енергија. Во 1937 година е на насловната страница на списанието. Time како најбогатиот човек во светот.
  6. Ендрју Мелон. Ја основа првата компанија за дрво уште на 17 година, а десет години подоцна ја презема контролата врз банката основана од неговиот татко. Инвестира во нафта, челик, градење на бродови и градежништво. Во 1921 година станува министер за финансии при американскиот претседател Ворен Хардинг.
  7. Хенри Форд. Ако се беше потчинил на волјата на татко му, Хенри Форд требаше да ја наследи семејната фарма и да се занимава со неа. Наместо тоа, по смртта на мајка си, на само 16-годишна возраст го напушта домот и станува помошник механичар. На 28 година станува инженер во фабриката на Томас Едисон, каде со негов благослов започнува да работи со машини со внатрешно согорување. На 36тата година ја создава и првата автомобилска компанија, првата за производство на масовни автомобили.
  8. Маркус Крас. Најстар претставник во листата. Римски политичар и војсководец, познат од историјата со задушувањето на ропското востание предводено од Спартак. Основна причина за богатење му е тактиката по освојувањето на Сула во Рим и убивањето на непријателите, да го купува конфискуваниот имот од нив и потоа да го препродава со огромна добивка. Со овој "почетен" капитал почнал да тргува со робови, да инвестира во мини за сребро и продолжил да купува имотот на убиените непријатели на Сула. Откако бил убиен при битка во Сирија, му ја отсекле главата и му ставиле стопено злато во грлото - симбол на неговата алчност.
  9. Василиј II Бугароубиец. Доволно познат е од историјата, но спаѓа во листата на најбогатите на сите времиња, поради зајакнувањето на Византиската империја и нејзиното проширување по освојувањето на Бугарија. Сепак нема наследници и педесетина години по неговата смрт империјата се распаѓа.
  10. Корнелиус Вандербилт. Тоа е таткото на Вилијам-Хенри Вандербилт, лошиот татко, кој впрочем освен дека го избркал својот најголем син од дома, за да се научи да се снаоѓа сам, не оставил во тестаментот речиси ништо на останатите деца (на девојките апсолутно ништо). Уште на 11 година Корнелиус престанува да оди на училиште (историјата спори, дали неговите родители немале пари или тој сам се откажал со зборовите дека ако губи време за едукација, нема да има време да научи ништо друго). На 16 години позајмил 100 долари од мајка му, купил чамец и почнал да превезува патници меѓу Стејтн Ајленд и Менхетен. По една година веќе имал три чамци и 1000 долари. Три години подоцна си купил стар брод и почнал да превезува остриги меѓу Њујорк и Вирџинија. И така натаму, се здобива со таков бродски бизнис а со тоа и прекарот "император на морињата", а подоцна влегува и во железничкиот бизнис.

Како што гледате историјата познава секакви случаи на постигнување на богатство - благородни и не толку, почнале со добро наследство, а и такви кои почнале од нула, управувани прогресивно или уништени од погрешни одлуки. Со други зборови сè е во Вашите раце и ако имате идеја од каде да почнете, не се малку и случаите во кои тоа се случило со мал кредит за првичната инвестиција. Чекор по чекор до целта. Вашиот прв чекор може да биде да не одложувате, а да започнете сега да го остварувате својот сон, а втората - да побарате поддршка од Credissimo за да го направите уште денес. Успех и само напред!

Назад

Прочитај повеќе

Со користењето на сајтот за брзи кредити credissimo.mk, ги прифаќаш условите за 'cookies' од наша страна. Со нив ние го подобруваме квалитетот на нашите услуги.