Летен изглед!

Летен изглед!

Тајната на згодното тело се крие во истрајноста и во дисциплината, па за да го постигнете ова, потребна ви е вистинска мотивација и искрена желба да ослабете. Здравата исхрана и редовната физичка активност придонесуваат за подобар изглед и здравје, а ќе имате и повеќе енергија и самодоверба. Сè што треба е да бидете подготвени за промени и искрено да сакате да си го подобрите квалитетот на живеење. За да си го олесните патот кон телото од соништата, треба да се придржувате кон следниве навики во исхраната.

1. Не конзумирајте пијалаци со шеќер

Слатките сокови само му штетат на вашиот организам и многу придонесуваат за дебелеењето, па затоа обидете се постепено да ги исфрлате од употреба.

2. Избегнувајте сосови

Иако се многу вкусни и одат во комбинација со голем број грицки и секаков вид храна, сепак содржат огромен број калории.

3. Јадете барем 25 грама растителни влакна дневно

Гравот, продуктите со интегрални жита, овошјето и зеленчукот, се одлични продукти кои можат да ви ја овозможат потребната дневна доза растителни влакна за да бидете сити, да ви се подобри варењето и стомакот да ви биде рамен. Со овие продукти многу лесно ќе симнете неколку килограми, а потоа ќе можете и да ја одржите тежината.

4. Подготвувајте ја вашата храна сами

На овој начин ќе ги контролирате употребените состојки и големината на порциите.

5. Одбегнувајте ги овие три нарушувачи на секоја диета

Напад на глад – прво и осново - никогаш не дозволувајте си себеси да бидете прегладнети.

Специјални пригоди – кога имате можност да прославите нешто, прославете го, но со умерена доза храна и пијалак.

Враќање на килограмите – ако престанете редовно да внимавате на исхраната и да вежбате, сосема нормално е дека ќе вратите неколку од изгубените килограми, но не треба да дозволите ова да ве демотивира.

6. Калоричната храна држете ја подалеку од себе

Најдобар начин да ги одбегнете висококалоричните продукти е воопшто да не ги имате дома бидејќи на тој начин најлесно ќе им одолеете.

7. Забавете и обрнете внимание

Пред да се нафрлите на храната, најпрво оддалечете се од масата и почекајте барем 15 минути за реално да согледате дали сте навистина гладни или не. Кога ќе седнете на маса, јадете бавно и не дозволувајте компјутерот, телевизорот или весникот да ви го одвлекува вниманието. Така целосно ќе бидете свесни за секој залак.

8. Секој ден одете на прошетка

Познато е дека прошетката е една од најдобрите и најздравите вежби. Движењето ги зајакнува нозете, ја подобрува циркулацијата, корисна е за работата на срцето, го намалува стресот и ги троши калориите. Но, ако не сте голем љубител на прошетката, тогаш почнете чекор по чекор. За почеток, секој ден шетајте по 15 минути. Сигурно можете толку време да одвоите за себе.

9. Пијте вода

Многумина забораваат да пијат доволно вода. Наместо тоа, консумираат кафе и сокови. Засладените соковите го уништуваат здравјето, го зголемуваат ризикот од дијабетес и го дебелеат телото. Исто така кафето и соковите штетат на органите за варење. За доволна хидратација и освежување на организмот потребни се шест до осум чаши вода дневно. На тој начин ќе се подобри состојбата на кожата и ќе се исфрлат отровите од организмот.

Консумирајте здрава и квалитетна храна и воедно запишете се на некој спорт или, пак, во теретана и имајте континуитет во тренинзите. Купете блендер кој ќе ви служи за правење смути и свежи цедени сокови кои ќе ги консумирате во текот на денот. Велосипед е исто така одличен избор за хоби и секојдневно возење и трошење калории. Бидете упорни и ќе ја остварите вашата цел. Ако мислите дека за сите овие работи, потребни за да ја постигнете целта, не ви е доволна само упорноста, туку важен е и буџетот со кој располагате за да купите сè што ви е потребно, тогаш не размислувајте повеќе. Credissimo ќе ви помогне да остварите сè што ќе посакате. Аплицирајте за кредит до 80.000 денари и добијте одобрување за само неколку минути. Ние ќе се погрижиме и да стигнете на дестинцијата на која сакате да ги истакнете своите резултати ова лето. Започнете ја вашата транформација без проблем.



Врати се назад

Прочитај повеќе