Пролетно будење

Пролетно будење

Пролетта веќе пристигна. Сѐ околу нас е зелено и расцутено. Пролетното будење и новите позитивни вибрации се насекаде околу нас. Доколку си еден од оние кои ја „одлежаа“ зимата, сега е вистинското време за твоето пролетно будење и освежување!

Разбуди ја пролетта во себе

Промените започнуваат од тебе. За да можеш да промениш сѐ друго околу тебе, најпрво, треба да промениш нешто во себе. Пред да започнеш да правиш какви било промени во домот или дворот со цел максимално да ја почувствуваш пролетната еуфорија, запрашај се што ќе направиш за да ја разбудиш пролетта во себе. Не заборавај дека сѐ започнува од твоите мисли. Затоа, најпрво, започни да мислиш позитивно. Дозволи си да те води позитивната мисла за промени и нешто ново. Неверојатно, зачудувачки е фактот дека сѐ што сакаш можеш да го постигнеш и тоа со минимални напори. Ако веќе имаш цел, план и стратегија започни акција сега!

Независно од тоа какви се промените што сакаш да ги внесеш во твојот живот, за полесно да го реализираш саканото, возможни решенија се да бидеш поактивен, иницијативен и да го разбудиш авантуристичкиот дух во себе.

Не заборавај дека важна е и облеката што ја носиш. Детално исчисти го твојот гардеробер, подреди го и исфрли сѐ што мислиш дека нема да носиш. Истражи кои се тековните модни трендови за оваа пролет и купи си ново парче. После долгата и тмурна зима, време е за облека со посветли бои. Бојата на облеката, навистина, има значење за тоа како се чувствуваш. Докажано е дека парчињата со посвежи бои го подобруваат расположението и може да те направат посреќен и позадоволен. А тоа не е малку за да ја одржуваш позитивната мисла дека можеш да внесеш нова промена во твојот живот и дека можеш да постигнеш сѐ што сакаш оваа пролет. Нели?

Разбуди ја пролетта во себе

Разбуди ја пролетта во твојот дом

Чистењето е најдобриот начин за внесување на нова позитивна енергија во домот. За добар старт на пролетното чистење започни со отстранување на вишокот предмети кои што се дел од ентериерот на твојот дом. Просторот ќе изгледа многу поуреден и почист.

Исчисти ги прозорците, испери ги завесите и освежи ги душеците на кои спиеш. Подреди ги сите катчиња коишто постојано ги полниш со сѐ што ќе ти падне под рака.

За да внесеш уште поголема свежина во домот обој ги ѕидовите или, пак, додај мали декорации како што се на пример: перничиња, ткаенини или завеси во ведри пролетни бои. Нежните розеви и сини пастелни бои, како и нијансите на виолетова боја на лаванда се полн погодок за оваа пролет.

Преуреди го домот со нов распоред на мебелот. Ова е наједноставниот начин да го освежиш просторот на живеење. Ќе се изненадиш колку позитивни промени може да ти донесе. Внеси нови мириси во твојот дом. Цветните мириси на љубичици, ириси, памук и лаванда ќе создадат посебна атмосфера! Цвеќињата и растенијата освен што ќе го разубават и збогатат просторот, ќе ја намалат негативната енергија во домот.

Разбуди ја пролетта во твојот дом

Разбуди ја пролетта во твојот двор

Откако домот е успешно среден, не заборавај ги дворот, градината или балконот! Пред да  започнеш со какво било уредување, исфрли ги сите непотребни предмети, исчисти ги непосакуваните растенија и целиот органски отпад кој се собрал за време на зимата. Доколку во твојот двор имаш дрвја искастри ги сите гранки кои се суви и кои може да предизвикаат опасност.

Што се однесува до естетското уредување на дворот, клучна улога има мешањето на текстури, материјали и бои со кои ќе создадеш разноликост во просторот. Во зависност од стилот кој го преферираш, можеш да користиш природни камења, дрво или метал кои сигурно добро ќе се вклопат во твоето омилено катче на отворено.

Дворот не е двор без билки и цвеќиња. Ако цветната градина е нешто во коешто уживаш,  тогаш засадувањето на многу цвеќиња дефинитивно е активност за тебе! Најпознатите пролетни цвеќиња се петуниите, бегониите и сарделите. Изборот на цвеќиња навистина е голем, па за кои од нив и да се одлучиш нема да згрешиш.  

Доколку живееш во зграда и немаш двор, обиди се максимално да се посветиш на уредување на твојот балкон. Освен цвеќињата, потруди се и околу осветлувањето со фенери или мали светилки кое ќе му дадат нова димензија на балконот. Новиот мебел е секогаш добредојден, па доколку си во можност замени ја постојната балконска маса и столчињата со нови.

Разбуди ја пролетта во твојот двор

Се надеваме дека успеавме да те мотивираме и инспирираме да ја разбудиш пролетта во себе и во твојот дом. Среќата ја прават малите работи, па затоа обиди се преку нив да го промениш монотоното секојдневие и да внесеш ведрина во него.

Не заборавај дека пролетното преуредување на домот, дворот или балконот како и сите други потреби можеш да ги финансираш со кредит до 120 000 ден. Со тоа директно ќе бидеш вклучен во нашата наградна игра „Заврти на зелено“ и ќе учествуваш во извлекувањата за парична награда од 5 000 ден. или електричен тротинет!



Врати се назад

Прочитај повеќе