Зошто и од кога се слави Денот на жената?

Зошто и од кога се слави Денот на жената?

Меѓународниот ден на жената се слави на 8-ми март секоја година на глобално ниво поради извонредниот придонес на жените во нашето општество. Овој ден е прилика да се прослави инспиративната улога на жените во борбата за нивните права и градење еднакво општество. Денот на жената, исто така, е потсетник дека гласовите на многу жени се сѐ уште нечуени и дека сѐ уште постои „стаклена“ бариера да го остварат својот целосен потенцијал.

Жените имаат моќ да создаваат, негуваат и трансформираат. Зборот жена е асоцијација за несебична љубов, грижа и нежност, но во исто време и сила, издржливост и борбеност. Со децении, жените се бореле и сè уште се борат да ги изразат своите права на говор, на глас, еднаквост, образование, кариера и што е најважно, на слобода.

Овој ден посветен на жените ширум светот е прослава за големиот успех на жените во сите сфери на животот, како и за обликување на иднината за новите генерации.

Овој празник има долги и интересни корени и прв пат бил одбележан на 28 февруари 1909 година во знак на сеќавање на штрајкот на конфекциските работници од 1908 година во Њу Јорк, каде жените протестирале против лошите работни услови. Во 1910 година се одржала Втората меѓународна конференција на жени во Копенхаген, Данска, каде бил основан Меѓународниот ден на жената. Конференцијата на над сто жени од седумнаесет земји едногласно го одобрила предлогот за овој празник, но сепак, фиксниот датум за него не бил утврден во тоа време. Германскиот социјалистички лидер Клара Цеткин одиграла голема улога во создавањето на овој празник. Таа препорачала да се слави Меѓународниот ден на жената во секоја земја во ист ден со едно исто значење – почитување на правата и еднаквоста на жените.

Во денешно време 8ми Март се гледа како ден кој служи како можност за оддавање почит и внимание на жените кои се посебен дел од нашиот живот. Мајките добиваат благодарност за нивната несебична грижа и љубов, учителките добиваат подароци од нивните ученици а девојките и жените добиваат внимание од нивните партнери.

Иако жените треба да бидат третирани со почит, љубов и грижа секој ден од годината, сепак овој празник е идеална прилика да оддадеш внимание на жените кои најмногу ти значат. Изненади ја твојата сакана личност и направи и да се чувствува онака како што заслужува. Без разлика дали е тоа ручек, парче накит, или дури возбудливо патување, секој вид на внимание ќе разбуди посебна насмевка на нејзиното лице. Секако, Credissimo ќе ја поддржи секоја идеја да ја израдуваш твојата посебна личност. Тука се Credissimo до плата до 20.000 денари со 0% камата и без дополнителни административни трошоци или Credissimo плус до 80.000 денари кои ќе ти помогнат да ја прославите оваа посебна вечер.



Врати се назад

Прочитај повеќе