Летна авантура со Credissimo

Летна авантура со Credissimo

Изживеј ја твојата летна авантура со Credissimo! Секој клиент со исплатен Credissimo Плус во периодот от 01.07.2019 до 01.09.2019 учествува во големото извлекување за All inclusive летна авантура за двајца во Грција како и во неделните извлекувања за една од другите летни награди, 18 плажни тениси или 18 душеци за плажа!

Помини го ова лето безгрижно заедно со Credissimo! Обезбеди си го твојот одмор од соништа без воопшто да се грижиш за финансиите. 

Како да учествуваш?

Секој исплатен Credissimo Плус од 01.07.2019 до 01.09.2019 автоматски учествува во наградната игра, во која може да добиеш:

  • 18х плажен тенис

  • 18х душек за плажа

  • 1х All Inclusive одмор за двајца во Грција 

Добитници

Прво извлекување 10.07.2019 за период од 01.07. до 07.07

  • 1х плажен тенис - Благоjчо Ѓорѓиев, b********a@hotmail.com
  • 1х плажен тенис - Маријана Симоновска-Трајкоска, m***********t@yahoo.com
  • 1х душек за плажа - Нада Филиповска, s******k@gmail.com
  • 1х душек за плажа - Ѓокица Арсов, g******0@gmail.com

Второ извлекување 17.07.2019 за период од 08.07 до 14.07 

  • 1х плажен тенис - Арсим Абдуши, a**********i@yahoo.com
  • 1х плажен тенис - Томе Костадинов, k**************e@gmail.com
  • 1х душек за плажа - Ѓорѓе Јованов,  d************v@live.com
  • 1х душек за плажа - Соња Пакетова, s************8@gmail.com

Трето извлекување 24.07.2019 за период од 15.07 до 21.07

  • 1х плажен тенис - Изабела Ѓоргиева, i*********7@gmail.com
  • 1х плажен тенис - Армин Мушина, a**************a@gmail.com
  • 1х душек за плажа - Бурхан Бектеши, b*************9@gmail.com
  • 1х душек за плажа - Душко Трпчески, d***********3@yahoo.com

Четврто извлекување 31.07.2019 за период 22.07 до 28.07 

  • 1х плажен тенис - Мамуд Асанов, a*****n@gmail.com
  • 1х плажен тенис - Емран Алиески, E******i@hotmail.com
  • 1х душек за плажа - Виолета Карамитрова, v*****a@hotmail.com
  • 1х душек за плажа - Баjрам Беќири, b******k@outlook.de

Петто извлекување 07.08.2019 за период 29.07 до 04.08

  • 1х плажен тенис - Ќани Ибраим, k******5@gmail.com
  • 1х плажен тенис - Октавиан Абрашев, o******v@yahoo.com
  • 1х душек за плажа - Елена Милошевска, e******o@hotmail.com
  • 1х душек за плажа - Ирена Ивановска, i*******a@gmail.com

Шесто извлекување 14.08.2019 за период од 05.08 до 11.08

  • 1х плажен тенис -  Билjана Рашкова, b*******a@yahoo.com
  • 1х плажен тенис - Христијан Стојковски, h*******8@gmail.com
  • 1х душек за плажа - Милосава Накова, M*********6@gmail.com
  • 1х душек за плажа -  Александра Краљевска, a**********a@hotmail.com

Седмо извлекување 21.08.2019 за период од 12.08 до 18.08 

  • 1х плажен тенис - Љупчо Наков, L********3@yahoo.com
  • 1х плажен тенис - Ангел Георгиев, a*******7@yahoo.com
  • 1х душек за плажа - Соња Додевска, d********4@gmail.com
  • 1х душек за плажа - Сенка Шакир, s********r@hotmail.com

Осмо извлекување 28.08.2019 за период од 19.08 до 25.08 

  • 1х плажен тенис - Анита Лазова, l********0@gmail.com
  • 1х плажен тенис - Меаз Саити, m******8@gmail.com
  • 1х душек за плажа - Магдалена Стоjанова, s************0@gmail.com
  • 1х душек за плажа - Викториjа Митевска, v******a@yahoo.com

Деветто извлекување 04.09.2019 за период од 26.08 до 01.09 

  • 1х плажен тенис - Маричка Софкоска, m********a@gmail.com
  • 1х плажен тенис - Jовица Чагароски, j**********i@yahoo.com
  • 1х душек за плажа - Анита Стаменковска, s*********a@live.com
  • 1х душек за плажа - Мартин Дојчиноски, d********g@gmail.com

Десетто (главно) извлекување 04.09.2019 за период од 01.07 до 01.09 

  • 1х вредносен ваучер за All inclusive одмор за двајца во Грција - Ален Пеливанов, a*******v@yahoo.com

 

ПРАВИЛА НА НАГРАДНА ИГРА - „Летна авантура со Credissimo“

 

Согласно Законот за игрите на среќа и за забавните игри („Сл. Весник на РМ“, број 24/11, 51/11, 148/11, 74/12, 171/12, 27/14, 139/14, 61/15 и 154/15 и 23/16), а во врска со член 125 и 126 од Законот, се утврдуваат следните правила на наградната игра:

ОРГАНИЗАТОР

Член 1

Организатор на Наградната игра „Летна авантура со Credissimo“ (во понатамошниот текст именувана само како „Наградна игра“) е Финансиско друштво КРЕДИСМО ДООЕЛ Скопје (во понатамошниот текст „Организатор“) со регистрирано седиште на Бул. „Илинден“ бр.47/1-2, 1000 Скопје-Центар, Р. Северна Македонија, со електронска пошта: contacts@credissimo.mk

ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ

Член 2

Наградната игра има за цел рекламирање на кредитниот производ на ФД КРЕДИСИМО ДООЕЛ Скопје:

- кредит до 80 000 денари на рати „Credissimo Плус“,

ОФИЦИЈАЛНО ИМЕ, ОПИС И ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА

Член 3

Официјалното име на Наградната игра е „Летна авантура со Credissimo“.

Право на учество во Наградната игра имаат сите полнолетни физички лица – државјани на Р.Северна Македонија, лица со и над 18 - годишна возраст кои поднеле Барање за одобрување на кредит „Credissimo Плус“ и кои ги исполнуваат условите за одобрување и истиот да им биде одобрен и исплатен на наведената жиро сметка во кредитната апликација.

Наградната игра ќе започне од 01.07.2019 година од 08:00 часот и ќе трае до 01.09.2019 година до 23:59 часот. Кредитните апликации кои се поднесени во неработните денови исто така учествуваат. Тие се разгледуваат и исплаќаат првиот работен ден.

ТЕРИТОРИЈА

Член 4

Наградната игра се организира на територијата на Р. Северна Македонија и важи за сите полнолетни физички лица – државјани на Р. Северна Македонија, лица со и над 18 годишна возраст кои поднеле Барање за одобрување на кредит „Credissimo Плус“, односно кои ги исполнуваат условите за одобрување на истиот и истиот им бил одобрен и исплатен.

ПОДАТОЦИ ЗА НАГРАДИ, ВРЕДНОСТ НА СЕКОЈА НАГРАДА ОД ФОНДОТ НА НАГРАДИ И ВКУПНА ВРЕДНОСТ НА ФОНДОТ НА НАГРАДИ ( ВО ДЕНАРИ)

Член 5

Во Наградната игра ќе бидат доделени следните награди:

Бр. Награди Количина Поединечна вредност со 18% ДДВ Вкупна вредност со 18% ДДВ
1. ракети за тенис 18 1.076 денари 19.368 денари
2. душеци за плажа 18 1.274 денари 22.932 денари
3. вредносен ваучер за All inclusive одмор за двајца во Грција 1 61.500 денари 61.500 денари
  ВКУПНО 37   103.800 денари

ПРАВО НА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА

Член 6

Право на учество во Наградната игра имаат сите полнолетни физички лица – државјани на Р.Северна Македонија со и над 18 годишна возраст кои ги исполнуваат условите за одобрување на кредит „Credissimo Плус“, односно кои ќе поднесат Барање за одобрување на кредит и истиот им биде одобрен и исплатен на жиро сметката наведена во апликацијата за кредит. Како потврда за учество во Наградната игра ќе претставува мејлот кои го добиваат клиентите при одобрување на барањето за кредит.

Учесниците кои не ги прифаќаат овие Правила на наградната игра имаат право да го откажат своето учество во Наградната игра со праќање на Изјава за откажување на учество во Наградна игра на е-маил адресата contacts@credissimo.mk, во спротивно сите учесници ќе се смета дека ги прифаќаат Правилата на наградна игра и ќе учествуваат во неа.

Наградата ќе биде доделена само ако учесниците се квалификувани, имаат право на учество и ако целосно ги почитуваат Правилата на наградната игра.

ИЗВЛЕКУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ

Член 7

Извлекувањето на наградите ќе се изврши електронски по случаен избор од системската база на податоци во која учествуваат клиентите на кои им е одобрен и исплатен кредит, на следниов начин:

•   Прво извлекување 10.07.2019 за период од 01.07. до 07.07 – 2х ракети за тенис, 2х душеци за плажа

•   Второ извлекување 17.07.2019 за период од 08.07 до 14.07 – 2х ракети за тенис, 2х душеци за плажа

•   Трето извлекување 24.07.2019 за период од 15.07 до 21.07 – 2х ракети за тенис, 2х душеци за плажа

•   Четврто извлекување 31.07.2019 за период 22.07 до 28.07 – 2х ракети за тенис, 2х душеци за плажа

•   Петто извлекување 07.08.2019 за период 29.07 до 04.08 – 2х ракети за тенис, 2х душеци за плажа

•   Шесто извлекување 14.08.2019 за период од 05.08 до 11.08 – 2х ракети за тенис, 2х душеци за плажа

•   Седмо извлекување 21.08.2019 за период од 12.08 до 18.08 – 2х ракети за тенис, 2х душеци за плажа

•   Осмо извлекување 28.08.2019 за период од 19.08 до 25.08 – 2х ракети за тенис, 2х душеци за плажа

•   Деветто извлекување 04.09.2019 за период од 26.08 до 01.09 – 2х ракети за тенис, 2х душеци за плажа

•   Десетто (главно) извлекување 04.09.2019 за период од 01.07 до 01.09 - вредносен ваучер за All inclusive одмор за двајца во Грција

Извлекувањето на наградите ќе биде ќе биде електронски, по принципот на случаен избор, а ќе учествуваат сите кредитни апликации на начин и услови наведени погоре.

При извлекување на добитниците, во истото време ќе се извлекуваат резервни добитници, во случај ако некои од добитниците се откажат од добиената награда, односно да не може Организаторот да стапи во контакт со нив.

 За текот на извлекувањето ќе се води записник, кој ќе биде потпишан од членовите на Комисијата која ќе биде составена од:

-  Двајца претставници од ФД КРЕДИСИМО ДООЕЛ Скопје

-  Еден Правник

Извлекувањата ќе бидат во седиштето на Организаторот на Бул. „Илинден“ бр.47/1-2, 1000 Скопје-Центар, Република Северна Македонија во 18 часот.

ИЗВЕСТУВАЊЕ И ПОДИГНУВАЊЕ НА НАГРАДАТА

Член 8

Правилата за Наградната игра ќе бидат објавени, пред почеток на наградната игра, по добивање на согласност од Министерството за финансии на:

- веб страните на Организаторот, www.credissimo.mk,  

- Facebook страната на организаторот www.facebook.com/credissimo.mk,

- мобилната апликација за Android: https://play.google.com/store/apps/details?id=com.appstrand.credissimo и

- мобилната апликација за iOS: https://itunes.apple.com/mk/app/credissimo-mk-%D0%BF%D0%B0%D1%80%D0%B8-%D0%BD%D0%B0%D0%B2%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B5/id1239299443?mt=8

Добитниците на наградите ќе бидат објавени во рок од 3 дена од денот на секое од извлекувањата на наградите на:

- веб страните на Организаторот, www.credissimo.mk,

- Facebook страната на организаторот www.facebook.com/credissimo.mk,

- мобилната апликација за Android: https://play.google.com/store/apps/details?id=com.appstrand.credissimo и

- мобилната апликација за iOS: https://itunes.apple.com/mk/app/credissimo-mk-%D0%BF%D0%B0%D1%80%D0%B8-%D0%BD%D0%B0%D0%B2%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B5/id1239299443?mt=8

Организаторот ќе ги извести добитниците за добиената награда по електронска пошта на онаа електронска адреса која е наведена во Барањето за одобрување на кредит.

Доколку Добитниците немаат наведено дополнителна електронска адреса, за адреса за контакт ќе се смета адресата која ја навеле во Барањето за одобрување кредит.

Организаторот не одговара за неточно пополнети податоци во Барањето за кредит или неуспешен електронски пренос на податоците, прекин во комуникациската врска без разлика од причината од која потекнува, недостапност или немање на интернет, други причини како резултат на виша сила и сл.

Во случај да не може да се оствари контакт преку електронска адреса, добитниците ќе бидат дополнително известени телефонски.

Добитниците на наградите: ракети за тенис и душеци за плажа, наградата ќе им биде пратена на адресата по лична карта наведена во кредитната апликација, во рок од 14 дена од денот на објавувањето на добитниците.

Добитникот на главната награда- вредносен ваучер за All inclusive одмор за двајца во Грција  ќе биде на датум, час и место договорени со Организаторот и добитникот.

Добитникот на главната награда е должен во рок од 60 дена од денот на објавување на горенаведените веб страници да ја подигне наградата.

Доколку Добитниците на наградите не ја подигнат добиената награда во горенаведениот рок, го губи тоа право, во таков случај Организаторот има право, истата да не ја додели или да ја додели на резервниот добитник.

Со конечната реализација на наградата престануваат сите обврски на Организаторот на Наградната игра спрема добитникот.

Со самото учество во наградната игра, Учесниците ги прифаќаат овие Правила за наградна игра.

Доделувањето на наградата може да биде јавен настан. Организаторот има право со нивна согласност да ги слика/снима добитниците на наградите со што нивните лични податоци име и презиме можат да станат јавни и да бидат користени во аудио, фотографија или видео материјал, без право на дополнителен надомест.

ПРАВО НА ПРИГОВОР

Член 9

Незадоволниот учесник во Наградната игра има право во рок од 5 (пет) дена од денот на објавување на списокот на добитници да поднесе приговор во писмена форма до ОРГАНИЗАТОРОТ на Наградната игра кој е должен во рок од 5 (пет) дена, од денот на приемот на приговорот писмено да одговори на добиениот приговор.

ОГРАНИЧУВАЊЕ ЗА УЧЕСТВО

Член 10

Ако Организаторот утврди злонамерни дејствија од страна на Учесник во Наградната игра, со цел манипулација на истата, Организаторот има право да го дисквалификува и отстрани тој учесник. Организаторот има право да дисквалификува без предупредување секој Учесник, за кој се посомнева или утврди манипулативни дејствија, со цел освојување на Наградите.

Не може да биде Учесник во Наградната игра, лице кое е партнер или акционер или е во работен однос или врз основа на друг договор работи за Организаторот или работи со реализацијата, обезбедувањето и администрирањето на Наградната игра, како и членови на нивните потесни семејства.

Организаторот има за право да исклучи од учество во Наградната игра и да не дозволи добивање Награда на Учесник, за кој има податоци дека извршил злоупотреба со технички, програмски или други средства и уреди со цел неовластен пристап до системи на Организаторот и/или учество во Наградната игра и добивање на Наградата, или други дејства, спротивни на правилата на Наградната игра или на влезените во употреба нормативни акти.

ПРЕНОС И ЗАМЕНА НА НАГРАДАТА

Член 11

Наградите не може да се пренесат на друго лице. Наградите не можат да биде заменети за готовина.

КОРИСТЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Член 12

Организаторот во целост ќе ги почитува одредбите од Законот за заштита на личните податоци и во пракса ќе цели кон одржување високо ниво на добра практика при обработка на личните податоци.

При механизмот на случајно компјутерско извлекување на добитници, ќе се користат само ID броевите од Договорот за кредит, а нема да бидат користени нивните останати податоци.

Со самото Аплицирање, односно со одобрување и исплата на кредитот, Кредитокорисниците учествуваат во наградната игра. Доколку некој не сака неговите податоци да се обработуваат за таа намена, можат да го откажат своето учество во Наградната игра со Изјава за откажување пратена на е-маил адресата contacts@credissimo.mk,

За лицата кои ќе учествуваат во Наградната игра, односно Учесниците кои ќе ги добијат наградите Организаторот има право нивните лични податоци да ги користи во своите идни маркетинг активности.

ОТКАЖУВАЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА

Член 13

Организаторот има право по добивањето на одобрението од Министерството за финансии да ја прекине Наградната игра во било која фаза, согласно член 8 од Законот за игрите на среќа и за забавните игри, со известување до јавноста преку дневниот печат, и на веб страните наведени во член 8 доколку настапи штетна последица предизвикана со кривично дело или поради дејство на виша сила.

ОТСТРАНУВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ ЗА НАГРАДНАТА ИГРА КОИ ШТО БИ МОЖЕЛЕ ДА НАСТАНАТ

Член 14

Евентуално настанатите спорови меѓу Организаторот и учесниците во Наградната игра ќе ги решава надлежниот суд во Скопје.

ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 15

Со исполнување на Правилата за учество во Наградната игра корисниците ги прифаќаат одредбите од овие правила. Овие правила ќе се применуваат по добивање на согласност од Министерот за финансии на Република Северна Македонија и по нивното јавно објавување пред започнување на наградната игра, а ќе важат до завршување на Наградната игра, односно до завршувањето на рокот за подигнување на наградите.



Врати се назад

Прочитај повеќе