Донација од 60.000 денари за Денот на Дауновиот синдром

Донација од 60.000 денари за Денот на Дауновиот синдром

На забавен и уникатен начин ги мотивиравме нашите следбеници на социјалните мрежи да се вклучат во нашата хуманитарна акција!

По повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, како општествено одговорна компанија, уште еднаш ја докажавме нашата посветеност и грижливост, донирајќи финансиски средства во вредност од 60.000 денари на Здружението на граѓани за помош и поддршка на лицата со Даунов синдром ТРИСОМИЈА 21 Скопје.

Акумулираниот износ беше собран во заедничка соработка со нашите следбеници на социјалните мрежи Facebook и Instagram. Одбележувајќи го Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, на социјалните мрежи објавивме пост со кој ги повикавме своите фанови да се приклучат во хуманитарната акција, пишувајќи уникатен коментар со портокалово или сино срце. За секој коментар дониравме по 50 денари, а вкупната сума која беше собрана и ќе биде донирана на здружението ТРИСОМИЈА 21 Скопје, е 60.000 денари.

Уште еднаш покажавме како на забавен начин може да се направи хумано дело кое може да предизвика искрена насмевка. Одговорниот однос кон најмладата популација, особено онаа од ранливата категорија, значи преземање на чекор напред во грижата за прифаќањето на различностите и подобрата иднина за целото општество.



Врати се назад

Прочитај повеќе