Доби нов член на семејството?

Доби нов член на семејството?

Раѓањето на твоето малечко во најдобар ред е дефинитивно голем повод за прослава. Пред се, ова е настан кој целосно ќе го промени  твојот живот. Ти си сега родител и сите твои приоритети се свртени кон твоето бебе. Не само што ова е најголема среќа за тебе и твојот партнер, туку и вашите блиски едвај чекаат да го прослават доаѓањето на вашето бебенце со мекици. Сепак, ти и твојот партнер како нови родители веќе се чувствувате преморено и немате сила да бидете креативни околу начинот на организирање на прославата. Но, без грижа! Ние сме тука да помогнеме!

Колкав буџет имаш на располагање?

Не само што веќе целото време и енергија ги посветуваш на твоето бебе , туку и целиот твој буџет. Веќе почнуваш да практикуваш поинаков менаџмент со парите бидејќи имаш многу трошоци за новата детска соба, за нова облека, обувки, пелени и што уште не! Пресметај колкав дел од буџетот можеш да си дозволиш да потрошиш за прославата со мекици и дали тоа ќе биде мала, интимна забава за твоите блиски или сепак сакаш да биде нешто многу поголемо.

Размислувај надвор од кутијата!

Не мора тоа да биде класична прослава со мекици каде голем дел членови од фамилијата и пријатели ќе се соберат и ќе прослават во кафана. Нека биде тоа мала и слатка забава, како што прилега за прослава за бебе. Доколку имаш двор, декорирај го со балони во пастелни бои и цвеќиња, купи или замоли некој близок да направи мекици и собери ги најблиските на мала интимна, прослава. Нов тренд кој се практикува во светот е посадување на дрво на денот на раѓање на бебето. Така, со радост ќе го следиш растот на дрвцето заедно со растот на твоето бебе. Дури можеш да ги ставиш иницијалите на бебето и датумот на неговото раѓање на дрвото кога малку ќе порасне. Прекрасен детаљ, нели?

Квалитет е подобро од квантитет

Никој не те присилува да ги викаш сите членови на фамилијата, па и тие кои ги гледаш само еднаш на неколку години. На крајот на краиштата, ова е твоја прослава наменета за твоето бебе. Покани ги само оние кои навистина ти се најблиски и собери ги дома. Така ќе имаш поинтимен момент со гостите каде ќе можете меѓусебно да си раскажувате совети и искуства поврзани со процесот на чување бебе. Со тоа ќе заштедиш и голем дел од буџетот кој ќе можеш да го искористиш многу попродуктивно.

Сакаш да прославиш со мекици, но веќе не ти останаа пари? Тогаш, тука е Credissimo до плата до 20.000 денари со 0% камата и без дополнителни административни трошоци, ако го вратиш во грејс-периодот, а исто така можеш да го продолжиш периодот на враќање неограничен број пати. А, доколку сметаш дека ова е преголем момент и сакаш да го прославиш со многу поголема забава, тука е Credissimo плус  до 80.000 денари кој ќе ти ја овозможи тебе и на твоите гости прославата која твоето бебе ја заслужува.



Врати се назад

Прочитај повеќе