Сакаш да ја обновиш веќе застарената гарнитура? Еве неколку совети како да го направиш тоа.

Сакаш да ја обновиш веќе застарената гарнитура? Еве неколку совети како да го направиш тоа.

Пролетта е одличен период за реновирање на домот, а неизоставен дел од овој процес е и гарнитурата. Иако замена на старата гарнитура со нова изгледа полесно и побрзо отколку да ја обновиш, сепак некои парчиња стара гарнитура имаат историска и емотивна вредност за тебе и твојата фамилија и жално е туку-така да се отфрлат. За среќа постојат толку многу техники со кои ќе го обновиш стариот мебел и ќе му дадеш нов изглед. Оживувањето на гарнитурата не е брз процес, но вреди да се вложи напор кога имаш уникатна и квалитетна гарнитура во која ќе можеш да уживаш уште долги години.

Чистењето е понекогаш доволно

Прво, провери дали твојата гарнитура е навистина толку оштетена или има насобрано премногу нечистотија и влажност. Можеби едноставно чистењето ќе и даде нов изглед. Првиот чекор е темелно вакумирање на трошките, нечистотијата и крзното од тапацирот. Вакумирај го мебелот повеќе пати и внимавај да навлезеш со правосмукалката во сите ситни делови. Гарнитурата е живеалиште на бубачки и останати штетници кои оставаат траги и измет кои можат да бидат многу штетни по здравјето. Избриши ги сите делови кои не се тапацирани со средство за дезинфицирање, но провери дали средството не содржи белило како состојка, бидејќи тоа може да го оштети дрвото или другите материјали. Потоа, со посебен спреј против бубачки испрскај ги шуплините од гарнитурата, што ќе ги убие штетниците и ќе го спречи нивното враќање. Остави ја гарнитурата да се проветри повеќе од 24 часа надвор од просторија во која престојуваш. Потоа, со помош на нежна четка и сода бикарбона исчисти го тапацираниот дел, но претходно на мал дел провери дали содата ќе го избели материјалот.

Обнови ги оштетените делови

Следен чекор е да ги поправиш оштетените делови од мебелот. Замени ги искршените ногарки со нови и за да го обновиш пропаднатиот изглед на мебелот, дополни ја внатрешноста со материјал ист или сличен на тој кој го содржи. Доколку тапацирот изгледа необновливо, претапацирај  со нов мебел штоф или квалитетна еко кожа. Така гарнитурата ќе изгледа оживеано и свежо.

Дај и интересен изглед на гарнитурата со нови перничиња!

Избери неколку перничиња во формата која ја преферираш во нијанса која веќе постои некаде во собата како на пример твојот тепих или пак некоја која ќе се совпадне со бојата на ѕидот. Како финиш, додади едно мало перниче со различна текстура од останатите за да го разигра изгледот на гарнитурата и да му даде нов „шмек“.

Доколку си решен да купиш нова гарнитура, или пак целосно да ја реновираш собата тогаш има решение за тебе. Посакуваната гарнитура ќе ти ја обезбеди Credissimo, твое е само да аплицираш за Credissimo Плус до 80.000 денари или за Credissimo до плата до 20.000 денари со 0% камата и без дополнителни административни трошоци, ако го вратиш во грејс периодот, а исто така може да го продолжуваш периодот на враќање неограничен број пати!
Со среќа!



Врати се назад

Прочитај повеќе