Освежи го летото со Credissimo!

Освежи го летото со Credissimo!

Наградите во Credissimo немаат крај!

Вклучи се во наградната игра за едно од 11-те неделни извлекувања по 15 000 ден. и главна награда All Inclusive летување во Турција.

За да учествуваш во наградната игра сѐ што треба да направиш е да поднесеш барање за брз кредит до 80.000 ден. во периодот од 14.06.2021 до 29.08.2021.

По повод јубилејната 5 годишнина, подготвуваме уште поголеми изненадувања до крајот на годината!

Аплицирај за твојот кредит во 3 лесни чекори:

 

  • Поднеси апликација за сума од 6000 ден. до 80 000 ден.
  • Добиј одобрување за неколку минути;
  • Парите ги добиваш на твојата трансакциска сметка.

 

Добитници

  • Прво извлекување 22.06.2021г. - Ибрахим Хoџа, h*********3@icloud.com е добитник на 15 000 ден.
  • Второ извлекување 29.06.2021г. - Авни Билали, avni*********@gmail.com е добитник на 15 000 ден.
  • Трето извлекување 06.07.2021г. - Татијана Трајановска, ttrajan*****@gmail.com е добитник на 15 000 ден.
  • Четврто извлекување 13.07.2021г. -Трајче Илиоски, ma****p@hotmail.com е добитник на 15 000 ден.
  • Петто извлекување 20.07.2021г. - Стефан Василев, v******_******@hotmail.com e добитник на 15 000 ден.
  • Шесто извлекување 27.07.2021г. - Адријан Јосифов, a******_*******@hotmail.com е добитник на 15 000 ден.
  • Седмо извлекување 03.08.2021г. - Драгољуб Ѓорѓевиќ, d********_*********@yahoo.com е добитник на 15 000 ден.
  • Осмо извлекување 10.08.2021г. - Драги Миланов, d************@gmail.com е добитник на 15 000 ден.
  • Деветто извлекување 17.08.2021г. - Васко Гошев, *****_v@yahoo.com е добитник на 15 000 ден.
  • Десетто извлекување 24.08.2021г. - Мартире Реџепи, m***********@yahoo.com е добитник на 15 000 ден.
  • Единаесетто извлекување 31.08.2021г. - Весна Фабијањска, ve*************@yahoo.com е добитник на 15 000 ден.

ПРАВИЛА НА НАГРАДНА ИГРА

Согласно Законот за игрите на среќа и за забавните игри („Сл. Весник на РСМ“, број 24/11, 51/11, 148/11, 74/12, 171/12, 27/14, 139/14, 61/15 и 154/15 и 23/16), а во врска со член 125 и 126 од Законот, се утврдуваат следните правила на наградната игра:

ОРГАНИЗАТОР

Член 1

Организатор на Наградната игра “Освежи си го летото со Credissimo“ (во понатамошниот текст именувана само како „Наградна игра“) е Финансиско друштво КРЕДИСИМО ДООЕЛ Скопје (во понатамошниот текст „Организатор“) со регистрирано седиште на Бул. „Илинден“ бр.47/1-2, 1000 Скопје-Центар, Р. Северна Македонија, со електронска пошта: contacts@credissimo.mk

ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ

Член 2

Наградната игра има за цел рекламирање на кредитните производи на ФД КРЕДИСИМО ДООЕЛ Скопје:

- кредит до 80 000 денари на рати Credissimo Плус

- кредит до 20000 денари Credissimo До плата

ОФИЦИЈАЛНО ИМЕ, ОПИС И ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА

Член 3

Официјалното име на Наградната игра е „Освежи си го летото со Credissimo“.

Право на учество во Наградната игра имаат сите полнолетни физички лица – државјани на Р.Северна Македонија, лица со и над 18 - годишна возраст кои поднеле Барање за одобрување на кредит на било кој од двата кредитни производи и кои ги исполнуваат условите за одобрување и истиот да им биде одобрен и исплатен на наведената жиро сметка во кредитната апликација.

Наградната игра ќе започне од 14.06.2021 година од 00:01 часот и ќе трае до 29.08.2021 година до 23:59 часот. Кредитните апликации кои се поднесени во неработните денови и празници исто така учествуваат. Тие се разгледуваат и доколку се одобрат се исплаќаат првиот работен ден.

ТЕРИТОРИЈА

Член 4

Наградната игра се организира на територијата на Р. Северна Македонија и важи за сите полнолетни физички лица – државјани на Р. Северна Македонија, лица со и над 18 годишна возраст кои поднеле Барање за одобрување на кредит на било кој од двата кредитни производи, односно кои ги исполнуваат условите за одобрување на истиот и истиот им бил одобрен и исплатен.

ПОДАТОЦИ ЗА НАГРАДИ, ВРЕДНОСТ НА СЕКОЈА НАГРАДА ОД ФОНДОТ НА НАГРАДИ И ВКУПНА ВРЕДНОСТ НА ФОНДОТ НА НАГРАДИ ( ВО ДЕНАРИ)

Член 5

Во Наградната игра ќе бидат доделени следните награди:

Бр. Награди Количина Поединечна вредност со 18% ДДВ Вкупна вредност со 18% ДДВ
1. Парична награда 11 15.000 денари   165.000 денари 
2. Ваучер за all inclusive чартер летување во Турција 1 123.600 денари 123.600 денари
  Вкупно 12   288.600 денари

ПРАВО НА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА

Член 6

Право на учество во Наградната игра имаат сите полнолетни физички лица – државјани на Р.Северна Македонија со и над 18 годишна возраст кои ги исполнуваат условите за одобрување на кредит на било кој од двата кредитни производи, односно кои ќе поднесат Барање за одобрување на кредит и истиот им биде одобрен и исплатен на жиро сметката наведена во апликацијата за кредит. Како потврда за учество во Наградната игра ќе претставува мејлот кои го добиваат клиентите при одобрување на барањето за кредит.

Учесниците кои не ги прифаќаат овие Правила на наградната игра имаат право да го откажат своето учество во Наградната игра со праќање на Изјава за откажување на учество во Наградна игра на е-маил адресата contacts@credissimo.mk, во спротивно сите учесници ќе се смета дека ги прифаќаат Правилата на наградна игра и ќе учествуваат во неа.

Наградата ќе биде доделена само ако учесниците се квалификувани, имаат право на учество и ако целосно ги почитуваат Правилата на наградната игра.

ИЗВЛЕКУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ

Член 7

Извлекувањето на наградите ќе се изврши електронски по случаен избор од системската база на податоци во која учествуваат клиентите на кои им е одобрен и исплатен кредит, на следниов начин:

  • Прво извлекување 22.06 за период 14.06.2021 до 20.06.2021 – 1х15 000 ден.
  • Второ извлекување 29.06 за период од 21.06.2021 до 27.06.2021 – 1х15 000 ден.
  • Трето извлекување 06.07 за период од 28.06.2021 до 04.07.2021 – 1х15 000 ден.
  • Четврто извлекување 13.07 за период од 05.07.2021 до 11.07.2021 – 1х15 000 ден.
  • Петто извлекување 20.07 за период од 12.07.2021 до 18.07.2021 – 1х15 000 ден.
  • Шесто извлекување 27.07 за период од 19.07.2021 до 25.07.2021 – 1х15 000 ден.
  • Седмо извлекување 03.08 за период од 26.07.2021 до 01.08.2021 – 1х15 000 ден.
  • Осмо извлекување 10.08 за период од 02.08.2021 до 08.08.2021 – 1х15 000 ден.
  • Деветто извлекување 17.08 за период од 09.08.2021 до 15.08.2021 – 1х15 000 ден.
  • Десетто излекување 24.08 за период од 16.08.2021 до 22.08.2021 – 1х15 000 ден.
  • Единаесетто извлекување 31.08 за период од 23.08.2021 до 29.08.2021 – 1х15 000 ден.
  • Дванаесетто извлекување на главната награда 31.08 за период од 21.06.2021 до 29.08.2021 – ваучер за all inclusive чартер летување во Турција

Извлекувањето на наградите ќе биде ќе биде електронски, по принципот на случаен избор, а ќе учествуваат сите кредитни апликации на начин и услови наведени погоре.

При извлекување на добитниците, во истото време ќе се извлекуваат резервни добитници, во случај ако некои од добитниците се откажат од добиената награда, односно да не може Организаторот да стапи во контакт со нив.

За текот на извлекувањето ќе се води записник, кој ќе биде потпишан од членовите на Комисијата која ќе биде составена од:

-  Двајца претставници од ФД КРЕДИСИМО ДООЕЛ Скопје

-  Еден Правник

Извлекувањата ќе бидат во седиштето на Организаторот на Бул. „Илинден“ бр.47/1-2, 1000 Скопје-Центар, Република Северна Македонија.

ИЗВЕСТУВАЊЕ И ПОДИГНУВАЊЕ НА НАГРАДАТА

Член 8

Правилата за Наградната игра ќе бидат објавени, пред почеток на наградната игра, по добивање на согласност од Министерството за финансии на:

- веб страните на Организаторот, https://www.credissimo.mk/,

- Facebookстраната на организаторотhttps://www.facebook.com/credissimo.mk

- мобилната апликација за Android: https://play.google.com/store/apps/details?id=com.appstrand.credissimo и

- мобилната апликација за iOS: https://itunes.apple.com/mk/app/credissimo-mk-%D0%BF%D0%B0%D1%80%D0%B8-%D0%BD%D0%B0%D0%B2%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B5/id1239299443?mt=8

Добитниците на наградите ќе бидат објавени во рок од 3 дена од денот на секое од извлекувањата на наградите на:

- веб страните на Организаторот, https://www.credissimo.mk/,

- Facebookстраната на организаторотhttps://www.facebook.com/credissimo.mk

- мобилната апликација за Android: https://play.google.com/store/apps/details?id=com.appstrand.credissimo и

- мобилната апликација за iOS: https://itunes.apple.com/mk/app/credissimo-mk-%D0%BF%D0%B0%D1%80%D0%B8-%D0%BD%D0%B0%D0%B2%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B5/id1239299443?mt=8

Организаторот ќе ги извести добитниците за добиената награда по телефон на бројот оставен како контакт при одобрување на кредитот и по електронскапошта на онаа електронска адресакоја е наведена во Барањето за одобрување на кредит.

Доколку Добитниците немаат наведено дополнителна електронска адреса, за адреса за контакт ќе се смета адресата која ја навеле во Барањето за одобрување кредит.

Организаторот не одговара за неточно пополнети податоци во Барањето за кредит или неуспешен електронски пренос на податоците, прекин во комуникациската врска без разлика од причината од која потекнува, недостапност или немање на интернет, други причини како резултат на виша сила и сл.

Во случај да не може да се оствари контакт преку електронска адреса, добитниците ќе бидат дополнително известени телефонски.

Добитниците на паричните награди наградата ќе ја добијат на трансакциската сметка преку која ги добиле паричните средства на име кредит.

Добитникот на главната награда -  ваучер за all inclusive чартер летување во Турција ќе биде на датум, час и место договорени со Организаторот и добитникот.

Ваучерот важи за периодот 30.09.2021 - 30.09.2022 година и истиот е издаден од Фибула  ЕР Травел ДООЕЛ Скопје.

Добитникот на главната награда е должен во рок од 60 дена од денот на објавување на горенаведените веб страници да ја подигне наградата.

Добитниците наградите ќе ги добијат во рок од 60 дена од денот на објавување на наградите на горенаведените веб страници, доколку Организаторот не успее да стапи во контакт со нив го губат тоа право, во таков случај Организаторот има право, истата да не ја додели или да ја додели на резервниот добитник.

Со конечната реализација на наградата престануваат сите обврски на Организаторот на Наградната игра спрема добитникот.

Со самото учествово наградната игра, Учесниците ги прифаќаат овие Правила за наградна игра.

Доделувањето на наградата може да биде јавен настан. Организаторот има право со нивна согласност да ги слика/снима добитниците на наградите со што нивните лични податоци име и презиме можат да станат јавни и да бидат користени во аудио, фотографија или видео материјал, без право на дополнителен надомест.

ПРАВО НА ПРИГОВОР

Член 9

Незадоволниот учесник во Наградната игра има право во рок од 5 (пет) дена од денот на објавување на списокот на добитници да поднесе приговор во писмена форма до ОРГАНИЗАТОРОТ на Наградната игра кој е должен во рок од 5 (пет) дена, од денот на приемот на приговорот писмено да одговори на добиениот приговор.

ОГРАНИЧУВАЊЕ ЗА УЧЕСТВО

Член 10

Ако Организаторот утврди злонамерни дејствија од страна на Учесник во Наградната игра, со цел манипулација на истата, Организаторот има право да го дисквалификува и отстрани тој учесник. Организаторот има право да дисквалификува без предупредување секој Учесник, за кој се посомнева или утврди манипулативни дејствија, со цел освојување на Наградите.

Не може да биде Учесник во Наградната игра, лице кое е партнер или акционер или е во работен однос или врз основа на друг договор работи за Организаторот или работи со реализацијата, обезбедувањето и администрирањето на Наградната игра, како и членови на нивните потесни семејства.

Организаторот има за право да исклучи од учество во Наградната игра и да не дозволи добивање Награда на Учесник, за кој има податоци дека извршил злоупотреба со технички, програмски или други средства и уреди со цел неовластен пристап до системи на Организаторот и/или учество во Наградната игра и добивање на Наградата, или други дејства, спротивни на правилата на Наградната игра или на влезените во употреба нормативни акти.

ПРЕНОС И ЗАМЕНА НА НАГРАДАТА

Член 11

Наградите не може да се пренесат на друго лице. Наградите не можат да биде заменети за готовина.

КОРИСТЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Член 12

Организаторот во целост ќе ги почитува одредбите од Законот за заштита на личните податоци и во пракса ќе цели кон одржување високо ниво на добра практика при обработка на личните податоци.

При механизмот на случајно компјутерскоизвлекување на добитници, ќе се користат само ID броевите од Договорот за кредит, а нема да бидат користени нивните останати податоци.

Со самото Аплицирање, односно со одобрување и исплата на кредитот, Кредитокорисниците учествуваат во наградната игра. Доколку некој не сака неговите податоци да се обработуваат за таа намена, можат да го откажат своето учество во Наградната игра со Изјава за откажување пратена на е-маил адресата contacts@credissimo.mk,

За лицата кои ќе учествуваат во Наградната игра, односно Учесниците кои ќе ги добијат наградите Организаторот има право нивните лични податоци да ги користи во своите идни маркетинг активности.

ОТКАЖУВАЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА

Член 13

Организаторот има право подобивањето на одобрението од Министерството за финансии да јапрекине Наградната игра во било која фаза, согласно член 8 од Законот за игрите на среќа и за забавните игри, со известување до јавностапреку дневниот печат, и на веб страните наведени во член 8 доколку настапи штетна последица предизвикана со кривичнодело или поради дејство на виша сила.

ОТСТРАНУВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ ЗА НАГРАДНАТА ИГРА КОИ ШТО БИ МОЖЕЛЕ ДА НАСТАНАТ

Член 14

Евентуално настанатите спорови меѓу Организаторот и учесниците во Наградната игра ќе ги решава надлежниот суд во Скопје.

ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 15

Со исполнување на Правилата за учество во Наградната игра корисниците ги прифаќаат одредбите од овие правила. Овие правила ќе се применуваат по добивање на согласност од Министерот за финансии на Република Северна Македонија и по нивното јавно објавување пред започнување на наградната игра, а ќе важат до завршување на Наградната игра, односно до завршувањето на рокот за подигнување на наградите.

Со конечната реализација на наградите престануваат сите обврски на Организаторот на Наградната игра спрема добитниците.



Врати се назад

Прочитај повеќе