10 игри кои ги учат нашите деца на финансиска писменост

10 игри кои ги учат нашите деца на финансиска писменост

"Доста ги трошиш парите за глупости!" Ако имате дете на кое веќе давате џепарлак, оваа реплика најверојатно излегувала од вашата уста, a понекогаш и неколку пати на ден. Зошто наместо појадок си купило сладолед или сок, колку неодговорно е да ги потроши собраните пари од роденденот за бесмислени работи, како неможе да разбере секој пат кога во продавницата му објаснувате дека не може сè да купите...

Во иднина тоа прераснува во тинејџер кој ќе очекува од вас да ги покривате финансиски сите негови (а веќе и доста поскапи) капризи. А подоцна прераснува и во возрасна особа која не успева да си го планира месечниот буџет и продолжува да троши, без да мисли. Во најдобар случај барем ги троши сопствените средства, а не оние на своите родители.

Финансиската писменост и создавање на чувство кон парите не е нешто генетски предодредено. Инвестицискиот гуру и милијардер, автор на серија книги и обуки за бизнис и финансии, Роберт Киосаки, смета дека секое дете е гениј, само треба да го развие својот потенцијал. Тоа го кажува токму во контекст на парите.

Киосаки е и творец на играта Cashflow, по која го напиша и првиот хит - "Богат татко, беден татко". До денес таа е една од најпопуларните игри за совладување на уметноста на правење пари, постигнување на финансиска независност и разбирањето на севкупните процеси во финансискиот свет. Меѓутоа постојат многу други, со кои децата (а и возрасните) можат да ја развијат логиката во овој поглед.

Ако се прашувате зошто да се играат игри со детето, наместо едноставно да му „предадете“ усно неколку лекции за тоа со каква пот на челото се заработуваат посакуваните пари и како треба да штеди ... Па затоа, како што веројатно веќе забележа - со објаснувања не бидува, а со осознавање. Токму игрите ја развиваат имагинацијата и потенцијалот на децата, како и на возрасните.

Еве некои од најпопуларните игри кои ги учат децата на финансиска писменост:

1. Cashflow

Веќе стана збор за неа. Визуелно играта личи малку на Монополот и таа е основата врз која е развиена. Се состои од два круга - внатрешен и надворешен. Внатрешниот го копира механизмот на кој живеат повеќето луѓе - плата, дополнителна работа, кредити и хипотеки и сл. Тој наликува на тркало на хрчак, од што играчите треба да излезат, за да стигнат до вториот круг - лента за брзо движење - финансиската слобода, која ја постигнуваш кога ќе ги научиш парите да работат за тебе (наместо ти да работиш за нив).

"Cashflow " е корисна и за возрасни, а може да ја играте и бесплатно онлајн.

2. Монопол

Не е можно да не ја познавате оваа класика, иако на пазарот веќе има и нејзини нови варијации. Не е случајно тоа што нејзината популарност не умира. Играта е исклучително погодна за први запознавања на децата при ракувањето со пари. Ги учи како да планираат стратешки, да се справат со конкуренцијата, да водат преговори за купување - продажба со останатите учесници. Заедно со тоа тука малите се среќаваат за прв пат со концепти како банка, хипотека, приход, изнајмување, инвестиција и др.

3. Европоли и Мега сити

Уште две игри, слични како идеја со Монополот. Повторно има банка, а играчите купуваат/приватизираат терени на кои градат. Мега сити поминува едно ниво напред со што ги соочува децата со машината на бирократијата - треба да се здобијат со три вида дозволи пред да добијат право на градба.

4. Хотел и Zooloretto

Ако ве интересира како е да се управува добро со хотелски бизнис, може да играте Хотел со своите деца. Играта го вклучува целиот процес - од изградбата на хотелите, стекнување право на сопственост со Нотарски акт, до управување, развој на рекреативни центри, пречек на посетители и др.

Во Zooloretto пак бизнисот ќе е доста по егзотичен - управување на зоолошка градина. За децата сигурно ќе биде забавно да се занимаваат со животни, да им градат простории и да им обезбедат услови. А паралелно со тоа се учат како се работи со пари и да привлекуваат приходи. Постојат неколку дополнувања кон основната игра, меѓу кои и Aquaretto - зоолошка градина на вода со делфини, пингвини, нилски коњи, итн.

5. LeadStreet

Тоа е игра со цел развивање на финансиска писменост кај децата на возраст 7 - 10 години. Авторите го развиваат концептот на идејата дека секое дејствие превземено сега може да има долгорочни последици - факт кој децата го учат играјќи. Можни се два начини на игра - со и без зар. Кога се игра без зар, детето ги планира само потезите и стратегијата. При игра со зар се меша и улогата на среќа и непредвидени околности - целта е детето да се научи да ја прилагоди својата стратегија во однос на надворешните околности.

LeadStreet во моментов може да се игра само во апликацијата за Android и iOS.

6. Kingsburg

Тоа е стратешка игра, а стратегиите со елементи на бизнис се одличен начин за развој на целокупното логично размислување и планирање. Ги содржи вообичаените "стратешки" елементи - територии за освојување, војници за обука и ресурси за собирање и изградба. Играта е динамична и брза - само 20 рунди, кои претставуваат 5 години со по пет сезони.

Компјутерски игри:

И бидејќи не секогаш родителите имаат време да учествуваат во игрите на децата, компјутерот и мобилните уреди можат успешно да ја вршат оваа работа понекогаш. Особено ако детето и без тоа, често си го троши времето со нив. Подобро да е со нешто истовремено корисно и интересно. Можностите се многу, вклучувајќи ги игрите за телефони и таблети, но еве и најпопуларните, што се погодни за тинејџерите:

7. ANNO

ANNO е економска стратегија во која играчите развиваат цивилизација преку бизнис симулација, изградба на градови и др. Верзиите стартуваат од средниот век и секоја наредна игра е од новата ера. Најновата верзија - Anno 2205, се развива во далечна иднина и вклучува освојување на нови светови.

8. Civilization

За да изградите империја, стартувајќи од нула - со еден доселеник од пред векови, дефинитивно се бара совладување на основните економски принципи - од концепт за распределбата на ресурсите, до како функционира даночниот систем, во кои области на државата (империјата) и јавниот живот да инвестирате ...

9. Capitalism

Capitalism 2 и нејзиното дополнување Capitalism Lab се наследници на истоимената легендарна игра, чија прва верзија се појавува уште во 90-тите години. Како што сугерира името, станува збор за бизнис симулација во која играчот се стреми да развие профитабилен бизнис, инвестирајќи и развивајќи ги дејностите како треба правилно да се справува со конкуренцијата.

10. Eve Online

Космос и економија - што по добра забава. Заедно со управувањето на вселенскиот брод и учеството во битки играчот ја има целта да остварува меѓугалактиски зделки, да заработува и соодветно да инвестира во производство на нови бродови, делови и стоки.

Се разбира само со игри нема да се случи, потребно е да имате сеопфатен пристап и тоа секој ден. Но е докажано и дека учењето преку игра е многу поефикасно од едноставно пренесување на сува материја. Значи, започнувајте да го планирате времето за финансиски игри со децата. А ако ви требаат повеќе средства за да купите такви, може да ги искористите предлозите за онлајн кредити на Credissimo и да се стекнете со нив веднаш.



Врати се назад

Прочитај повеќе