Дали го припреми буџет планот за престојната година?

Дали го припреми буџет планот за престојната година?

Јануари не е само почеток на новата година, туку и период во кој си даваме шанса за нови почетоци и позитивни промени во нашиот личен живот. Ги преиспитуваме одлуките кои сме ги донеле во претходната година и решаваме истите да ги подобриме во престојната.

Меѓу сите овие планови и размислувања, неизоставен дел е и планирањето на буџетот за престојната година. Иако зборот „буџет“ може да звучи рестриктивно и помалку застрашувачки, сепак тоа е само една алатка која ќе ти даде насока за ефикасно трошење на твоите финансиски средства.

Доколку забележуваш дека досега нерационално си го трошел твојот буџет, почетокот на оваа година е одлично време да почнеш да ги контролираш твоите трошоци и да ја планираш твојата заштеда. Еве неколку трикови како полесно да го изведеш тоа:

Пресметај ги месечните фиксни и варијабилни трошоци!

Месечните фиксни и варијабилни трошоци се обврска од која не можеш да избегаш, па затоа започни го планот со нивна пресметка. Потребата од плаќање сметки, купување намирници за исхрана и одржување на домаќинство, како и трошоците за транспорт е она што најмногу го оптеретува домашниот буџет. Прегледај ги сметките од претходните месеци и пресметај го оптималниот буџет кој со сигурност ќе ги покрие овие трошоци.

Внимавај, трошоците за греење или пак гориво варираат во различни периоди од годината. Така, преку зима трошоците за греење се секогаш највисоки, за разлика од летото каде што трошоците за гориво се најголеми бидејќи времето е топло и често се прават планови за подолги патувања. Тука се и различните инвестиции кои планираш да ги направиш, на пр. реновирање на домот, купување на ски опрема, купување бела техника или пак вложување во образование. Затоа, не ги испуштај овие варијации во твојот план.

Заштеда или удобности?

Откако ќе ги увидиш сите месечни трошоци, одземи ги од твоите месечни приливи на средства. Во позитивните случаи, може да преостане дел од буџетот кој ќе остане неискористен. На тебе и твоето семејство ви преостанува одлуката како ќе биде пренаменет остатокот од средствата.

Дали ќе биде целиот буџет сместен во штедната касичка или ќе биде искористен за дискреционите трошоци (патувања, облека, ресторани итн.)? Или пак процент од буџетот ќе биде искористен за дискреционите трошоци, а процент ќе биде заштеден. Тоа зависи од твоите лични цели и целите кое твоето семејство ги има поставено за оваа година.

Внимавај на импулсивните купувања!

Иако се чинат минорни и незабележливи, импулсивните купувања може да се она што незабележливо го црпи твојот буџет. Импулсивни купувања се сите купувања кои непланирано се остваруваат во одреден момент кога некој производ ќе му го привлече вниманието на купувачот. Колку често ти се случува на самата каса во продавницата да зграбиш неколку ситни производи кои биле поставени на шарен рафт? Во тие моменти размисли дали тие производи ти се навистина потребни или само нерационална, импулсивна одлука.

Ако трошоците премногу го исцрпуваат твојот буџет, а имаш планови кои сакаш да ги оствариш не очајувај. Тоа е само привремен период кој ќе го пребродиш, а решение постои за сите проблеми. Тука е за тебе „Credissimo до плата“ до 20.000 денари со 0% камата и без дополнителни административни трошоци, ако го вратиш во грејс-периодот, а исто така може да го продолжиш периодот на враќање неограничен број пати. Доколку имаш повисоки цели и амбициозни планови за оваа година постои „Credissimo плус" до 80.000 денари кој ќе ти помогне конечно да го оствариш она што си го зацртал за новата година.



Врати се назад

Прочитај повеќе