Како да направите сами градина од соништата?

Како да направите сами градина од соништата?

Природното зелено е модерно. И како да не биде во овој современ свет, кога отсекаде сме потиснати од бетон. Во светот архитектите веќе создаваат и вертикални градини по фасадите, паркови по покривите и микро оази во големите деловни згради.

Таков тренд одамна се смести и во нашите лични простори. Се почесто изпраните алишта по балконите се заменети од саксии со раскошни цвеќиња, многу луѓе одгледуваат зачини и дури зеленчуци на терасата или дома, а при постоење на двор - во него. Создавањето на мини оази во дневната соба, пак е заразна опсесија.

Ако имаш желба да имаш сопствена градина, а искуството со растенијата до моментов најчесто завршувал во канта, не се откажувај. Секој може да настапи успешно како градинар, но за тоа има правила, трикови и, најмногу - бара грижа и трпение.

За почетници

Да одгледуваш сардели и да се грижиш за орхидеи сосема е различно, така, како што имаш саксии со зачини, не е исто како да се грижиш за домати. Едноставно едни растенија се повеќе претенциозни и бараат повеќе познавања и постојани грижи.

Ако допрва мислиш да започнеш во хортикултурата, во почетокот одбери растенија, кои се лесни за одгледување. При декоративните собни растенија, на пример тоа се тие што не цветаат. Обично цвеќињата бараат повеќе внимание. Кај тие што се јадат пак најпогодни за почеток се зачините. Најдобро е да се одлучиш на готови растенија во саксија, наместо да се обидуваш да ги садиш од семе, иако второто е доста поевтино. А и за оваа година веќе е доцна допрва да купуваш семиња, бидејќи тие обично се садат меѓу февруари и април, во зависност од видот.

Прашај го продавачот во продавницата или види во интернет дали соодветното растение сака повеќе или помалку сонце, колку често треба да се полева, потребни ли се други грижи како кроење итн.

Зеленчукова градина на терасата? Да, може.

Ќе бидеш изненаден колку работи може да се одгледуваат во услови на градско живеалиште. Зачините се јасни, но во саксија слободно можеш да засадиш домати, тиквички, кромид, лук, чили, зелена салата, целер, грав, јагоди ...

Ако одиш до некој пазар, сеуште можеш да најдеш расад. Земјата, која се продава во вреќи по продавниците е идеална и за одгледување на зачини, но не земај цвеќарско ѓубриво, ако навистина имаш намера го да консумираш производство.

Доматите и тиквичките се садат најмногу по две коренчиња во саксија која е добро да е голема и да има доволно место за коренот. При растењето доматите имаат потреба од отстранување на малите и слаби гранчиња во основата на поголемите гранки. И двете култури сакаат многу светлина и секојдневно наводнување. Ако балконот ти е премногу сончев сепак треба да внимаваш да не изгорат.

разсад домат

При јагодите има специјални сорти за саксија. За да имаш побогата реколта барај т.н. висечки јагоди. Ќе треба да обезбедиш високо место на кое да ја закачиш или поставиш саксијата, па јагодите да имаат навистина каде да висат.

Ако сакаш да одгледува зелен кромид и лук, е доволно да ги посадиш преку 5-6 см. во саксијата. Лукот е најлесен - ти требаат чешнињата од главата на старото растение. За кромидот ќе ти треба расад или семиња. Постои и друг начин да одгледаш зелени стебла, кога ќе поставиш глава кромид во тесна чашка и додаваш само вода само колку да бидат потопени корените. На сличен начин може да си одгледуваш целер или зелена салата.

Децата сигурно ќе се радуваат да видат како расте едно бобче, но не се задржувај само до ученичкиот метод со влажен памук. Откако никне, пресади ги бобчињата во саксија - не бараат голем простор, но ќе треба да користиш прачка или јаже, по што да се замотааат

Градина во дворот - не се создава само со лопата

Ако си еден од среќлиите кои имаат двор, но досега не си го користел со намената на градина, е крајно време да се корегираш. Пред да тргнеш да раскопаш наоколу и да се мачиш да правиш стандардни леи, еве неколку совети за современо аматерско земјоделство што дури изгледа убаво.

Повеќето зеленчукови насади сакаат светлина и не е добра идеја да ја избираш сенката во дворот. После тоа е добро да се здобиеш со алатки, ако уште не располагаш со такви, и задолжително градинарски ракавици. За жал често кај хортикултурата рацете стануваат груби.

Потоа најлесниот начин да создадеш насади лесни за одгледување, е да си направиш т.н. високи леи. Тоа значи да не брзаш да копаш директно во земјата.

Подигнатите леи имаат многу предности - оддаваат по негуван изглед, подобро се дренирани, а во исто време ја задржуваат подолго влагата, со нив се работи полесно и освен тоа го решаваат проблемот со неквалитетна почва.

идеи за лехи

 

На прво место ќе ти треба материјал за рамката. Најчесто се користат даски кои се спојуваат на принципот на рамка, но може да користиш секакви други материјали како камења, цигли, керамиди и т.н. Вторите се по практични, ако решиш да дадеш нестандардни форми на леата. Висината може да се движи од 30 до 60-70 см., а површината е целосно по избор, но не ги прави премногу големи за да не мора да чекориш во нив при обработката. Меѓу леите остави патеки. Најдолу се става материјал кој ќе спречува пребрзото пропуштање на водата во подлабоките слоеви на почвата, но сепак треба да е пропустлив. Најчесто за целта се користат картони или некое старо ќебе.

 

Потоа на слоеви се ставаат различни елементи. Не е добро да го пропушташ овој чекор и да полниш директно и само со земја, секој од нив има своја улога. Првиот слој се состои од дрвен материјал - гранчиња, стапчиња и др. Врз нив следува слој искосена трева, луцерка или слично, одозгоре слама или шума, слој земја, повторно слој суви материјали и одозгора повторно земја. Леата се завршува со т.н. прекривка или поинаку кажано посипување повторно со сув матријал. Најпогодни за целта се слама, струготини, дрвен чипс, суви лисја и сл. Прекривката ја штити почвата и заедно со тоа спречува плевелот да расте. Во една висока леа може да бидат засадени култури од ист вид, така и различни култури. Сепак, треба да внимаваш при комбинирање, бидејќи не сите напредуваат добро заедно. Најубавото е дека подигнатите леи дозволуваат да ја покажеш твојата имагинација. Како во однос на нивната форма, така и при садењето. Така една зеленчукова градина може да изгледа поубаво дури од иста таква цветна.

Нема да се изненадиме по читањето на статијава веќе да те чешаат рацете и да почнеш со зелената креативност! Ако не ти се чека до плата, за да купиш материјали и растенија, знаеш кому да се обратиш: Credissimo не случајно има награда за зелена компанија, поздравуваме секакви корисни иницијативи за здравјето и животната средина. Може да ги искористиш нашите предлози за онлајн кредити - до 12000 денари со 0% во рамките на грејс период или до 40000 денари со можност за удобна отплата до 15 месеци.



Врати се назад

Прочитај повеќе