На што треба да внимаваш, кога купуваш употребуван автомобил

На што треба да внимаваш, кога купуваш употребуван автомобил

Ако си купувал или барем си се загледувал за автомобил втора употреба, сигурно си забележал, дека сите имаат слично минато: Биле во сопственост на некоја возрасна германка, која ги управувала многу внимателно и нежно и тоа само во недела. Светнати речиси до совршенство, со мала километража што е тешко за верување и убедувања дека се како нови.

Реалноста, се разбира, ретко е точно таква. Често после среќниот купувач треба да ја потроши речиси истата сума како купопродажната цена за поправки, а во сервисот мислат дека тој автомобил веројатно е бил на фирма, возен до бескрај од различни вработени и со поминати стотици километри (а, потоа со вратена километража), ако се суди по истрошеноста. Често сретната грешка е и по купувањето да не биде направена задолжителната профилактика и замена на делови и материјали, кои подлежат на периодична обнова. Пропуст, кој може да доведе до непријатни расправии во неочекувана блиска иднина.

Затоа ако имаш намера да купиш половен автомобил, при изборот, добро е да знаеш за некои основни работи однапред, а исто така и какви ќе бидат првите дејствија по успешно извршената купопродажба.

Прв дел: Во потрага по совршениот автомобил

1. Распредели го добро својот буџет. Штом си решил да купуваш автомобил втора употеба, најверојатно не располагаш со бескрајни финансиски ресурси. Експертите советуваат околу 80% од средствата да се за купување на автомобилот, а 20% да бидат одвоени за останатите трошоци околу купопродажбата (нотар), административни трошоци и профилактиката.

2. Внимавај од кого купуваш. Има бескрајно многу автоплацови и уште поголем број приватни продавачи на употребувани автомобили. Подобро е да се довериш на фирма, при тоа се увери дека таква навистина постои, а не е фиктивна. Како? Ако сопственикот ти закаже средба на невообичаено место, а не во наводниот автоплац, значи има нешто сомниелно, нели? Кај приватните купувачи е уште потешко и ќе треба до голем степен да сметаш на твојата интиуција и можноста да го процениш човекот.

3. Добри познавања по психологија не се сосем доволни. Затоа никогаш не купувај емоционално, дури долго време да си во потрага по перфектниот автомобил од омилената марка, со идеалната боја и на изглед во одличен вид. Оддели си време да организираш оглед на правилен начин.

4. На прво место освен ако не си навистина со одлични познавања за автомобилите и немаш барем мало искуство во автосервиз, не избирај сам. Со себе води си техничар или се договори со таков, да ја однесеш за преглед во сервиз. Паралелно договори и тест возење. Ако сопственикот се повлекува за едно од двете, имај едно на памет и сигурно не купувај на слепо.

5. Еден добро подготвен автомобил за продажба тешко може да биде препознаен како стар или ако имал сообраќајна несреќа од човек без искуство. Сепак има неколку основни белези, по кои може да препознаеш: состојбата на каросеријата, кој се гледа. Ако е многу старо или со траги од малку грижи за него, веројатно и односот спрема автомобилот во целост била таква. После тоа обрати внимание и на надворешниот вид-шупли, задебелувања или разлика во бојата може да укажуваат за поправка по сообраќајна несреќа и ризик да има повредена „предница“. Во врска со прашањата под капакот веќе споменавме, важно е да се довериш на лице со искуство.

6. Малку од нас имаат ренгенски поглед, така што најдобро е да направиш компјутерна дијагностика. Има многу компании кои нудат таква услуга и дел од неа можат да ја направат заедно со тебе на местото на огледот. При овој тип на дијагностика се извршуваат проверки на достапните системи, со што може да се установи манипулации по километражата на определени модели, ја измерува дебелината на бојата и лак, присуство на корозија и сл. Стандардните цени се околу 30 евра на дијагностика на место или околу 15 евра во конкретниот сервиз, но често има и промоции со попусти за половина од цената.

Втор дел: Први грижи

1. Претпоставуваме знаете дека после купопродажбата има неколку административни обврски и задачи.

  • Полиса за автоодговорност . Тоа е всушност полисата која мора да ја извадите за да го регистрирате автомобилот за учество во сообраќајот. Со оваа полиса одите на технички преглед и врз основа на неа и на техничкиот преглед добивате печат на сообраќајната кој е потврда дека возилото е регистрирано. Со ова осигурување се осигурува одговорноста на сопственикот за штетите кои ќе ги причини на трети лица со користење на возилото, односно сите материјални и нематеријални штети кои ќе ги нанесете на трети лица, поради сопствена грешка. Предмет на осигурувањето од автоодговорност можат да бидат и патниците во возилото со кое управувате, како и стаклата на истото.
  • Регистрација на употребуван автомобил набавен во Република Македонија треба да имате договор за купопродажба склучен со лицето кое фигурира на сообраќајната дозвола заверен од нотар или друга соодветна исправа со која се докажува извршената промена на сопственоста, доказ за извршена одјава на возилото кај органот кој претходно го регистрирал. да се платат пропишаните такси и цената на чинењето на новата сообраќајна дозвола. Исто така треба да внимавате на важноста на регистрацијата, и износите на име технички преглед, надоместоци и други пропишани давачки при регистрација. Важно е да се знаете дека сите промени на возилото или промени на запишаните податоци во сообраќајната дозвола мора да се пријават во рок од 15 дена во Министерството за внатрешни работи според местото на живеалиштето.
  • За автмобил набавен од странство потребна е странска сообраќајна дозвола за возилото и писмен доказ за извршена одјава на возилото во земјата во која предходно било регистирано, договор за купопродажба на возилото или друга соодветна исправа со која се докажува извршената промена на сопственоста, доказ за регулирани царински и даночни обврски за возилото, доказ за сообразност на возилото со хомологациските прописи за возила кои важат во Р Македонија, доказ за техничка исправност на возилото кој не може да биде постар од 30 дена исто така треба да се платат пропишаните такси и надоместоци, за регистрација на возило како и износот на име цена на чинење на образецот на сообраќајната дозвола и регистарските таблици.

2. Дури да си апсолутно убеден дека си купил автомобил во одлична состојба и без никаква потреба од поправки, постојат неколку задолжителни елементи кои се предмет на промена. Тоа се:

  • Масло, филтри, тампони
  • Ремени, вклучувајќи ребраст ремен
  • Антифриз
  • Течност за сопирачките
  • или гумите

Ако наведените работи ти звучат како на странски јазик, едноставно однеси го автомобилот на сервис, таму знаат што да прават.

Можно е да не си предвидел доволно средства за овие први грижи за твојот нов автомобил. Сепак не ги игнорирај, бидејќи потоа може да ти чинат доста поскапо. Најдобро е да контактираш со нас, ќе ти понудиме најсоодветна опција за кредит - до 12 000 денари без камата со 15 дена грејс период или 40 000 денари со план на враќање според твоите можности.



Врати се назад

Прочитај повеќе