Направете си сами маска за 1ви Април со минимален буџет

Направете си сами маска за 1ви Април со минимален буџет

Како да си направите маска брзо и лесно со минимален буџет

Или зашто да не го пропуштиш празникот оваа година и како да го прославиш незаборавно.

Во најразлични земји од целиот свет, Денот на шегата се слави секоја година на 1 април. Понекогаш го нарекуваат и денот на сите шегаџии. 1-ви Април не е национален празник, но секаде е признаен и се прославува како ден кога многумина прават разни шеги и будалштини. Овој ден го одбележува присуството на весели или други шеги, трикови и други практични шеги на различни пријатели, членови на семејството, наставници, соседи, колеги итн. Традиционално, во некои земји како Канада, Нов Зеланд, Обединетото Кралство и Јужна Африка, шегите траат само до пладне и некој кој прави трикови после пладне го нарекуваат „Априли-ли-ли“ и го исмејуваат „Денот на шегата си замина, ти си будала што се шегуваш“. Најраната врска помеѓу први април и шегата може да се најде во Canterbury Tales-Приказните за Канетбуру на Чаусер (1932 година).

За тракијците и кукерите.

Во минатото сличен ваков празник бил Прочка, 40 дена пред Велигден. Со тек на време празникот започнал да се меша со Кукеровден, кој подоцна преминува во Кукерски игри. Првиот празник е православно-христијански, а вториот е пагански и датира уште од времето на тракијците, кои на тој начин ја дочекувале Новата Година. Многу одамна таа се прославувала во Март. За оваа прослава кукерите (вклучително и тие од Тракија) се маскирале во животински кожи, со кои ги бркаат лошите духови. Денеска таа традиција сеуште е зачувана преку Вевчанскиот карневал.

Зашто да го прославиш Денот на шегата? Затоа што е забавно.

Ако си фан на забавите со маски, ова е празникот за тебе. Ако едноставно сакаш само забави, празникот пак е за тебе. Сите изгледаат толку откачено на 1-ви Април, нема како да не ти е смешно и забавно. Ако го прославуваш празникот прв пат, не ја прави грешката да отидеш на забава без маска – ќе ти биде досадно, ќе се чуствуваш како да не припаѓаш и на крај ќе жалиш затоа што не си се маскирал.

Всушност, маскирањето за 1-ви Април и не е некаква комплицирана работа. Некои луѓе со ограничуваат со едноставни маски и перики од продавница, кои што не чинат повеќе од 200 - 300 денари и не одземаат никакво време.

Други пак, претпочитаат да вложат повеќе сили и одделуваат неколку часа за да си нанесат шминка и маска. Комбинациите за маска се бескрајни. Може да облечеш стари пижами, и да ги преуредиш во затворска облека. Може и да скроиш нешто по-комплицирано, на пример фустан на принцеза.

Ако сакаш да се преставиш добро, имаш 2 варијанти:

1. Маска под наем. Цените се околу 500 денари за детски и околу 1000 денари па нагоре за костимите за возрасни.

2. Да си ја направиш маската сам. Тоа е многу подобро решение, бидејќи маската за 1-ви Април е како нови женски обувски. Сите пријателки сакаат да знаат од каде се, како се направени, и ќе се воодушеваат од твојот талент и креативност.

Упатсво за оригинална маска со малку пари:

1. Мисли наопаку

Костюм

Веднаш ќе ја побиеме твојата прва мисла, дека за да создадеш една оригинална и квалитетна маска треба да си моден дизајнер со неверојатни шивачки познавања и креативност.

Во интерес на вистината, најтешко е да одлучиш во што сакаш да се маскираш. Подобро е да побараш одговор на тоа прашање на некаков друг начин. Наместо, “сакам да сум волк, од каде да барам ваква маска“, запрашај се “Што дома може да ми заврши работа?"

Понекогаш наједноставните работи се најдобри.

Да се претвориш во спротивниот пол е досетливо, и може да се постигне со малку гардероба од партнерката, мајка ти или татко ти. А пак, какви работи би можел да откриеш во гардероберот на баба ти и дедо ти? Ете ти готов ретро костим, и без тоа ретро е во мода во моментов.

2. Биди маче

Ти треба опашка. Можеш да искористиш стари хулахопки, наполни ја едната ногавица со памук, врзи ја другата околу половината, и спремна си. За мачкини уши, скоро во секоја продавница ќе можеш да најдеш венче со ушиња. Алтернативно, ако сакаш маската целосно да биде твое дело, можеш да исечеш 2 триаголници од хартија, да ги пребоиш соодветно и да ги залепиш на венчето кое ќе биде дел од маската.

Остануваат уште мустаќите. Реално, ниедно маче нема да е маче без своите мустаќи. За овој дел од маската ќе треба да ги искористиш сите свои уметнички вештини и претпазливо да нацрташ по 3 црти од средината на твојот нос.

Еве една лесна идеа и за мажите. Облечи бела кошула, заврзи вратоврска врз едното око, и закачи ја куката од закачлка на една поголема пластична чаша. Кога со чашата ќе ја покриеш раката, заедно со другите детали ти си пират! Ако сакаш да бидеш уште поуверлив, стави и некој ѓердан од девојка ти. Гледај да не е од скапите!

Ако ти требаат уште повеќе идеи, погледни го овој пост на Пинтерест со интересни идеи за костуми кои може да ги направиш сам.

3. Мисли два пати

Не заборавај дека се маскираш за да одиш на забава, нема да стоиш како кукла на излог. Гледај да ти е удобно и функционално. На пример, ако земаш маска, со која само ќе го покриеш лицето, биди сигурен дека има отвор за уста и нема да останеш жеден цела вечер. Ти знаеш што си, но треба да знаат и другите. Внимавај како ќе се маскираш. Може да мислиш дека ако ја собереш косата на еден или друг начин личиш на некој познат актер или актерка, но дали сите го делат твоето мислење? Ако не си сигурен, побарај совет од пријател. Инаку цела вечер ќе одговараш на прашањето, “А, што си всушност ти?“

Маската ми е готова, што е следно?

Како мислиш, што е следно? Идеш да се забавуваш со останатите принцези, бизнисмени и медицински сестри! Веќе заштеди пари за да не купиш костим, така да останува да ја потрошиш заштедата за забава. Ако точно во моментот немаш доволно, земи си заем од Кредисимо. Можеш да земеш од 3 000 до 12 000 денари, со тоа што во грејс периодот од 15 дена враќаш толку колку што земаш.

Како што спомнавме на почетокот, најдобриот дел од 1-ви Април е забавата. Нема логика да бидеш маскиран дома. Повеќето барови и дискотеки имаат Априлска забава, или пак може да се соберете со пријателите. Времето надвор сигурно ќе биде убаво, па главната забава ќе е на улиците. А има и лоши духови за бркање.

 

 



Врати се назад

Прочитај повеќе