Топ 5 серии што не смееш да ги пропуштиш оваа есен

ОД Credissimo МК | 15.10.2021
Топ 5 серии што не смееш да ги пропуштиш оваа есен

Студените денови се пред нас. Замотај се во најтоплото ќебе, испукај ги пуканките, одбери добро друштво и препушти се на маратонското гледање одлични серии!

Времето полека се залaдува, а со тоа и желбата да останеме дома и да се опуштиме во топлиот дом, покрај телевизорот со омилените грицки и топол пијалак. Сите знаеме дека во последно време популарноста за гледање серии и филмови порасна. На популарните платформи каде што најчесто можеме да уживаме во омилената серија има понуда на огромен број содржини и токму поради тоа, тешко е да се издвојат само неколку најдобри. Сепак, она што е пресудно во изборот е тоа каков карактер си ти, односно кој жанр те привлекува.

Кои се најдобрите серии според популарноста и рејтинзите?

Sqid Game

“Squid Game”

Неверојатен и неочекуван успех има „Squid Game“, најновиот хит на Netflix, кој е моментално најгледана серија и хит број 1 насекаде во светот. Јужнокорејската хорор-трилер серија ја прикажува денешната, многу реална нееднаквост помеѓу богатството и сиромаштијата во Јужна Кореја. Критичарите велат дека серијата изобилува со застрашувачки и испревртени ситуации, кои ја воодушевуваат публиката. Деновиве, социјалните мрежи неслучајно се преплавени со содржини од серијата.  Дали и тебе веќе те освои овој хит?

Maid

"Maid"

„Maid“, чувствителна драма-комедија која ќе те опушти по неизвесноста на „Squid Game“. Новата серија којашто полека, но сигурно ги освојува срцата на гледачите е инспирирана од делото на Стефани Ленд – „Maid“, моќниот бестселер на New York Times. Раскажува за напорната работа, ниската плата и волјата на една мајка. Слугинката ќе прикаже една самохрана мајка која работи како домаќинка и едвај врзува крај со крај, додека се бори со сиромаштијата, бездомништвото и бирократијата. Оваа серија е всушност прекрасно, живо, сурово и инспиративно истражување за сиромаштијата во Америка.

Money Heist

“La Casa De Papel” / “Money Heist”

„La casa de papel“, или познат како „Money Heist“, шпански трилер кој ги сруши сите рекорди на гледаност и популарност и беше прогласен за најгледана неанглиска серија на сите времиња во 2020. Добро познатите црвени костуми и маски, сложените кражби на мистериозниот професор и неговиот тим се враќаат со ново продолжение и нови возбудливи епизоди. Ако сè уште не си ја гледал, можеш да го направиш тоа на „Netflix“, бидејќи оваа серија гарантира добро потрошено време.

The Crown Claire Foy

“The Crown”

Доколку, пак, си љубител на историските настани, тогаш „The Crown“ е вистинскиот избор за тебе. Оваа историска драма ја обработува приказната за животот на кралицата Елизабета II, од времето кога таа била принцеза, нејзината свадба во 1947, па сè до сегашноста. Како што минуваат децениите, се откриваат лични интриги, романси и политички ривалства кои играле голема улога во настаните што ги обликувале подоцните години од 20-тиот век. Серијата влегува во категоријата на најпопуларни и највисоко рангирани серии на „Netflix“.

Young Sheldon

“Young Sheldon”

Бараш серија што е за сите возрасти? „Young Sheldon“ е твојот избор. Станува збор за фамилијарна комедија што ќе го насмее целото семејство. Приказната за раното детство на Шелдон Купер ќе ги воодушеви сите членови на семејството. Серијата е продолжение на “The Big Bang Theory“ и започнува со линкот на 9-годишниот Шелдон Купер кој оди во средно училиште и се обидува да се вклопи во светот околу себе, почнувајќи од своето семејството и пријателите, кои не знаат како да се однесуваат со неговиот талент за математика и наука, како и со неговите уникатни интелектуални способности.

Одбери со која серија ќе започнеш и уживај во гледањето!

Назад

Прочитај повеќе

Со користењето на сајтот за брзи кредити credissimo.mk, ги прифаќаш условите за 'cookies' од наша страна. Со нив ние го подобруваме квалитетот на нашите услуги.