Кои се највозбудливите забавни паркови во Европа?

Кои се највозбудливите забавни паркови во Европа?

Секој сака понекогаш да се почувствува како дете, да заборави на секојдневните проблеми и стресови и едноставно да се препушти на забавата. За некого тоа се водени паркови, за други тоа се екстремни спортови како летање со параглајдер, но сепак мора да се согласиме дека нема нешто позабавно од доза адреналин и ново, невообичаено искуство. Летото е совршено време за да направиш план и да ги оствариш твоите желби за забава. Ти ги претставуваме највозбудливите забавни паркови во Европа кои дефинитивно ќе останат незаборавен дел од твоето сеќавање.

Врзи го цврсто појасот, тргнуваме!

Europa Park, Германија 

Без разлика дали бараш искуство што ќе ти го покачи адреналинот или пак магична авантура, Europa Park има многу да ти понуди - големи и мали ролеркостери, дизајнирани за различна возраст, инспирирани од разни филмови и бајки. Она што е интересно за овој парк е фактот што неговата област е поделена на помали делови посветени на европските земји и секоја од нив има различни видови на атракции и возбудливи ролеркостери. Покрај тоа, постојат и многу области за деца, како на пример цела шума инспирирана од приказната за браќата Грим, исполнета со магична и мистична атмосфера, на која и возрасните не остануваат рамнодушни.

PortAventura, Шпанија 

PortAventura, која се наоѓа јужно од Барселона, е еден од најпосетуваните забавни паркови во Шпанија. Со 4 милиони посетители секоја година и совршена локација, овој забавен парк се состои од седум фасцинантни, тематски светови и секое од нив претставува различна цивилизација. Тука се и десетици „застрашувачки“ ролеркостери, како што е ролеркостерот „Dragon Khan“ со осум превртувања, „Furius Baco“ кој достигнува брзина од дури 135 км/ч за 3 секунди, и за најхрабрите, тука е „Shambala“, највисокиот ролеркостер во Европа.

Disneyland, Париз

Оваа листа не би била комплетна без најпознатиот забавен парк во Европа, Дизниленд.  Оваа импресивна дестинација е поделена на два забавни паркови „Дизниленд Парк“ и „Волт Дизни Студио“ и има своја железничка станица, многу ресторани, барови, терен за голф, 7 хотели и многу различни тематски атракции. Можеш да го искусиш најстрашниот „Star Wars Hyperspace Mountain“, возбудливиот „Tower of Terror“, лудиот и брзиот „Rock 'n' Roller Coaster“ креиран од групата Aerosmith и многу други ролеркостери кои се сметаат за најекстремните во Европа.

Посетата на овие забавни паркови покрај возбудливото искуство и загарантираната забава налага големи трошоци кои треба да ги испланираш, но тоа не значи дека треба да се лишиш од твојата желба за адреналин. Во планот ќе ти помогне Credissimo Плус до 80.000 денари или за Credissimo до плата до 20.000 денари со 0% камата и без дополнителни административни трошоци, ако го вратиш во грејс периодот, а исто така може да го продолжуваш периодот на враќање неограничен број пати!
Среќен пат!



Врати се назад

Прочитај повеќе