Време е да ја посетите својата омилена летна дестинација!

Време е да ја посетите својата омилена летна дестинација!

Летото се наближува и веќе размислувате каде да одите на одмор. Размислувате дали да посетите некое егзотично место, каде што ќе можете да шетате, да сликате, да разгледувате прекрасни пејзажи, да посетите стари музеи и да научите повеќе за културата и животот на градот. Или, пак, сакате дестинација каде што на прво место е забавата. Убави ноќни клубови, одлична журка, забава до рано наутро и летни љубовни авантури. Многу идеи ви се вртат во глава и сите прекрасни дестинации што ги гледате на социјалните мрежи и на телевизија би сакале од прво до последно да ги посетите. Но не може сè одеднаш. Сега е период кога пред да решите каде ќе одите на одмор, мора да погледнете длабоко во својот џеб и да видите колку пари би ви биле потребни за одбраната дестинација.

Сега е период на штедење до одмор

Постојат повеќе начини да заштедите пари за солиден годишен одмор.

  • Ако ви е тешко да заштедите, најдете дополнителна работа и со екстра заработката ќе си дозволите одмор.
  • Кусурот тргајте го настрана и овие пари можете да ги користите за јадење и за ресторани.
  • Најдоброто нешто што можете да го направите е да отворите посебна сметка за заштеда. Потоа автоматизирајте го процесот на собирање пари. Оваа сметка ќе ви служи не само за летниот одмор, туку и за други потреби.
  • Почнете да издвојувате пари, макар била тоа мала сума и следете ги промоциите за одмор за да го изберете тоа што најмногу ви одговара.
  • Резервирајте си хотел или апартман порано. Колку порано резервирате, толку поголем избор на хотели имате, а и поголеми попусти. Ако барате хотел еден месец пред да тргнете, знајте дека сите се веќе резервирани, па избирате од тоа што останало, а попустите поминале.
  • Имајте на ум дека може да заштедите и додека сте на одмор. Мора да внимавате на одредени работи.
  • Пред да одите во која било странска земја, секако ќе ви бидат потребни парични средства во соодветната валута што се употребува таму. Пред да промените средства, добро проучете ја курсната листа во менувачниците и искористете ја најповолната опција.
  • Исто така, навреме нарачајте си валута во менувачница или банка, особено ако одите во земја во која не се употребува еврото.
  • Внимавајте и при плаќањето со кредитни картички бидејќи можеби ќе треба да платите одреден износ на камата, што ќе претставува дополнителен трошок.
  • Иако повеќето сакаат да заштедат на патничкото осигурување, претпоставувајќи дека ништо не може да им се случи, замислете колку само може да ве чини една несреќа ако го немате осигурувањето. Немојте да ризикувате, подобро платете си патничко осигурување и бидете обезбедени во случај на несреќа, во спротивно може да се „изгорите“.
  • Веројатно нема турист кој не се изгорел плаќајќи за такси-превоз. Токму затоа, ако планирате да го користите овој превоз, распрашајте се како се движат цените во местото каде што одите. Прво - за да видите дали можете да си дозволите да одите со такси, второ - за да не ве ограбат со цената ако забележат дека сте странец.
  • Користете пакети во кои е сè вклучено. Овие пакети се најпрактични бидејќи ги имате обезбедно сите оброци, топли напивки, пијалаци итн. Ако не сте одбрале некој ваков пакет, веројатно ќе потрошите огромни пари на храна, пијалаци, кафиња, а тоа може да ве чини поскапо од еден ваков пакет.
  • Внимавајте на роамингот. Телефонирањето додека сте на одмор во странство навистина може да ве чини скапо. Токму затоа, гледајте да го избегнете како средство за комуникација и наместо тоа, искористете ги останатите опции како интернетот.
  • Во некои земји, бакшишот е дел од културата и постои одреден износ кој се смета дека е пристојно да се остави на послугата или на келнерот. Распрашајте се каков е обичајот во земјата во која патувате за да имате предвид колку би потрошиле на ова.
  • Обидете се да се пазарите. Не секој го бидува за ова, но ако можете, пазарете се за тоа што можете, особено ако сакате да купите некој сувенир за спомен. Вообичаено, првичната цена за ваквите работи не е реална и ставена е токму за луѓе што ја немаат умешноста на пазарењето. Научете се да преговарате за свое добро. Така ќе заштедите.

Овие совети ќе ви бидат корисни за ова лето за да отидете на саканата дестинација и да си поминете незаборавно. Ако сакате да заштедите до одмор, аплицирајте и земете го 1-от и секој 5-ти кредит „Credissimo до плата" до 12.000 денари без камата до 30 дена, и не дозволувајте да останете без пари до крајот на месецот. Остатокот ќе можете да го заштедите.
Или, пак, ако не ве бидува за штедење, аплицирајте за брз кредит до 80.000 денари и добијте одобрување за само неколку минути и не размислувајте за тоа каде е најдобро, според буџетот, да отидете на одмор. Само одберете дестинација и уживајте, Credissimo е тука за сите вас.



Врати се назад

Прочитај повеќе