Најубавите дестинации за кампување со шатор

Најубавите дестинации за кампување со шатор

Во претходната статија зборувавме за тоа колку добра идеја е кампувањето во лето наместо класичен одмор на море, а овојпат ќе ти дадеме неколку идеи каде да го поставиш твојот шатор. Изборот за локација на кампувањето може да биде навистина сложен, бидејќи треба да се обрне внимание на сите надворешни услови кои можат да влијаат на оваа твоја авантура. Сепак, направивме листа која можеби ќе ти го олесни изборот.

Инсбрук, Австрија

Замисли да спиеш под ѕвездите веднаш до мирно планинско езеро, обиколено со прекрасни високи планини – вистинско совршенство! Инсбрук е мирно засолниште позиционирано на одлична алпинистична локација, идеална за поставување на твојот шатор и уживање во недопрената природа во лето.

Камп Лиза, Словенија

Словенија е една од најпосакуваните европски дестинации, позната по реката Соча и нејзиниот магичен изглед. Можеш да го поставиш шаторот на едно многу слатко место за кампување каде што реката Коритиница се среќава со светло тиркизната река Соча во долината Бовец, која е опкружена со Јулијските Алпи. Водопадите, клисурите и езерата кои го одземаат здивот, како и многубројните тврдини се само дел од причините кои докажуваат дека ова место е вистинскиот рај на земјата!

Коста Брава, Шпанија

Коста Брава, едно од најубавите места во Европа, има богата природа со заносни плажи познати по многубројните галеби и прекрасни заливи. Можеш да го поставиш твојот шатор само неколку метри од морето, под сенката на бујната шума од борови и дабови дрва – кои ќе ти овозможат вистински одмор за душата.

Хвар, Хрватска

Хрватска станува се повеќе популарна како дестинација за одмор во лето изминативе неколку години, а за тоа има многу добри причини! Прекрасни песочни плажи, преубава природа, богата историја, тврдини и замоци и секако, храната. Кампувањето на островот Хвар е вистинско доживување, бидејќи островот е познат по големите полиња со лаванда и маслинови дрва кои ќе ти дадат чувство дека си на некое магично место.

Дали ова лето да избереш поблиска или подалечна дестинација? Тоа не е ни важно, бидејќи со Credissimo финансискиот дел повеќе не претставува проблем! Избери Credissimo до плата до 20.000 денари со 0% камата и без дополнителни административни трошоци или Credissimo плус до 80.000 денари кои ќе ти помогнат да ја оствариш оваа неверојатна авантура.

Artikuj të lidhur

Работи кои не смееш да заборавиш да ги понесеш на одмор!

Работи кои не смееш да заборавиш да ги понесеш на одмор!

Замини безгрижно на одмор ова лето и не заборавај да ги спакуваш следниве најважни работи! Види што треба задолжително да земеш со тебе

Време е да ја посетите својата омилена летна дестинација!

Време е да ја посетите својата омилена летна дестинација!

Неколку корисни совети како да заштедите и да имате неверојатен одмор за паметење ова лето. Прочитај ги советите и примени ги

Освежи ги твоите пријатели со неколку кул предлог коктели

Освежи ги твоите пријатели со неколку кул предлог коктели

Прослави ја летната сезона со овие вкусни, освежителни коктели! Изненади ги пријателите со твоите вештини за правење на летни коктели

5 финансиски грешки кои ги правиме во лето

5 финансиски грешки кои ги правиме во лето

Сонце, море, плажа! Тоа се најчестите синоними за летото, омилениот период од годината за многумина. Утрата започнуваат рано, деновите траат долго.

Оваа година - одмор на планина или на море?

Оваа година - одмор на планина или на море?

Одмор на планина или на море? Разбери кои се предностите на морето, а кои на планината и замини на долго посакуваниот одмор