Европски дестинации кои се најпривлечни во есен

Европски дестинации кои се најпривлечни во есен

Има толку многу неверојатни европски дестинациии кои навистина треба да се посетат, но есента дефинитивно е еден од најдобрите периоди во годината за посета на Европа. По завршувањето на високата и многу скапа летна сезона, толпата туристи почнува да се се намалува, а со тоа и патувањата. Авионските билети се поевтини(https://credissimo.mk/articles/nauchi-pametno-da-troshish-dodeka-patuvash) и може да се налета на многу одлични понуди за супер дестинации. Шармот на европските градови во комбинација со прекрасното шаренило на есента е формула за незаборавно, романтично патување. Додај на тоа чаша варено вино и некој интересен локален фестивали и добиваш искуство кое не смееш да го пропуштиш.

Словенија

Словенија

Главниот град на Словенија, прекрасната Љубљана, позната како најзелениот европски, пешачки град без сообраќај, сместен покрај бреговите на реката Љубљаница. Во текот на есенските месеци, градот оживува во живописните бои на есента и е развеселен од многуте фестивали и панаѓури.

Еден од најпривлечните пејзажи во Европа е езерото Блед кое се наоѓа на само кратко возење од Љубљана. Езерото Блед во ноември е еден од најспектакуларните прикази на есенското шаренило кое можеш да го видиш во светот.

Италија

Италија

Има нешто посебно за Италија на есен. Како што температурата паѓа, бројот на туристи се намалува, а селата оживуваат со боја. Есента во Италија е исто така исклучително добар период за сите гурмани, бидејќи тогаш се подготвуваат највкусните локални производи и во целата земја се прославува месецот на бербата.

Езерото Комо изгледа прекрасно во секое време од годината, но есента е совршено време за посета. Поблаги температури, пониска влажност и поопуштена атмосфера. Боите ја потенцираат убавината на езерото, локалното население исто така е порелаксирано и има толку многу места за прошетка и за возење велосипед.

Јужна Франција

Сите знаеме дека Франција е уникатна и со оваа дестинација нема грешка, но јужна Франција има посебен шмек во есенските денови, бидејќи е сончева до доцна во есенската сезона. Има многу добри причини да се упатиш кон јужните области на Франција во есен, а убавото време е само едно, посебно во Арјеж, едно од најмагичните места во Франција. Дегустирањето на диви круши, јаболка, ореви, костени, лешници и печурки е идеалниот начин да уживаш во благите временски услови и сончеви денови. Исто така, има многубројни фестивали за прослава на локалните производи, вклучувајќиги и фестивалите на смокви и лешници, како и дводневниот фестивал во средновековниот град Мирепоекс. Ариеж е блиску до Тулуз и Каркасон, кои се исто така многу посакувани дестинации за посета.

Сакаш да го искористиш одморот за посета некои нови европски дестинации? Дозволи си го тоа прекрасно искуство и уживај во есента со Credissimo до плата до 20.000 денари со 0% камата и без дополнителни административни трошоци или Credissimo плус до 80.000 денари.



Врати се назад

Прочитај повеќе