Традицијата на празнување на Св.Трифун и Денот на вљубените

Традицијата на празнување на Св.Трифун и Денот на вљубените

Денес ги одбележуваме празниците Свети Трифун и Св. Валентин. Црквите низ целата земја одржуваат литургии, организирани се многубројни вински манифестации и концерти, а низ улиците и кафулињата, вљубените двојки ја прославуваат својата љубов подарувајќи си црвени рози.

Но, како всушност започнала традицијата на прославување на овие празници?

Св. Валентин

Денот на вљубените, всушност, започнал како верска прослава. Празникот го чествува светецот Валентин, кој му се спротивставил на царот кој го забранил бракот со цел да ги натера своите војници да се посветат на војувањето. Свети Валентин продолжил во тајност да венчава двојки, бидејќи бракот бил важен ритуал за христијаните. Сепак, Св. Валентин бил откриен и затворен, но додека бил во затворот, развил чувства кон слепата ќерка на чуварот на ќелијата. Неговата љубов кон неа била толку голема што успеал да ѝ го излекува видот. Сепак, царот дознал и за ова, па го осудил на смрт. Тогаш, Св. Валентин ѝ испратил последно писмо на својата сакана кое го потпишал: „Од твојот Валентин“. Оттаму потекнува традицијата на праќање љубовни писма кои се потпишани со истите овие зборови.

Св. Трифун

Во православните земји, денот на Свети Трифун се слави особено во винарските градови, каде што се прославува традицијата на закројување на лозјето. Св. Трифун бил сиромашен човек кој имал исцелителни моќи забележани уште од најрана возраст. Во тоа време, со Римското Царство управувал императорот Гордијан, чија ќерка го изгубила умот. Ниту еден доктор не можел да ѝ помогне. Кога во империјата се расчуло дека Св. Трифун има големи сили, царот го повикал и тој успеал да ја излечи. Царот му подарил големи богатства, но Трифун сè им разделил на сиромашните. Оттогаш, овој светец се смета за заштитник на лозјето од неволји и невреме, кој ќе донесе плоден род и благо вино во сезоната. Се верува дека од овој ден, снегот почнува да се топи, пролетта полека започнува и на овој начин се буди природата и љубовта меѓу луѓето, што го поврзува овој празник со Свети Валентин.

Несомнено е да се каже дека љубовта и виното имаат многу заедничко, па зошто да не го искористиме двојниот празник и да ги прославиме и двете. Изненади ја твојата сакана личност и приреди ѝ изненадување какво што заслужува. Без разлика дали ќе подариш нешто убаво, ќе приредиш романтична вечера, ќе организираш патување во друга држава или ќе ја заокружиш љубовта со запросување, Credissimo е тука за да те поддржи во твоите намери. Избери меѓу „Credissimo до плата“ до 20.000 денари со 0% камата и без дополнителни административни трошоци и „Credissimo плус“ до 80.000 денари и уживај во љубовта и во виното.

На здравје!



Врати се назад

Прочитај повеќе